Во текот на вчерашниот ден имаше 12 новозаболени од коронавирусот во Македонија. Денес таа бројка е 29.

Бројот на позитивни тестови се зголемува, а од вчера до денес истиот е пораснат за неверојатни 140%.

Сега, бројот на македонски граѓани кај кои е дијагностициран коронавирус изнесува 177. Од нив, едно лице е излекувано, а две се починати.

Расте и бројот на градови каде има позитивни случаи на коронавирус.

Од новозаболените најголем дел се од Скопје (20). Потоа следуваат Куманово (3), Велес (3), Прилеп (2) и Дебар (1).

Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:

– Скопје – 108
– Дебар (41) – 1 починат
– Куманово (11) – 1 починат
– Штип (7)
– Велес (3)
– Кавадарци (2)
– Охрид (2)
– Прилеп (2)

Оваа бројка се очекува да расте бидејќи тестирањата допрва ќе се прават. Но, како после толку мерки, државата бележи огромен раст во бројот на заразени од коронавирусот?

Јасно е дека не може да се очекува бројот на заразени веднаш да опаѓа, но поразителен е фактот што има преголем број на новозаразени.  Со секој ден, овој број расте. Од вчера до денес, повторуваме, пораснал за 140%.