Следете не

Македонија

Македонија под пламени јазици, ова е состојбата до 19:00 часот по реони

Објавено пред

на

Состојбата со активни пожари на отворен простор до 19:00 часот 31.03.2019 година.

Скопски регион
Пожарот на м.в.Љуботенски Бачила, сеуште е активен.

Кумановски регион
ШС – Куманово и ТППЕ Куманово интервенираат на активни жаришта на пожарот во атарот на с.Живиње (опш.Куманово) – с.Сушица

Битолски регион
Во општина Прилеп, ТППЕ Прилеп интервенираат на три пожари и тоа: – кај с.Никодин каде има шумски пожар
– во атарот на с.Полчиште, м.в.Торнева Нива каде гори борова шума.
– во Могила, кај Салида Бензинска, каде гори сува трева
Во општина Крушево, во атарот на с.Селце гори ниска дабова шума, а интервенираат ТППЕ Крушево и работници од ШС Крушево.

Струмички регион
Пожарот во атарите на селата Свидовица и Куклиш е изгаснат.
На местото на претходниот пожар помеѓу с.Бајково и Бадолен над с.Ново Коњарево има остатоци кои сеуште тлеат. ШС Беласица, ЕЛС Ново Село и Гранична полиција во утринските часови ќе излезат на терен за целосно ликвидирање на пожарот.

Охридски регион
Во општина Струга има активни 3 пожари и тоа:
– во атарот помеѓу селата Октиси и Горна Белица, каде гори мешана шума, а интервенираат ТППЕ Струга.
– во атарот на с.Радолишта каде гори мешана шума, а интервенираат ТППЕ Струга.
– во с.Мороишта, каде интервенираат ТППЕ Струга.

Во општина Македонски Брод сеуште е активен пожарот во атарот на с.Рамне каде интервенираат вработени од ШС Сандански – Македонски Брод.

Велешки регион
Пожарот кој се појави северозападно од с.Ореше е ставен под контрола, а на истиот се интервенираше и авионски. Зафатена е борова шума.
Активен пожар има на излезот од с.Богомила покрај железничката пруга на истиот интервенираат ТППЕ Велес.
Пожарот во атарот на с.Црешнево е делумно локализиран и пренасочен према реката Бабуна.
Пожарот во атарот на с.Мокрени е делумно локализиран.

Во општина Демир Капија има пожар во атарот на с.Бесвица каде гори нискостеблеста шума. Интервенираат пожарникари вработени во Шумско стопанство.

Штипски регион
Во општина Кочани, пожарот кај с.Пресека (близу манастирот) сеуште е активен и на истиот се интервенира од ШС Осогово – Кочани.

Во општина Берово, пожарот кај с.Владимирово полека се става под контрола и истиот околу 90% е локализиран. Има уште еден крак кој гори и се очекува до крајот на денот и тој дел да биде ставен под контрола. Во моментов на терен се наоѓаат вработени од ШС Малешево, месно население, како и од шумската полиција.

Тетовски регион
Во општина Гостивар, има пожар кај с.Вруток запалено е стрниште и постои опасност истиот да се прошири на блиската шума. Интервенираат од ШС Шар – Гостивар
Пожар има и во с.Беловиште, известени се ТППЕ Гостивар и ШС Гостивар.
Пожар кај с.Падалиште, помеѓу пругата и селото. Интервенираат ТППЕ Гостивар

/ЦУК

Македонија

Од ноќеска бензинот со нова покачена цена, дизелот се намалува

Објавено пред

на

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.04.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 87,50 ден/лит.

Малопродажната цена бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.04.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 90,00 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1), се намалуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.04.2024 година и со тоа малопродажните цени и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесуваат 76,00 ден/лит.

Прочитај повеќе...

Македонија

Од предмалку сообраќајот е во прекин кај „Новоселски мост“ превој „Стража“ поради случена сообраќајка

Објавено пред

на

Од 11:00 ч. сообраќајот е во прекин на маг. пат Гостивар-Стража кај „Новоселски мост“ поради случена сообраќајна незгода, известуваат од АМСМ, додека детали за случената сообраќајка до сега немаме.

Прочитај повеќе...

Македонија

Ќерка повредила мајка: Старица од село во Македонски Брод била повредена од остар предмет

Објавено пред

на

На 01.04.2024 во 19:40 часот во Пoлициската станица Македонски Брод, од Здравствен дом Македонски Брод било пријавено дека кај нив со повреди од остар предмет била донесена 76 – годишна жена од село од Македонски Брод.

Според пријавеното, таа била повредена од нејзината ќерка.

Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот, известува МВР.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп5 часа

Хороскоп за недела (28 април)

ОВЕН Само кога ќе помислите дека сте сфатиле сè, ќе откриете како се појави нешто ново. Слободно обрнете внимание на...

Кичево7 часа

(ВИДЕО) Погледнете ја оваа убавина од денешната поворка за Лазарева сабота

И оваа година ви претставуваме официјално видео запис од денешната поворка по повод Лазаревата сабота

Кичево14 часа

(ФОТО) Прекрасен ден со најмилите деца од Кичево, кои денес гласно го прославија „Лазаревото Воскресение“, среќа и радост на едно место!

Денес празнуваме еден невообичаен настан во кој се опишува победата над најголемиот страв на човекот – смртта, со кој воедно...

Култура22 часа

Денеска е Лазарева сабота, додека утре е „Цветници“

Денеска е Лазарева сабота, еден од поголемите христијански празници од пролетниот циклус. Лазарова сабота е променлив празник и секогаш се...

Спорт1 ден

Пламенот на Олимписките игри кои летово ќе се одржат во Париз, официјално предаден на организаторите на игрите

Пламенот на Олимписките игри, кои летово ќе се одржат во Париз, вчера беше официјално предаден на француските организатори на Игрите...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за сабота (27 април)

ОВЕН Не се опуштајте премногу, особено ако имате впечаток дека имате целосна контрола врз вашиот живот и настаните што ве...

Социјални мрежи1 ден

Врховниот суд и даде рок на социјалната мрежа „Х“ (твитер) да се изјасни зошто не ги почитува пресудите

Врховниот суд на Бразил ѝ даде рок на платформата Х (Твитер) до петок да објасни зошто не ги почитува претходните...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за петок (26 април)

ОВЕН  Ако денес планирате патување или треба да се справите со авторитети, внимавајте да не ги прекршите правилата. Некој ќе...

Магазин3 дена

Qualcomm го предизвикува Intel: претстави нови Snapdragon чипови за пазарот на компјутери

Qualcomm ги промовира двата чипсети како врвни решенија за вештачка интелигенција, нагласувајќи дека тие ги имаат најбрзите NPU за лаптопи...

Кичево3 дена

Во сабота по повод празникот на „Лазаревото Воскресение“ (Лазарева Сабота) во Кичево ќе се одржи свечена поворка со традиционални каланди

Возљубени наши пријатели, на наша чест, преку нашиот медиум ве информираме дека на ден 27.04.2024г. (сабота), по повод празникот на...

НАЈЧИТАНИ