Следете не

Автомобили

Од BMW пристигнува одличен дизел (ФОТО)

Avatar

Објавено пред

на

Германската компанија за тјунирање го надогради BMW M340d.

По бензинската верзија на B3, Alpina воведе и дизел варијанта на новата BMW 3 серија.

Alpina D3 S е базиран на BMW M340d, кој има 3,0-литарски мотор и менувач со шест брзини.

Подобрени се фабричките спецификации на погонската единица, така што Alpina D3 S има 355 КС, што е за 15 коњски сили повеќе од обичниот M340d. Максималната моќност на засилениот мотор е достапна во опсег од 4.000-4.200 вртежи во минута.

Интересно е што за прв пат, BMW Alpina нуди таканаречен „благ хибриден погон“, кој носи дополнителни 11 електрични „коњи“ (8 kW) по потреба.

Во однос на перформансите, седанската верзија на Alpina D3 S Sedan 0-100 km / h пристигнува за 4,6 s, додека Alpina D3 S Touring за 4,8 s. Максималната брзина на првиот модел е 273 км на час, а втората 270 км на час.

Ако овие бројки се споредат со стандардниот BMW M340d, може да се види дека Alpina не достигнува стотина побрзо, но максималната брзина е зголемена за 23 км на час во случајот со седанот, или 20 км на час во верзијата со вагон за станици.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Автомобили

Audi RS Q8 пристигнува со 900 КС

Avatar

Објавено пред

на

Најбрзиот и најмоќниот SUV на Audi досега стана уште подобар.

 

Германската компанија за подесување Manhart Performance објави нов проект, Audi RS Q8, кој по нивната работа ќе стане многу лут автомобил.

Audi ќе има дури 900 КС, 4,0-литарски твин-турбо V8 мотор со 1080 Nm вртежен момент.

Манхарт сè уште не објави податоци за забрзување до 100 км на час и максимална брзина, а фабричката верзија на овој модел на „Ауди“ достигнува „стотина“ за 3,8 секунди и може да достигне 280 км на час.

Манхарт работеше и на осумстепен автоматски менувач, кој ја пренесува моќта на сите четири тркала.

Manhart RS 900 ќе биде изработен во ограничена серија од само 10 примероци, по цена од 280.000 евра по копија.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Автомобили

(ВИДЕО) Како изгледа возење со 324км/ч!?

Avatar

Објавено пред

на

AUDI R8 има огромни способности, а кога ќе се најде на автопат без брзински ограничувања, само небото е граница.

Да биде работата поекстремна, станува збор за тјуниран примерок чија сила е зголемена за околу 200КС, односно со конечни 802КС. Потсетуваме R8 V10 Plus располага со 610КС и 560Нм, што му овозможува да развие 100км/ч за нешто над 3 секунди, но и да развие брзина над 300км/ч.

А, како тоа изгледа, погледнете во видеото. Знаете дека на повеќето германски автопати нема брзинско ограничување, па ова возило успеа да развие неверојатни 324км/ч. Импресивно, но и мошне ризично!

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Автомобили

(ГАЛЕРИЈА) Македонци доминираа на „Night Car Meet 2k19“ во Врање, нашите „Car Club-Kicevo“ и останатите авто-клубови од Скопје и Охрид ги собраа пехарите!

Avatar

Објавено пред

на

И оваа година после како што најавија бурните периоди од убави случувања популарните „Major Team“ од Врање ни приредија одличен собир на платото пред спортската сала и го реализираа второто Night Car Meet 2k19.

Покрај прекрасната храна, ладните пијалоци, одличниот прием, настанот беше посетен од многу љубители на модифицираните возила, олд тајмерите, дрифт-возилата и останатите под-категории кои беа вклучени, имаше и интересни игри за посетителите кои на настанот му дадоа посебен шмек.

Нашиот кичевски „Car Club-Kicevo“ зеде учество на овој гламурозен собир со свои 3 возила и со особена чест ние да Ве известиме дека се вративме со 2 пехари за звук, едниот е за второ место на нашиот член Александар Мендизоски, кој со своите три 12-ки во своето Audi успеа да достигне дури 135,3 dB и да биде доволно за втората позиција во својата категорија, додека Бајрам Алиески (Бани) со своето Peugeot 307 се натпреваруваше во „extreme“ класата на озвучување и го освои исто така второто место со неверојатни 138,8 dB достигнување на својот bass-set.

