Горан Станиќ се враќа во Фудбалската федерација на Македонија како актуелен тренер на Работнички, а претходно имаше успеси со младинските селекции до 17 и 19 години. Тој доаѓа на местото од Драги Канатларовски кој беше заменет од позицијата селектор на У21.
Фудбалската федерација на Македонија го пренесува: Пред се сакам да се заблагодарам на претседателот и неговиот тим во федерацијата за укажаната доверба. Да се биде предводник на репрезентативен состав само по себе претставува голема чест и привилегија, но оваа функција носи и голема одговорност.
– Многу добро знам што ме очекува и максимално подготвено влегувам во предизвикот. Се надевам дека ќе ги исполнам очекувањата и довербата што ја добив. Секој предизвик носи своја тежина. Во мојата кариера секогаш сум бил сериозен, професионален и посветен кон работата, така ќе биде и овој пат, полн со енергија и нови предизвици истакна стратегот Станиќ.
– Имав единствена можност да бидам селектор на сите млади генерации од 16 до 19 години. Доживеав прекрасни моменти и имав незаборавно искуство во тој период во кој остваривме два успешни квалификациски циклуси и ја исполнивме поставената цел, пласман во елитната фаза на квалификации, првиот пат со селекцијата до 17 години, вториот со репрезентацијата до 19 години, што секако само по себе претставуваше голем успех и сатисфакција, дополни тренерот.
Повеќе ќе прочитате на официјалниот натпис од Фудбалската федерација на Македонија, ТУКА.