Кичево
ОВР Кичево: Две лица непочитувале полициски час, жена касната од куче, повреден градежен работник
Во текот на изминатото деноноќие (13/14.2020 година), за време на полицискиот час и спроведувањето на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус COVID-19, според статистичките податоци на МВР, на подрачјето на СВР Охрид, пет лица не ја почитувале забраната за движење (Охрид-2, Струга-1, Кичево-2) . Тие се приведени и против нив ќе бидат поднесена кривична пријава по членот 206 од Кривичниот законик „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.
Во истиот период, не се регистрирани нарушувања на јавниот ред и мир, кражби и сообраќајни незгоди. На подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници извршиле 3 контроли врз лица во изолација, 35 контрола врз лицата во самоизолација и 60 контроли на угостителски и други објекти.
На 13.05.2020 околу 11.30 часот, од објект во изградба на улица „Мара Угринова Гина“ во Кичево паднал и со тешки телесни повреди се здобил градежниот работник Д.К.(35) од Кичево.
Тој бил префрлен во Ургентен центар „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид бил извршен
На 13.05.2020 во Полициската станица кичево, М.М. (38) од Кичево пријавила дека на улица „Живко Туфегџиоски“ во Кичево била касната од куче скитник на десната потколеница.
Извор: СВР Охрид / ОВР Кичево
Кичево
(ФОТО) Пациенти се жалат дека кругот на кичевската Болница е под снег и мраз, тешко се стигнува до медицинските врати, надлежните последно исчистиле пред два дена!
Сите овие денови до нашиот медиум не престануваат да стигнуваат реакции и разочарувања од состојбата на патиштата во градското подрачје, но свесни за состојбата, за нас неоправдано бидејќи најавено беше од сите медиуми дека снегот непрекинато ќе паѓа, чекавме нешто да се промени бидејќи од јавното претпријатие според фотографии и видеа се гледа дека активно се на терен, но се додека не пристигнаа фотографии од пациенти од ЈЗУ „Општа Болница“ – Кичево.
Имено, реакциите се дека тешко се проаѓа до медицинските врати, смрзнатиот терен, висината на снежната покривка се резултат од не-навремено чистење на според нас еден од најглавните оддели во градот Кичево.
– По реакцијата на граѓаните, веднаш стапивме во контакт со Директорката на установата Д-р Маја Цветановска-Трајкоска која ја призна состојбата, така што истакна доколку надлежните не дојдат, ќе бидат приморани сами да го чистат овој дел од Болницата, а пациенти има нон-стоп!
– Веќе втор ден откако нема услови за разминување, доаѓање и проаѓање до Болницата, има високи нерамнини од мраз, остатоци од снег кои дополнително создаваат немир и стрес кај пациентите, но и кај вработените. Ја користам оваа прилика јавно да ги повикам, иако два дена не одговараат на нашиот повик, надлежните служби кои се задолжени да дојдат и да обезбедат услови за непречено доаѓање во кругот на Болницата и на овој проблем да му се стави крај, тука доаѓаат пациенти непрекинато, Докторите и Сестрите неможат никаква асистенција да им пружат на пациентите на ваков терен. Се зачистува и самоволно но онаму каде се може, пред влез, пред врата, каде што неможе, секако дека треба механизација, на кратко истакна Д-р Цветановска-Трајкоска.
И од нашиот медиум апелираме што поскоро да се очистат остатоците од снег во установата, бидејќи е од најбитен карактер за градот, потоа на сите други места со цел непречено и безбедно возење со автомобил, пешачење итн.
Кичево
(ГАЛЕРИЈА) Ова се традиционалните кичевски огнови кои ни ги испративте да ги додадеме во големиот „Василичарски“ албум, за многу години!
Благодарност до сите кои ни испратија фотографии од традиционалните Василичарски огнови за заеднички да го направиме празничниот албум, кој ќе биде запишан во времето и ќе биде сочуван за секогаш. Одиме по ред:
Кичево
„Порта.мк“ албум од традиционални „Василичарски огнови“ 2025 од Кичево и кичевско, испратете фотографија од вашиот василичарски огон, вечна традиција, за многу години!
Оваа година повторно ја активираме нашата албум сесија од традиционални „Василичарски огнови“. Имено испратете ни фотографии од огнови во вашето маало/населба или село, а ние ќе ги објавиме сите, во еден преубав „Василичарски“ албум 2025.
Вашите фотогрографии можете да ни ги испраќате полесно од било кога, во порака на фејсбук страницата – „ПОРТА.мк“ или официјалната од нашиот град – Кичево.
Единствен услов:
- Не повеќе од 3 фотографии, за нив јасно да се знае од која улица/населба/село доаѓаат.
Нека е за многу години, вечна нека е традицијата!
-
Хороскоп2 дена
Празничен Хороскоп за вторник (14 јануари)
-
Кичево1 ден
(ФОТО) Пациенти се жалат дека кругот на кичевската Болница е под снег и мраз, тешко се стигнува до медицинските врати, надлежните последно исчистиле пред два дена!
-
Кичево2 дена
(ГАЛЕРИЈА) Ова се традиционалните кичевски огнови кои ни ги испративте да ги додадеме во големиот „Василичарски“ албум, за многу години!
-
Временска прогноза20 часа
Доаѓаат минусни температури и преку ден, ќе имаме силен мраз и замрзнати површини
-
Хороскоп21 час
Хороскоп за среда (15 јануари)
-
Магазин1 ден
(ВИДЕО) Среќна ви Нова Година со чиста душа, спокојна, и со радост и со славје и догодина со здравје, каланда на дечињата од кичевскиот хор „Митрополит Козма Пречистански“
-
Скопје4 часа
Скопјанка пријавила дека машко лице ја допирало по телото
-
Автомобили3 часа
Последните десет години овие популарни автомобилски брендови скокнале неверојатни 68 отсто за нивната куповна цена