Балкан
(ФОТО) Утрово Загреб го погоди силен земјотрес, направи огромни штети, девојче во критична состојба
Едно 15 годишно дете е во критична состојба по големиот земјотрес кој утрово го погоди Загреб.
Детето е повредено при уривање на зграда во близина на центарот на градот. Спасувачите кои ги проверувале срушениот објект го нашле детето кое било со тешки повреди и не покажувало знаци на живот. Веднаш со итна медицинска помош е однесено во болница каде лекарите се уште се борат за неговиот живот, објави Хина..
Првично беше објавено дека детето веќе е починато, но последните информации се дека тоа сепак се бори за живот. Дополнително повеќе лица се повредени низ повеќе делови во градот, а градоначалникот Милан Бандиќ изјави дека во потресот највеќе настрада стариот дел на градот. Критична е состојбата во болница на Петровска улица каде што пред објектот кој е многу оштетен има голем број мајки и деца.
Луѓето панично ги напуштиле своите згради и куќи и излегле на улиците, но докторите апелираат да се држи потребното растојание од околу 2 метра со цел да се избегне ширењето на коронавирусот.
Не сакаат да влезат внатре и се плашат дека и помал потрес сега може комплетно да го сруши објектот. Веднаш по земјотресот е свикан државниот врв кој во поширок состав одлучува кои мерки да се преземат.
Балкан
Водителката Бојана Јанковиќ пронајдена мртва во нејзиниот стан, жалната вест силно одекна во Србија, колегите и блиските се простуваат од неа
Водителката Бојана Јанковиќ (поранешен Николиќ), која се прослави како водителка на култното шоу на Пинк „Град“, е пронајдена мртва во стан во Белград. Телото на Бојана е пронајдено вечерва околу 19 часот и испратено на обдукција.
Семејството на Бојана Јанковиќ ја потврди нејзината ненадејна смрт.
Инаку, Бојана беше во брак со пејачот на групата „Белградски синдикат“ и имаше сестра близначка Ивана, која исто така беше водителка.
Извор: blic.rs
Балкан
Царинската управа во Србија спречи криумчарење на поголема сума пари, пронајдена во детска чанта и пелени, кажале нема што да пријават..
Царинските службеници на граничниот премин „Градина“ спречија обид за криумчарење на 130.000 евра и 5.500 долари скриени во пакување бебешки пелени, соопшти Царинската управа.
Како што се наведува, девизниот прекршок бил откриен во возило „Киа“ со странски регистарски таблички што го користело тричлено семејство кое патувало од Австрија кон Бугарија.
Брачен пар кој патувал со двегодишно дете им потврдил на надлежните дека немаат што да пријават, но при детална проверка на багажот било откриено дека има торба со 130.000 евра, како и плик со 5.500 долари пронајден во чантата со детски работи меѓу пелените.
Со оглед на тоа што парите не се пријавени на влез во државата, на патниците веднаш им се вратени по 10.000 евра по лице, а остатокот од парите е задржан до завршување на прекршочната постапка.
Царинската управа уште еднаш потсети дека сите патници, вклучително и оние кои штотуку минуваат низ Србија, треба на влез да пријават која било сума поголема од 10.000 евра, известува Danas.rs
Извор: Danas.rs
Балкан
(ВИДЕО) Свештеникот кој долго ќе се памети за големиот празник „Водици“, ја освети водата и потоа направи гест кој го нема никој до сега направено..
Откако ги изговори молитвите и даде знак на учесниците да тргнат, свештеникот за здравје скокна во осветените води. За сега се уште не се знае од кој дел на Балканот потекнува ова видео, но ги заслужува сите почести.
За многу години, Бог се јави!
Бог се јави!
Ако неко зна у ком месту се ово догодило, нека јави. pic.twitter.com/gVikyMD4bO
— Ледени Гале (@LedeniG) January 19, 2024
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за четврток (25 април)
-
Кичево22 часа
Во сабота по повод празникот на „Лазаревото Воскресение“ (Лазарева Сабота) во Кичево ќе се одржи свечена поворка со традиционални каланди
-
Хороскоп11 часа
Хороскоп за петок (26 април)
-
Кичево2 дена
Жена жител на Куманово доживеала сообраќајна несреќа на патот Охрид-Кичево, се здобила со тешки телесни повреди откако возилото удрило во бетонска преграда
-
Временска прогноза2 дена
Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
-
Свет2 дена
Кина докажа зошто Конгресот сака да го забрани „TikTok“
-
Магазин19 часа
Qualcomm го предизвикува Intel: претстави нови Snapdragon чипови за пазарот на компјутери
-
Автомобили23 часа
Кои автомобили се најевтини за одржување во САД?