Македонија
Нови 26 заразени во Македонија со Коронавирус
Пациент на возраст од 79 години од Дебар, почина на Инфективната клиника утрово. Пред една недела добил резултати дека е позитивен на коронавирусот, а два дена потоа на 25-ти март по влошување на состојбата е хоспитализиран. Бројот на смртни случаи кои претходно заболеле од Ковид-19 се искачи на 7 лица. Паралелно, расте и бројот на новозаразени, денеска се регистриарни нови 26 случаи, соопшти министерството за здравство.
Меѓу заболените има и петмина полицајци Двајца од нив се вработени во станицата во Петровец.
„МВР Во текот на вчерашниот ден кај дел од униформираните полициски службеници вработени во Мобилната единица за безбедност на патниот сообраќај направени се тестирања,по што кај двајца од полициските службеници е утврдено дека се позитивни на тестот за вирусот Ковид 19. Преземени се и соодветни мерки за полициските службеници кои биле во контакт со нив, односни, тие се во самоизолација. Извршена е и дезинфекција на работните простории.“
Полициските синдикати уште пред десетина дена алармираа да се набави заштитна опрема и средства за сите службеници кои се постојано на терен и во контакт со голем број на луѓе со што се изложуваат на директна опасност од ширење на вирусот.
Вкупниот број на заболени до денеска е 285 луѓе. Дванаесетмина се излекувани, а инфективната клиника во Скопје ја напуштиле деветмина пациенти, кои по два контролни теста биле негативни на коронавирусот. Осуммина од нив се од Дебар, а еден од Скопје.
Извор: 24вести
Македонија
Од ноќеска бензинот со нова покачена цена, дизелот се намалува
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.04.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 87,50 ден/лит.
Малопродажната цена бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.04.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 90,00 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1), се намалуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.04.2024 година и со тоа малопродажните цени и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесуваат 76,00 ден/лит.
Македонија
Од предмалку сообраќајот е во прекин кај „Новоселски мост“ превој „Стража“ поради случена сообраќајка
Од 11:00 ч. сообраќајот е во прекин на маг. пат Гостивар-Стража кај „Новоселски мост“ поради случена сообраќајна незгода, известуваат од АМСМ, додека детали за случената сообраќајка до сега немаме.
Македонија
Ќерка повредила мајка: Старица од село во Македонски Брод била повредена од остар предмет
На 01.04.2024 во 19:40 часот во Пoлициската станица Македонски Брод, од Здравствен дом Македонски Брод било пријавено дека кај нив со повреди од остар предмет била донесена 76 – годишна жена од село од Македонски Брод.
Според пријавеното, таа била повредена од нејзината ќерка.
Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот, известува МВР.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за четврток (25 април)
-
Кичево16 часа
Во сабота по повод празникот на „Лазаревото Воскресение“ (Лазарева Сабота) во Кичево ќе се одржи свечена поворка со традиционални каланди
-
Кичево2 дена
Жена жител на Куманово доживеала сообраќајна несреќа на патот Охрид-Кичево, се здобила со тешки телесни повреди откако возилото удрило во бетонска преграда
-
Временска прогноза1 ден
Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
-
Хороскоп5 часа
Хороскоп за петок (26 април)
-
Спорт2 дена
Ѓоковиќ: Српскиот „ас“ силно го посакува 25-иот „Грен слем“ и мисли само на победа, ништо друго.
-
Свет2 дена
Кина докажа зошто Конгресот сака да го забрани „TikTok“
-
Магазин13 часа
Qualcomm го предизвикува Intel: претстави нови Snapdragon чипови за пазарот на компјутери