Македонија
Ексклузивно: Ова се сите неработни денови за 2020-та година
Програма на неработни денови за 2020 година
Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2020 година неработни денови се:
• 01 јануари (среда), Нова Година, • 07 јануари (вторник), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар, • 20 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар, • 01 мај (петок), Ден на трудот, • 24 мај (недела) „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители, односно 25 мај (понеделник) е неработен ден. • 24 мај (мај), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам, односно 25 мај (понеделник) е неработен ден. • 02 август (недела), Ден на Републиката, односно 03 август (понеделник) е неработен ден. • 8 септември (вторник), Ден на независноста, • 11 октомври (недела), Ден на народното востание, односно 12 октомври (понеделник) е неработен ден. • 23 октомври (петок), Ден на Македонската Револуционерна Борба, • 8 декември (вторник), “Св. Климент Охридски”,
За граѓаните од православна вероисповед • 06 јануари (понеделник), Бадник, ден пред Божик, • 19 јануари (недела), Богојавление (Водици), • 17 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден, • 05 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден, • 28 август (петок), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица). За граѓаните од католичка вероисповед • 13 Април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден, • 01 ноември (недела), Празникот на сите светци, • 25 декември (петок), првиот ден на Божик.
За граѓаните од муслиманска вероисповед • 31 Јули (петок), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам,
За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ • 22 ноември (недела), Ден на Албанската азбука,
За граѓаните припадници на српската заедница во РМ • 27 јануари (понеделник), Свети Сава,
За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ • 08 април (среда), Меѓународен ден на Ромите,
За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ • 23 мај (сабота), Национален ден на Власите
За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ • 28 септември (понеделник), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур,
За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ • 28 септември (понеделник), Меѓународен ден на Бошњаците,
За граѓаните припадници на турската заедница во РМ • 21 декември (понеделник), Ден на настава на турски јазик.[sg_popup id=”25235″ event=”onLoad”][/sg_popup]
Македонија
Од ноќеска поскапува дизелот и бензинот
Малопродажната цена бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 08.01.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 79,50 ден/лит.
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 08.01.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 81,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 73,50 ден/лит, додека малопродажната
цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 73,00 ден/лит.
Македонија
Македонски Брод – Прилеп преку превој „Барбарос“ е укината забраната за тешки товарни возила, додека на овие делници сеуште се активни забраните за ТТВ
АМСМ предмалку извести дека на овие патни правци се укинати забраните за тешки товарни возила и тоа:
Деве Баир – Крива Паланка пуштен за ТМВ
Делчево – г.п. Делчево
Македонски Брод – Прилеп преку планинскиот превој Барбарос
АКТИВНИ ЗАБРАНИ ЗА ТТВ:
Гостивар – Маврово-Дебар
Гостивар – Стража-Кичево
Пресека
Плетвар
Ѓавато
Струга – г.п. Ќафасан
Тетово – Попова Шапка (за останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема)
ЦЕЛОСНА ЗАБРАНА:
Од 15.50ч целосно во прекин е сообраќајот на патниот правец А1 Д. Капија- Смоквица и сообраќајот ќе се пренасочува по алтернативниот патен правец Р 1102.
СОСТОЈБА: Сообраќајот на сите државни патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег по интервенција од страна на екипите на ЈП Македонијапат. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Снежниот бран ги „замрзна“ температурите под нулата на секаде, од градовите најмногу снег имаме во Штип, додека на Шапка речиси еден метар!
Снежниот бран во Македонија ќе продолжи и во текот на претстојната ноќ, како и утре (понеделник), и да напоменеме тоа ќе биде некаде во поголема форма, некаде не. До 16 часот од градовите највисока снежна покривка има во Штип, и тоа 30 сантиметри, додека од Скијачките центри скоро 70 сантиметри снег има на Попова Шапка.
Температурите денес речиси насекаде се задржаа под нулата, а на планинските и Скијачките центри максималните температури се движа дури до близу -10 степени. На табелата можете да ги погледнете денешните температури измерени по градови и места во Македонија до 16 часот попладнево, и тоа на мерните станици на УХМР.
Исто така на табелата може да видите и колкава е снежната покривка до 16 часот во градовите низ Македонија, за порта.мк информира Славчо Попоски
-
Хороскоп2 дена
Празничен Хороскоп за вторник (14 јануари)
-
Кичево1 ден
(ФОТО) Пациенти се жалат дека кругот на кичевската Болница е под снег и мраз, тешко се стигнува до медицинските врати, надлежните последно исчистиле пред два дена!
-
Кичево2 дена
(ГАЛЕРИЈА) Ова се традиционалните кичевски огнови кои ни ги испративте да ги додадеме во големиот „Василичарски“ албум, за многу години!
-
Кичево2 дена
„Порта.мк“ албум од традиционални „Василичарски огнови“ 2025 од Кичево и кичевско, испратете фотографија од вашиот василичарски огон, вечна традиција, за многу години!
-
Хороскоп17 часа
Хороскоп за среда (15 јануари)
-
Временска прогноза16 часа
Доаѓаат минусни температури и преку ден, ќе имаме силен мраз и замрзнати површини
-
Магазин22 часа
(ВИДЕО) Среќна ви Нова Година со чиста душа, спокојна, и со радост и со славје и догодина со здравје, каланда на дечињата од кичевскиот хор „Митрополит Козма Пречистански“
-
Култура2 дена
Православните Христијани ја дочекуваат Стара Нова година – „Василица“, вечерва се палат традиционални огнови, а утре се крши пита со паричка, на оној кој ќе му се падне паричка ќе биде среќен во текот на целата година.