Следете не

Социјални мрежи

Овој е можниот проблем за вчерашниот пад на сервисите од „Месинџер и Инстаграм“ – каде пораките воопшто не се праќаа

Објавено пред

на

Бројни корисници пријавија проблем со популарните Месинџер и Инсатаграм, каде пораките било невозможно да се пратат – тоа го потврди и интелегентниот софтвер „down detector“ кој примил многу пораки дека апликациите не работат.

На оваа платформа корисниците во коментарите напишаа дека проблемот е во работата на апликациите во различни делови на светот, па затоа се јавуваа од Тунис, Велика Британија, САД, Португалија и така натаму.

Тешкотии во работата имаше и во Македонија но и во соседството – Србија, но се чини дека сега сè е во ред и проблемите се надминати, знаејќи дека фејсбук е сопственик на двете социјални мрежи.

Некои гласини кружат дека Постојат некои индикации, како што пренесуваат странските медиуми, дека причината за привремен прекин на работата е спојување на овие две функции во една, односно дека во иднина корисниците ќе можат да читаат пораки од Instagram во Messenger и обратно, затоа што веќе некои корисници кои имале проблем со испраќање пораки се известени за ова спојување.

Сепак, Фејсбук сè уште не се огласи официјално.

Социјални мрежи

Апликацијата „ТикТок“ за социјалните медиуми се соочува со проблеми, дали и предочи потенцијална забрана во САД?

Објавено пред

на

Откако федералниот суд минатата недела го отфрли барањето на TikTok да го одложи законот што можеше да ја забрани апликацијата во Соединетите Држави, компанијата сега се обраќа до Врховниот суд во обид да добие повеќе време. Компанијата побара од судот привремено да го блокира законот, кој треба да стапи на сила на 19 јануари 2025 година, се вели во краткото соопштение.

– „Врховниот суд има воспоставена практика на заштита на правото на Американците на слободен говор“, напиша TikTok во објавата на X Network.

„Денес бараме Судот да го направи она што традиционално го прави во случаите на слобода на говорот: Да примени најстрога контрола на забраната за говор и да утврди дека тоа го прекршува Првиот амандман“.

Компанијата, која тврди дека законот е неуставен, го загуби првичното правно оспорување на законот претходно овој месец. Компанијата потоа побара одложување на спроведувањето на законот, повикувајќи се на изјавата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп дека ќе го „спаси“ TikTok. Тоа барање беше одбиено во петокот.

Во својата жалба до Врховниот суд, TikTok повторно се повикува на коментарите на Трамп.

– „Не би било во ничиј интерес, ниту на странките, ниту на јавноста, ниту на судовите, доколку забраната за TikTok што произлегува од Законот стапи на сила, а новата администрација го запре нејзиното спроведување часови, денови или дури и недели подоцна. напишаа тие. Инаугурацијата на Трамп е денот откако ќе стапи на сила забраната за апликацијата.

„TikTok“ сега се надева дека Врховниот суд ќе интервенира и ќе го суспендира законот за да и даде време на компанијата да ја поднесе својата конечна правна жалба. Во спротивно, продавниците за апликации и давателите на интернет услуги ќе бидат принудени да започнат со блокирање на „TikTok“ следниот месец, со што апликацијата ќе биде недостапна за 170 милиони корисници во САД.

Извор: b92.net

Прочитај повеќе...

Социјални мрежи

Во оваа држава властите го ограничија пристапот до една од најпопуларните мобилни апликации во светот

Објавено пред

на

Руските власти го ограничија пристапот на граѓаните до Вибер. Како причина за тоа го наведоа „спречувањето на дистрибуција на забранети содржини и можноста за злоупотреба за терористички цели“. Според Роскомнадзор, употребата на Вибер во Русија е ограничена „поради прекршување на барањата на руското законодавство за организаторите на ширење информации“.

Руската федерална извршна агенција одговорна за следење, контрола и цензурирање на медиумите појасни дека станува збор за спречување закани со користење на апликацијата за терористички и екстремистички цели, регрутирање граѓани, продажба на дрога, како и во врска со објавување нелегални информации, објави РИА Новости.

