Македонија
Почнува поставувањето на опрема за технички снег во Маврово

Најсовремена опрема за производство на технички, еколошки снег ќе биде поставена на патеката „Едносед“ во ски-центарот Маврово.
Опремата во вредност од околу 700 илјади евра e самостојна инвестиција на ски-центарот и ќе почне да се поставува од денеска. Во наредните четири месеци, на патеката во должина од речиси 2 километри ќе бидат поставени 18 шахти, 9 снежни топа и 4 снежни стикови. Целиот систем за правење снег ќе се раководи од компјутерски центар и ќе има 24-часовен надзор на патеката, на количеството снег и на метеоролошката состојба на самата патека. Снежењето ќе започнe кога ќе се создадат температурни услови за тоа.
-Инвестираме во опрема за создавање снег и ќе обезбедиме услови сезоната за скијање во Центарот да стартува порано од досега, односно уште пред новогодишните празници. Во однос на сегашната состојба за 30 отсто ќе го зголемиме бројот на денови за уживање на снежните патеки и скијачката сезона на Маврово ќе трае околу 100 дена во годината, вели Огњан Циговски, извршен директор на ски центарот Маврово.
Според него, техничкиот, еколошкиот снег е многу поквалитетен за скијање во однос на природниот снег бидејќи е покристализиран, почист и не ѝ штети на природата.
Статистиката вели дека зимската сезона, во просек, почнува релативно доцна со најголем број туристи во јануари. Оваа година, во услови на доволно снег, резултира со околу 4.600 туристи, од кои 3.092 странски гости. Најслаб месец во сезоната е декември. Како што покажуваат резултатите, при лоши временски услови и поради недостиг на снег, лани пристигнале 2.154 туристи.
Кратката зимска сезона не дозволува можност за целосен развој и континуитет, со што би се овозможило таа туристичката дестинација да ги преживее периодите на ниска сезона (есен и пролет) и да инвестира и во летните пакети, вели Циговски. Затоа, техничкото снежење ќе овозможи љубителите на скијањето да имаат подолга сезона за уживање во зимските спортови.
Опремата за производство на вештачки снег се набавува од една од трите најдобрите светски компании за производство, италијанско-австриската DemacLenko (https://www.demaclenko.com).
Македонија
Сообраќајно инфо: Намалена видливост поради магла на превој „Стража“

Патна информација до сите кои патуваат преку планинскиот превој „Стража“, особено да внимаваат затоа што има намалена видливост поради појава на магла – 50-80м, додека сообраќајот се одвива непречено, по влажни коловози.
Патувајте безбедно, почитувајќи ја поставената патна сигнализација и прилагодување на возилата према условите на патот.
Пријатен пат!
Македонија
МВР: Кривична пријава против 10 полициски службеници од Единицата за брзо распоредување за злоупотреба на службена положба и овластување

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано оддделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, поднесе кривична пријава против полициските службеници К.Ѓ., Г.Д., Н.С., И.Г., Д.Д., Д.Д., Н.М., С.С., З.Т. и Д.Т., сите вработени во Единицата за брзо распоредување, поради постоење основи на сомнение дека извршиле кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување’’ казниво по член 353 од Кривичниот законик.
Пријавените, со намера за себе да прибават противправна имотна корист, искористувајќи го стекнатото право за надомест на патни трошоци, поради тоа што по лична карта се воделе со место на живеење надвор од Скопје, ја злоупотребиле службената положба на начин што примале парични средства од Министерството за внатрешни работи за денови во кои не патувале од своето место на живеење до работното место во Скопје и обратно, со што во периодот 01.12.2023 до 17.09.2024 го оштетиле буџетот на Министерството за внатрешни работи во вкупен износ од 1.098.120 денари.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди за пријавените полициски службеници ќе поднесе и предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност, предмалку информира МВР.
Македонија
Поскапуваат дизелот и бензинот, ова е новата цена од вечерва

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 24.03.2025 година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 76,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 79,00 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1), се зголемуваат за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 24.03.2025 година и со тоа, малопродажната цена на малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 69,00 ден/лит и малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 69,00 ден/лит.
-
Временска прогноза1 ден
Попоски: Влегуваме во период на температури во минус, студ и снег, невообичаено за месец април – ова се информациите
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за среда (2 април)
-
Македонија1 ден
МВР: Кривична пријава против 10 полициски службеници од Единицата за брзо распоредување за злоупотреба на службена положба и овластување
-
Македонија1 ден
Поскапуваат дизелот и бензинот, ова е новата цена од вечерва
-
Кичево4 часа
Во сабота на кичевското „Китино Кале“ ќе се одржи забавна и едукативна сликарска сесија за деца и тинејџери, кои ќе истражуваат како ноќното небо ја инспирира уметноста низ историјата
-
Македонија1 ден
(ФОТО+ВИДЕО) Во Манастирот Рајчица одекна новиот „Благовесник“
-
Хороскоп2 часа
Хороскоп за четврток (3 април)
-
Хроника14 часа
ОВР Крива Паланка приведе три лица, се сомничат за убиство на 84 годишен старец, најден закопан во близина на живеалиште