Бајрам Алиески (лево), Александар Мендизоски (десно)

За нас е ова голем успех од 3 автомобили освоивме 2 пехари, бидејќи надвор од нашите граници патуваме за прв пат како релативно нов клуб и се надевам дека така и ќе продолжиме во рамките на можноста ќе бидеме и побројни за поголеми успеси, голем поздрав до организаторите како и до хотел „Ponte Bianco“ каде бевме одлично пречекани – за нашиот портал изјави Иван Стојкоски од „Car Club-Kicevo

Тука беа и нашите пријатели од Охрид кои допатуваа во поголем број од „USCCO“ каде имаа свои членови кои освоија 2 пехари – Александар Стефаноски освои второ место за озвучување во категорија „Ц“, како и Тоше Грнчески – трето место во категорија „Euro Styling“ со својот Audi A6.

Исто така и пријателите од Скопје, „Extreme Power of City-Skopje“ – Филип Јанковски со својата „Corsa OPC“ освои 1. место за најниско возило со неверојатни 3,6cm, 2.место за styling (Euro Class) како и 3. место за озвучување во „Extreme“ класата. Ико Љубовчевиќ MAZDA x333 1. место во PRO Street, Виктор Стаиќ 1. место street C, Ивица Гриц 2.место street B и PRO street исто така како и награда за Роберт со својата Алфа.

Додека Мартин Митевски од Скопје со својата Mazda 323f доби заслужена награда за најдобар багажен простор (гепек)

Ги поздравуваме и дечките кои ги престигнавме на пат за Врање од Скопје и честитки бидејќи земаа 1.место со својата Mazda Miata (црвена)  за најниско возило од кров со остварен рекорд од 106,5 cm.

Битолчани со полни раце работа на собирот, нивното присуство исто така го красеше настанот, но поради ангажираноста на претседателот во судскиот тим – не се натпреваруваа.

Во оваа прилика да ги поздравиме DJ Deda, како и дрифтерите со своите BMW машини кои никого не оставија рамнодушен, Марко Микиќ и Никола..

Секоја чест за организацијата и прекрасниот прием, ви пренесуваме фотографии кои сметаме дека се вистинскиот опис и дел од амбиентот преку нашиот објектив, уживајте..

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

МакедонијаПред 3 часа

Бројките со новозаразени одат нагоре, денес 120 нови случаи во Македонија

Во последните 24 часа се регистрирани се 120 нови случаи на Ковид-19 на спроведени 953 тестирања. Најголем број случаи има...

КичевоПред 3 часа

Рушиме рекорди, вчера нов случај во Кичево од куче скитник, настрада човек на 54 години

На 04.06.2020 година, К.Г.(54) од Кичево, во полициската станица пријави дека на 03.06.2020 година во 21.15 часот, бил нападнат од...

Здравје и убавинаПред 12 часа

Едноставен лек против воспаление на грло, ангина..

Се уште трае сезоната на настинки и грип, па еве еден многу едноставен рецепт… Потребни состојки: *1 цвекло *оцет Подготовка:...

Здравје и убавинаПред 12 часа

Ќе ви се најде: Домашен лек против главоболка кој го имаме сите при рака

Вообичаено кога имаме главоболка веднаш посегнуваме по некое апче. Можеби во моментот го решаваме проблемот, но ако тоа се случува...

Временска прогнозаПред 14 часа

Сончево и топло со засилен ветер, додека викендот што следи ќе имаме вакво време

Времето во Македонија ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а повремено...

ХороскопПред 17 часа

Хороскоп за денес (04.06) четврток

ОВЕН Може да се надевате на многу позитивни околности кои ќе ви донесат деловен успех. Преку интересната комуникација со личноста...

МакедонијаПред 20 часа

Конечна одлука, полицискиот час се враќа од утре!

На денешната седница на Влада, согласно препораките на Комисијата за заразни болести, донесени се следниве одлуки со цел брза и...

МакедонијаПред 22 часа

Комисијата предлага полицискиот час да се врати на цела територија од 16:00 часот, додека во некои општини целосен карантин

Комисијата за заразни болести до Владата ќе достави предлог за повторно враќање на полицискиот час за време на претстојниот продолжен...

КичевоПред 23 часа

Кичево вчера: ТППЕ изгаси стан во пламен, додека жител на с.Зајас каснат од куче скитник на ул. 4-ти Јули

На 02.06 2020 година, околу 13 часот, во стан на улицата „Борис Кидриќ“ во Кичево, случен е пожар, кој, со...

МакедонијаПред 1 ден

Денес троцифрен број на заразени од Ковид-19, дури 101, додека оздравени се 10, а починати четири лица

Во последните 24 часа се направени 974 тестирања, а регистрирани се 101 нов случај со Ковид-19 и тоа во: Скопје-59,...

НАЈЧИТАНИ