Антон Немкин, член на Комитетот за информатичка политика на Државната дума, рече дека висината на казните за гласникот Вибер во Русија во изминатите две години надминала 1,8 милиони рубљи (околу 16.500 евра) и дека овие казни сè уште не се платен.

Според аналитичката агенција Телеком Дејли, бројот на дневни корисници на Вибер во Русија е околу 1,7 милиони луѓе.

За споредба, WhatsApp има 8,1 милиони, а Telegram – 6,4 милиони.

Извор: vesti-online.com

Прочитај повеќе...

Социјални мрежи

Фејсбук и Инстаграм паднаа, „Мета“ се огласи дека имаат технички проблеми, набрзо истите ќе бидат решени

Објавено пред

на

Многу корисници на Редит и мрежата Х известуваат дека имаат проблем со пристапот до платформите „Мета“ на Фејсбук едноставно велат „Работиме да го решиме проблемот што е можно поскоро“.

На страницата Downdetector, на пример, има повеќе од 70.000 извештаи за проблеми со Instagram, што укажува дека тоа е широко распространет проблем. Имаше и повеќе од 100.000 извештаи за истите проблеми со Facebook.

„Мета“ се огласи со кратко соопштение: „Утврдивме проблеми при пристапот до нашите апликации за голем број корисници. Се извинуваме за непријатностите и работиме на што поскоро решавање на проблемите.

„Мета“ беше последниот голем прекин што ги зафати Инстаграм и Фејсбук во октомври 2022 година, пренесува РТС.рс

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Временска прогноза4 часа

Од вечерва започнува вистинската зима, врнежи од дожд и снег ќе зачестат во зависно од регионите ширум Македонија

Почнувајќи од денес (петок) навечер, па се до 25 декември, територијата на Македонија ќе биде зафатена од длабок циклонски систем...

Lifestyle8 часа

Варениот џин – празничен пијалок што ги загрева душата и сетилата

Варениот џин е идеален зимски пијалок кој ќе внесе топлина и празнична магија во вашиот дом. Лесен за подготовка, овој...

Автомобили8 часа

Зошто не е добро да се мие автомобилот на ниски температури? Совети од Германскиот автомобилски клуб (ADAC)

Правилното одржување на автомобилот во зимските месеци е клучно за заштита на каросеријата од сол, нечистотија и ниските температури. Германскиот...

Автомобили8 часа

Volkswagen го заврши производството на легендарниот VR6 мотор по 34 години

Еден од најпознатите мотори во историјата на автомобилската индустрија, VR6, официјално заминува во историјата. На 12 декември, Volkswagen го заврши...

Магазин8 часа

PlayStation 5 Pro со солидна продажба, и покрај високата цена

Еден месец по неговото лансирање, PlayStation 5 Pro покажува добри резултати во продажбата глобално. Овој „средногенерациски“ модел е надградба на...

Магазин8 часа

Xbox тестира опција за стриминг на веќе купени игри

Microsoft започна со тестирање на нова функција што им овозможува на корисниците на Xbox Insiders со Game Pass Ultimate претплата...

Хороскоп23 часа

Хороскоп за петок (20 декември)

ОВЕН Кога станува збор за здравјето и благосостојбата, барајте алтернативни начини за решавање на проблемот. Денот е идеален за одење...

Кичево1 ден

Утре ќе се изведуваат градежни работи на патот кон „Крушино“ – с.Кнежино, за таа цел ќе има времен прекин на сообраќај додека не се завршат активностите

Градежна механизација и оператива на изведувачот ГД „Гранит“ – АД Скопје во текот на утрешниот ден (петок) 20.12.2024 во временски...

Временска прогноза1 ден

Детали за новиот студен бран кој доаѓа од утре, посебно внимание за тие кои ќе патуваат преку македонските превои

Под влијание на многу ладен циклон и низок воздушен притисок, секако поврзан со студена воздушна маса од север, а циклонскиот...

Македонија1 ден

Намалена видливост поради магла на следните сообраќајници, додека од денес кај Фариш-Прилеп ќе се изведуваат градежни работи

АМСМ известува дека сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по претежно суви коловози. Постои намалена видливост...

НАЈЧИТАНИ