Временска прогноза
Од ноќеска студен бран и засилен ветер, ова се последните информации..
Под влијание на СТУДЕНА воздушна маса од север, следува ЗАСИЛЕН ветер од северен правец, кој ќе биде најизразен оваа ноќ и во текот на утрешниот ден, особено Долж Повардарието каде повремено ќе достигнува брзина од над 60 км/час.
Облачноста и тоа особено утре попладне ќе се намалува, со што следува ГОЛЕМО РАЗВЕДРУВАЊЕ на времето, па затоа и температурите на повеќе места во понеделник наутро ќе се спуштат под нулата, односно истите ќе се спуштаат во интервалот од -6 до 1 степен. Ќе има појава на слаб до умерен мраз.
Посвеж ден очекуваме утре кога максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 15 степени во најтоплите југоисточни предели. Потоа температурите ќе бележат тенденција на пораст и ќе бидат релативно ПРОЛЕТНИ.
Нов влажен воздушен бран од запад, пад на температурите и врнежи од дожд и снег на планините ќе има веќе во среда.
Во Скопје исто така во текот на претстојната ноќ, како и утре ќе дува ЗАСИЛЕН северен ветер. Поради разведрувањето во понеделник наутро ќе има појава на слаб до умерен мраз, кога минималната температура ќе се спушти до околу -4 степени.
Максималните температури во текот на следните денови ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 13 и 16 степени. Пониска максимална температура се очекува утре, и тоа до околу 10 степени.
Автор: Славчо Попоски
Временска прогноза
Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а високо на планините со повремен снег. Локално врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Кон крајот на денот врнежите ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, известува Управата за хидрометеоролошки работи
Временска прогноза
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне во источните делови од Македонија ќе има повремен дожд и услови за грмежи
Времето денес во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во источните делови ќе има повремен локален дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен, а во западните делови од западен правец.
Во главниот град, исто така ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Што се однесува до новонастанатата состојба со времето, што практично тлее невообичаено време за овој период од годината ќе се задржи и во понатамошниот период од месецот.
Временска прогноза
Дожд, облачно и ветровито, на некои места ќе има појава на грмежи
Денес времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и услови за појава на ретки грмежи. Врнежите наместа ќе бидат пообилни и поројни (над 20 л/м²), особено кон крајот на денот и во текот на ноќта.
Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец (над 60 км/час), кој истиот наместа ќе се засилува, истакна Управата за хидрометеоролошки работи.
-
Кичево2 дена
Во сабота по повод празникот на „Лазаревото Воскресение“ (Лазарева Сабота) во Кичево ќе се одржи свечена поворка со традиционални каланди
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за петок (26 април)
-
Хороскоп8 часа
Хороскоп за сабота (27 април)
-
Култура27 минути
Денеска е Лазарева сабота, додека утре е „Цветници“
-
Автомобили2 дена
Електрични возила и губење на вредноста
-
Магазин2 дена
Qualcomm го предизвикува Intel: претстави нови Snapdragon чипови за пазарот на компјутери
-
Социјални мрежи9 часа
Врховниот суд и даде рок на социјалната мрежа „Х“ (твитер) да се изјасни зошто не ги почитува пресудите
-
Автомобили2 дена
Кои автомобили се најевтини за одржување во САД?