Македонија
Најново: Студен бран до крајот на денот и вечерните часови можни врнежи од дожд и снег, утре вакво време ќе имаме..
Територијата на нашата држава е се повеќе под влијание на студениот бран кој се спушта од Арктикот.
До крајот на денешниот ден и во вечерните часови, особено во западните предели ќе има повремени слаби врнежи кој на ниските места ќе бидат од дожд и снег, додека на повисоките места и на планините истите ќе бидат само од снег. Ќе продолжи да дува умерен до засилен ветер од северен правец, кој наизразен ќе биде Долж Повардарието.
До утре наутро, температурите ќе се спуштаат во интервалот од -7 до 0 степен, исто така студени утра ќе имаме и понатаму со минимални температури кој речиси насекаде ќе се спуштаат под лулата, додека во Беровскиот регион истите има услови да се спуштат дури до околу -10 степени.
Од утре времето ќе биде претежно стабилно и суво, што значи продолжува сушниот период во Македонија, времето ќе биде сончево, повремено со мала до умерена, повремено и позначителна облачност. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 15 степени, што значи дека ќе бележат тенденција на незначителен пораст.
Во следниот период, исто така по котлините и речните долини ќе започнат да растат условите за појава на магла и на ниска облачност.
Од информации на терен слаб снег денес провејувало во Скопска Црна Гора и делови на Маврово.
Подготви: Славчо Попоски
Македонија
Од ноќеска бензинот со нова покачена цена, дизелот се намалува
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.04.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 87,50 ден/лит.
Малопродажната цена бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.04.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 90,00 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1), се намалуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.04.2024 година и со тоа малопродажните цени и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесуваат 76,00 ден/лит.
Македонија
Од предмалку сообраќајот е во прекин кај „Новоселски мост“ превој „Стража“ поради случена сообраќајка
Од 11:00 ч. сообраќајот е во прекин на маг. пат Гостивар-Стража кај „Новоселски мост“ поради случена сообраќајна незгода, известуваат од АМСМ, додека детали за случената сообраќајка до сега немаме.
Македонија
Ќерка повредила мајка: Старица од село во Македонски Брод била повредена од остар предмет
На 01.04.2024 во 19:40 часот во Пoлициската станица Македонски Брод, од Здравствен дом Македонски Брод било пријавено дека кај нив со повреди од остар предмет била донесена 76 – годишна жена од село од Македонски Брод.
Според пријавеното, таа била повредена од нејзината ќерка.
Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот, известува МВР.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за четврток (25 април)
-
Кичево1 ден
Во сабота по повод празникот на „Лазаревото Воскресение“ (Лазарева Сабота) во Кичево ќе се одржи свечена поворка со традиционални каланди
-
Хороскоп20 часа
Хороскоп за петок (26 април)
-
Автомобили1 ден
Електрични возила и губење на вредноста
-
Магазин1 ден
Qualcomm го предизвикува Intel: претстави нови Snapdragon чипови за пазарот на компјутери
-
Автомобили1 ден
Кои автомобили се најевтини за одржување во САД?