Здравје и убавина
На утро пиете топла вода со мед, за зголемен имунитет, дејствува и против кашлица и настинка
Вкусниот пијалок е идеална замена за утринското кафе, го буди организмот и се неопходни само 7 минути за да се апсорбира целосно.
Можете да додадете и две лажици свежо исцеден сок од лимон и малку канела. Ваквиот пијалок ќе ви ја обезбеди потребната енергија за добар почеток на денот, многу повеќе од кафето, а еве и зошто:
Пијалокот делува антимикробно,
Лекува кашлица и настинка,
Го зајакнува имунитетот,
Го прочистува телото од токсини,
Го активира метаболизмот,
Помага при хроничен запек,
Ги нормализира киселините во стомакот,
Ги смирува нервите,
Го отстранува лошиот мирис од устата,
Ја подмладува и тонизира кожата.
Здравје и убавина
На колку време треба да се менува четката за заби?
„Дали е вистина дека четката за заби треба да се менува секој месец?“, гласи прашањето на заинтересираните лица. Денталната хигиена, освен правилното миење на забите и користењето на соодветна паста, вклучува и соодветна четка за заби која треба да ја менувате секој месец. Апсолутно да!
Можеби ви изгледа нереално и претерано, но на четкичката за заби можат да се насоберат околу 10 милиони бактерии вклучувајќи и ешерихија коли и стафилокока. Нормално, освен тоа што е потребно да ја менувате често, важно е и каде ја чувате.
И покрај редовната промена која ќе ја вршите, ви препорачуваме и внимателност при изборот на соодветна паста за заби која содржи триклосан/кополимер, бидејќи пдобро ги убиваат бактериите. Исчистете ја повремено четката со антибактериска течност за плакнење на устата, а некои советуваат и да ја измиете во машина за садови, со цел да ја стерилизирате.
Никогаш не ја чувајте во пластично заштитно капаче, бидејќи така по користењето се задржува влажноста подолг период и развојот на бактерии е поголем.
Извор: denar.mk
Здравје и убавина
Како да направите диетален домашен сок од ананас
Благодарение на состојката бромелин, ананасот помага при варењето на протеините и буквално ги топи мастите во телото.
Ананасот се препорачува при слабеењето, но и за елиминација на целулитот, спречува создавање на брчки а помага и при алергии.
Здравиот домашен напиток од ананас многу лесно се подготвува…
Состојки:
– 1 ананас
– 1 лажица ленено масло
– 2 дл. Ладна вода
– малку сок од лимот или лимета
Подготовка:
Свежиот ананас разладете го во ладилник. Исчистете го и исецкајте го на коцки. Ставете го во блендер и додадете го лененото масло и лимонот, додадете и една шака коцки мраз или ладна вода.
Се добро измешајте. Готовиот напиток ставете го во фрижидер, а по желба разредете го со вода или леден домашен чај.
Извор: денар
Здравје и убавина
Овој е можеби единствениот напиток за отстранување на непријатната миризба од устата
Ако одржувате орална хигиена, но сепак имате лош здив, обидете се да го отстраните со помош на овој напиток. Станува збор за вода со додаток на овошје богато со витамин Ц, кое ја зголемува киселоста во устата и така ја намалува можноста за развој на бактерии.
Состојки:
– 2 литри обична природна вода
– 1-2 големи портокали
– 3 киви
– 5 јагоди
– сок од половина лимон или лимета
Начин на подготовка:
Измијте го овошјето, отстранете ја кората и сечете го овошјето на парчиња по желба. Додадете го овошјето во водата, сокот од лимон и оставете го напитокот најмалку еден час во фрижидер. Послужете со коцки мраз и лисја од нане, кои исто така се одлични отстранувачи на лош здив.
Извор: денар
-
Кичево21 час
(ФОТО) Женско е првото родено бебче во кичевската Болница, четврто за големата радост на родителите
-
Хороскоп18 часа
Хороскоп за четврток (2 јануари)
-
Скопје2 дена
Машка година, првото бебе родено 1 минута после полноќ е машко, тежи 3190 грама – Живо и здраво да биде!
-
Кичево2 дена
(ВИДЕО) Со огномети во разни бои Кичево вечерва ја дочека Новата 2025 година, бидете најсреќни!
-
Хороскоп2 дена
Новогодишен Хороскоп (1 јануари)
-
Временска прогноза2 дена
На самиот старт од новата 2025-та година, доаѓа поларен бран кој ќе донесе минусни температури и врнежи
-
Македонија1 ден
Срби гости во Охрид ноќеска се истепале меѓусебе
-
Lifestyle2 дена
Најубавите пораки за Нова 2025 година, честитајте, посакајте си здравје, љубов, среќа, мир и благосостојба!