Македонија
По 10 години пауза, автомобилските трки се враќаат во Крушево
За 4-ти и 5-ти август (сабота и недела) се закажани ридско-планинските автомобилски трки кои после 10 години ќе се одржат повторно на патот с. Острилци до Крушево.
Првата трка е закажана за недела (5-ти август) во 11:30 часот, а втората за 13 часот, додека ден претходно во 12 часот е закажан првиот тренинг.
Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски го изрази своето задоволство што после 10 години овие трки се враќаат во Крушево и очекува истите да се одржуваат секоја година.
„После 10 години ги враќаме автомобилските трки од село Острилци до Крушево и ќе се потрудиме овие трки да продолжат да се одржуваат секоја година. Со оглед на тоа што Министерството за транспорт и врски ќе го реконструира целосно регионалниот пат од Крушево до Демир Хисар за наредната година ќе добиеме нов асфалт и со тоа подобри услови за натпреварувачите“, посочи Христоски.
ФОТО: brzkrug.com
Извор: 1TV.mk
Македонија
Битолчанец бил измамен, му посредувале за наследство од починато лице кое немало законски наследници
На 27.01.2025 во СВР Битола, 20 – годишник од битолско село пријавил дека бил измамен од едно женско лице за сума од 4.440 американски долари.
Според пријавеното, во ноември 2024 година лицето го контактирало преку социјални мрежи, се претставило дека е од Малта и дека може да му помогне да се стекне со наследство на починато лице од РМ, кое немало законски наследници.
Како што е пријавено, тие комуницирале повеќе од два месеци и во тој период преку брз трансфер на пари оштетениот во неколку наврати ѝ уплатил вкупно 4.440 американски долари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, истакна МВР.
Македонија
ДПИ ќе спроведува засилени контроли према законите за угостителска дејност и заштита од пушење цигари
Во наредниот период Пазарниот инспекторат ќе спроведува засилени контроли на терен во согласност со Законот за угостителска дејност и Законот за заштита од пушење. Контролите ќе бидат спроведувани во координација со Министерството за внатрешни работи, и тоа низ цела територија на Македонија, со акцент на спречување на послужување алкохол на малолетни лица, се наведува во соопштението.
Послужување алкохол на малолетни лица е кривично дело, а казните за оние угостители што ќе бидат затекнати како послужуваат алкохол на малолетни лица се ригорозни и се движат до 4.000 евра. Освен парични казни, се изрекуваат и казни за забрана за работа во период од еден месец.
Апелираме до угостителите да постапуваат во согласност со обврските кои произлегуваат од Законот за угостителска дејност, по кој се должни да ја утврдат возраста на лицето на кое се послужува алкохол!
Доколку Пазарниот инспекторат утврди нерегуларности, најригорозно ќе постапува!
Државниот пазарен инспекторат заедно со останатите надлежни институции и понатаму ќе продолжи да спроведува заеднички акции кои ќе ги спречат дејствата поврзани со послужување алкохол на малолетници, истакна Директорот на ДПИ, г-дин Влатко Стојкоски.
Македонија
Во охридската Општа Болница вработена нападнала колешка во работно време
На 24.01.2025 во 13.25 часот во СВР Охрид е пријавено дека вработена во Општата болница во Охрид физички нападнала своја колешка која извршувала работни обврски.
По целосно расчистување и документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава, за медиумите информираше портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
-
Хроника10 часа
Кичевчанец додека работел на работни задачи на автопат Кичево-Охрид паднал и починал
-
Магазин1 ден
Денес им е роденден: Спасен Сиљаноски, еден од најдобрите и најпопуларни пејачи на македонската естрада
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за среда (29 јануари)
-
Хороскоп23 часа
Хороскоп за четврток (30 јануари)
-
Lifestyle1 ден
Лимонот не се препорачува секогаш: Во овој случај ја влошува состојбата на организмот
-
Култура20 часа
Денеска е Св.Антониј Велики, честито име Антонио, Антоанета, Антониј..
-
Временска прогноза1 ден
Викендов вистинска пролет, утринските температури ќе бидат над нулата – ова се најновите метео вести
-
Lifestyle1 ден
„Перењето постелнина: Колку често треба да го правите за здрава кожа и добар сон“