Следете не

Македонија

Полициски час: Добро е да ги знаете новите забрани и ограничувања од 21:00 до 06:00 часот

Објавено пред

на

Владата како што предходно известивме воведува поригорозни мерки за спречување на ширењето на КОВИД-19.

„Нема компромис кога е здравјето на граѓаните во прашање, мерките мораме сите да ги почитуваме, само така ќе си ги спасиме народот и државата. Повторувам дека ништо веќе не е исто. Животот радикално се промени, како кај нас, така и во целиот свет“ – на пресот истакна техничкиот премиер Спасовски.

Ова се целосните забраните и ограничувањата кои важат од денес (22 март):

  1. Да се забрани движење на населението во Република Македонија во временски период од 21:00 – 06:00, а со цел спречување на ширење на заразната болест КОВИД-19 и заштита на населението.
    • Од оваа забрана се исклучуваат лица кои имаат потреба од итна медицинска помош / живото загрозувачка состојба / лица на дијализа, исклучиво во придружба на најмногу две лица.
    • Доколку поради итноста на здравствената состојба возилото биде запрено од полициска контрола, дополнително ќе се евидентира и ќе се провери оправданоста на излегувањето и превозот до здравствената институција, преку приложување на медицинската документација по завршување на медицинскиот преглед. Ова е усогласен став со Министерство за внатрешни работи и е оперативно изводливо.
    • Директорите на јавно здравствените установи ќе изготват список на вработени лица за кои се предвидува дека ќе имаат неопходна потреба за движење вон лимитираното време и ќе го дистрибуираат до Министерство за внатрешни работи или друго Министерство/Установа, со цел изготвување на специјални пропусници/легитимации, за лицата кои ќе можат да се движат вон рестриктивните часови. Со тоа Министерство за внатрешни работи да има комплетен увид за временскиот период кога овие лица ќе се движат.
    • Во контекст на постоечките рестрикции за движење не се опфатени припадниците на Министерство за внатрешни работи, АРМ, противпожарните екипи, лицата вработени во комунална хигиена, кои се во моментот на работа во смена.
    • Да се ограничи бројот на дежурните аптеки на територијата на градовите и да се назначат од Министерството за здравство или Агенцијата за лекови-МАЛМЕД или Фондот за здравствено осигурување на Р.М. , одреден број на аптеки, кои ќе дежураат во рестриктивниот период, а во исто време да бидат локациски поврзани со дежурните здравствени институции. Пристапот до дежурните аптеки ќе се ограничи само на лица кои извршиле медицински преглед во здравствена установа, а како доказ за тоа ќе приложат медицински извештај од извршен преглед.
    • Да се задолжат такси компаниите да воведат дежурства со ограничен број на возила и истите да бидат искористени исклучиво за превоз кон/од болничка установа или аптека. Таксистите задолжително да користат лична заштитна опрема во возилото (заштитна маска и ракавици).
  2. Се забранува движење на возила од јавен превоз од 21:00 до 06:00.
  3. Дежурни екипи на ЕВН, Водовод и канализација, Телекомуникации служби, топлификација смеат да се движат само по претходна најава на 192 (МВР).
  4. Да се организира меѓуградскиот и јавниот превоз со ограничување на капацитетот за превоз на патници за 50% во возилото, или со задолжително одржување на растојание од најмалку два метри меѓу патниците.
  5. Се забранува собирање на населението во групи поголеми од 5 (пет) лица во период од 06:00 – 21:00 на јавни места и површини.
  6. Директорите/управителите на погони/фабрики на сите институции се задолжуваат да го прилагодат своето работно време и производството согласно забраната за движење во предвидениот период.
  7. Во трговските објекти, аптеки и јавни установи кои даваат услуги за населението каде плаќањето и работата се одвива на каси или шалтери, да се ограничи присуството на граѓаните согласно бројот на каси односно шалтери (колку каси/шалтери толку граѓани во исто време), односно врз основа на големината на објектот. Времетраењето на задржување во овие објекти го ограничуваат и одредуваат менаџерите на објектите.

Македонија

Од ноќеска бензинот со нова покачена цена, дизелот се намалува

Објавено пред

на

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.04.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 87,50 ден/лит.

Малопродажната цена бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.04.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 90,00 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1), се намалуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.04.2024 година и со тоа малопродажните цени и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесуваат 76,00 ден/лит.

Прочитај повеќе...

Македонија

Од предмалку сообраќајот е во прекин кај „Новоселски мост“ превој „Стража“ поради случена сообраќајка

Објавено пред

на

Од 11:00 ч. сообраќајот е во прекин на маг. пат Гостивар-Стража кај „Новоселски мост“ поради случена сообраќајна незгода, известуваат од АМСМ, додека детали за случената сообраќајка до сега немаме.

Прочитај повеќе...

Македонија

Ќерка повредила мајка: Старица од село во Македонски Брод била повредена од остар предмет

Објавено пред

на

На 01.04.2024 во 19:40 часот во Пoлициската станица Македонски Брод, од Здравствен дом Македонски Брод било пријавено дека кај нив со повреди од остар предмет била донесена 76 – годишна жена од село од Македонски Брод.

Според пријавеното, таа била повредена од нејзината ќерка.

Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот, известува МВР.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп16 часа

Хороскоп за петок (26 април)

ОВЕН  Ако денес планирате патување или треба да се справите со авторитети, внимавајте да не ги прекршите правилата. Некој ќе...

Магазин24 часа

Qualcomm го предизвикува Intel: претстави нови Snapdragon чипови за пазарот на компјутери

Qualcomm ги промовира двата чипсети како врвни решенија за вештачка интелигенција, нагласувајќи дека тие ги имаат најбрзите NPU за лаптопи...

Кичево1 ден

Во сабота по повод празникот на „Лазаревото Воскресение“ (Лазарева Сабота) во Кичево ќе се одржи свечена поворка со традиционални каланди

Возљубени наши пријатели, на наша чест, преку нашиот медиум ве информираме дека на ден 27.04.2024г. (сабота), по повод празникот на...

Автомобили1 ден

Електрични возила и губење на вредноста

Размислувате за купување на електрично возило, но не сте сигурни за неговата препродажна вредност? Новото истражување открива дека додека постарите...

Автомобили1 ден

Кои автомобили се најевтини за одржување во САД?

Првично, трошоците за одржување беа ниски и слични за повеќето брендови. Consumer Reports подетално ги разгледа трошоците за одржување на...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за четврток (25 април)

ОВЕН Можеби се запрашувате какви обврски ве очекуваат на работно поле. Не ви е лесно да дојдете до извесност кога...

Временска прогноза2 дена

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а високо на планините со повремен снег. Локално врнежите...

Кичево2 дена

Жена жител на Куманово доживеала сообраќајна несреќа на патот Охрид-Кичево, се здобила со тешки телесни повреди откако возилото удрило во бетонска преграда

На 23.04.2024 во 21.20 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, патничко возило „фолксваген голф“ со...

Свет2 дена

Кина докажа зошто Конгресот сака да го забрани „TikTok“

Кина ја докажа поентата на законот за забрана на TikTok преку Конгресот. Претставници на кинеската амбасада неодамна лобираа против нацрт-законот...

Спорт2 дена

Ѓоковиќ: Српскиот „ас“ силно го посакува 25-иот „Грен слем“ и мисли само на победа, ништо друго.

Новак Ѓоковиќ, најдобриот светски тенисер силно ја посакува 25-тата. Грен слем титула во кариерата и тоа не го крие. Српскиот...

НАЈЧИТАНИ