Следете не

Македонија

Од ноќеска поскапуваат горивата

Објавено пред

на

Цените на горивата Еуросупер БС-95, Еуросупер БС-98 и Еуродизел од ноќеска на полноќ ќе се зголемат за еден денар во однос на претходната недела, што значи поскапување во просек од 1,96 проценти, одлучи денеска Регулаторна комисија за енергетика.

Со тоа, од вечерва на полноќ Еуросупер БС-95 ќе се точи по 60,50 денари по литар гориво, Еуросупер БС-98 ќе се продава за 62,50 денари, додека пак Еуродизел ќе се продава за 52 денари по литар.

Масло за горење – Екстра лесно 1 ќе чини 41,00 денар, а Мазут М-1 – 25.396 денари.

Македонија

Цената на бензин горивата од ноќеска солидно се намалува

Објавено пред

на

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, се намалува за 2,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 06.03.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 75,00 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалува за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 06.03.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 77,50 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат, односно остануваат на исто ниво, како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 06.03.2025 година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 72,00 ден/лит, малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 71,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 43,501 ден/кг.

Прочитај повеќе...

Македонија

Засилени сообраќајни контроли на МВР, вкупно 682 санкции за возачи, 68 од нив биле за возење без возачка дозвола

Објавено пред

на

Со бројката од вкупно 682 издадени платни налози за сторени прекршоци по основ на одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила беа заокружени вчерашните (05.03.) интензивни и плански активности на полициските службеници при МВР во делот на сообраќајните контроли на патиштата низ земјава.

Притоа, во рамки на посочената бројка, а по основ на преовладувачките прекршоци што ги прават учесниците во сообраќајот – неправилно паркирање и возење со брзина поголема од дозволената, беа евидентирани 204, односно 136 прекршоци. Покрај ова, без возачка дозвола регистирани беа 68 возачи, потоа 63 учесници во сообраќајот беа санкционирани за некористење сигурносен појас, а 27 – за користење на мобилен телефон при возење.

Исто така, според статистичките податоци, во пет случаи возачи минале на црвено светло, во четири случаи кај возачи било утврдено возење под дејство на алкохол, 11 возачи на моторцикли се санкционирани заради неносење заштитен шлем, а санкционирани биле и 22 пешаци.

По основ пак на Законот за возила 17 возила се отстранети од сообраќај затоа што биле нерегистрирани, а девет заради техничка неисправност, информира МВР.

Прочитај повеќе...

Македонија

МВР: Граѓаните да не наседнуваат на измами

Објавено пред

на

Во изминатиот период во Министерството за внатрешни работи од страна на граѓаните пријавени се повеќе кривични дела „измама“, кои се извршени врз повозрасни лица. Сторителите ги доведуваат во заблуда лицата на тој начин што им се јавуваат телефонски и им се претставуваат како службени лица, најчесто полициски службеници, и од нив бараат финансиски средства за ослободување од кривичен прогон на нивни деца или внуци кои, наводно, непосредно пред јавувањето направиле сообраќајна несреќа со смртни последици. Измамниците ги контактираат жртвите најчесто на фиксен телефон, но има случаи каде што се контактирани и преку мобилен телефон со скриен број, а за да бидат поуверливи во позадина се слуша глас кој бара помош.

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека се преземаат мерки и активности за расчистување на досега пријавените кривични дела и воедно апелираме до граѓани да не наседнуваат на ваквиот вид на измами, а доколку бидат контактирани, веднаш да пријават во полиција.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Македонија9 часа

Цената на бензин горивата од ноќеска солидно се намалува

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, се намалува за 2,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за...

Спорт10 часа

Првиот човек на ФФМ, Масар Омерагиќ ги претстави новите партнери – Гранд Ауто

Гранд Ауто, официјалниот застапник на Ford, Hyundai, MG Motor и Chery за Македонија постигнаа договор со Фудбалската Федерација на Македонија...

Магазин10 часа

Победници на MWC 2025: Кој телефон ја освои титулата најдобар на најголемиот технолошки настан?

На овогодинешниот Mobile World Congress (MWC 2025) во Барселона, беа објавени победниците на престижните Global Mobile (GLOMO) награди. Овие награди...

Магазин10 часа

Nothing Phone (3a) и (3a) Pro: Нови телефони со иновативен дизајн и одлични карактеристики

Nothing официјално ги претстави новите телефони Nothing Phone (3a) и Phone (3a) Pro на саемот MWC 2025. Двата модели се...

Магазин10 часа

YouTube сака да користи машинско учење за откривање на лажна возраст

YouTube оваа година слави 20 години постоење и ги открива своите планови за 2025 година. Иако платформата постои две децении,...

Хороскоп23 часа

Хороскоп за петок (7 март)

Овен Можно е да не доаѓаат финансии онака како што ги очекувате. Тоа ви го менува концептот за работата. Саканата...

Кичево1 ден

ЕВН КЕЦ Кичево ќе работи на терен, времен прекин на електродистрибуција ќе има с.Кнежино и неколку кичевски улици, ова се информациите

Како што информираат од ЕВН, поради зафати на електродистрибутивната мрежа утре на ден 07.03 – петок, „ЕВН КЕЦ Кичево“ ќе работи...

Спорт1 ден

Младата женска фудбалска репрезентација до 17 години со „петарда“ против своите врснички од Молдавија, 5:0 за нашите девојки кои ветуваат одлична игра!

Млада женска репрезентација на Македонија до 17 години славеше убедлива победа со 5:0 против соодветната селекција на Молдавија во рамките...

Lifestyle1 ден

Седумте најлоши намирници што можете да ги консумирате пред тренинг

Сите знаеме дека покрај редовното вежбање, важно е и да се храниме здраво. Но, некои здрави намирници што ги консумирате...

Lifestyle1 ден

Како да се ослободите од отечени очни капаци – брзо и долгорочно

Зошто се појавуваат подуени очи?Отечените очни капаци обично се резултат на задржување течности, што може да биде предизвикано од различни...

НАЈЧИТАНИ