Македонија
Во Кичево моментално два активни пожари, ова е состојбата до 11:00ч

Состојбата со активни пожари до 11:00 часот 03.04.2019 година
Охридски регион
Во моментов на подрачјето на општина Кичево има активни два пожари и тоа: Пожар во реонот над с.Колари. Во негово гаснење ангажирани се вработени од ШС „Лопушник“ од Кичево. Гори сува трева и ниско стеблеста шума. Пожар во реонот над с.Букојчани. Зафатена е сува трева и нискостеблеста шума. Во негово гаснење ангажирани се вработени од ШС „Лопушник“ од Кичево.
Битолски регион
Шумскиот пожар во атарот на с.Гостиражни-ЕЛС Долнени е сеуште активен. Се интервенира од страна на ШС „Црн Бор“ – Прилеп. Гори нискостеблеста дабова и букова шума.
На територијата на општина Крушево активен е пожарот кај с.Јакреново. Гори нискостеблеста дабова и букова шума на површина од околу 50 ха. Поради ветер пожарот се прошири на тромеѓето од општина Крушево, Македонски Брод и Долнени.
Пожарот во атарот на с.Норово кон с.Селце е локлизиран и ставен под контрола. Зафатена е нискостеблеста дабова шума во површина од над 150 ха. Вработени од ШС „Липа“ се на терен.
/ЦУК
Македонија
Во водите на охридско езеро минувачи забележале неексплодирана бомба

На 21.02.2025 година во 11,05 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, случајни минувачи на кеј „Македонија“ во водите на Охридското езеро, забележале неексплодирана бомба.
Местото е обезбедено од полициски службеници а овластен претставник на Дирекција за заштита и спасување, безбедно ја подигнал по што е пренесена за натамошна постапка, информираше портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Македонија
Кај Демир Капија – Смоквица до крај на месец мај ќе има измена на сообраќај, односно целосно затворање на „Тунел Т2“

АМСМ издаде известување за работа на пат, кое гласи: На автопат А1, делница Демир Капија – Смоквица од 20.02.2025 г. до 31.05.2025 година, поради изведба на реконструкција на левата тунелска цевка на Тунел Т2 ќе има времена измена на сообраќајот.
Левата тунелска цевка на тунел Т2 е целосно затворена за сообраќај, а сообраќајот е целосно пренасочен во десната тунелска цевка со двонасочно одвивање на сообраќајот.
Македонија
Нова бензинска станица на ЛУКОИЛ во Гостивар, целосно модернизиран објект во населба Драчево

Реномираниот бренд Лукоил Македонија кој 20 години постои на пазарот, синоним за успех и квалитет, достигнувања во работењето и квалитетот на услугите, во рамки на денешниот ден ја отвори 40-тата бензинска станица во Гостивар, на барање на потрошувачите. Таа се наоѓа на ул. 101 бр.5, снабдена со најдобриот асортиман на производи во маркет, најдобрите ЕКТО еколошки горива, ТНГ автоплин и препознатливото највкусно кафе.
– Претходно, модернизирана беше и бензинската станица во населба Драчево, а во тек се реализации на повеќе бензински станици, на превој Стража и други.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за сабота (22 февруари)
-
Македонија1 ден
Кај Демир Капија – Смоквица до крај на месец мај ќе има измена на сообраќај, односно целосно затворање на „Тунел Т2“
-
Временска прогноза7 часа
Студот ќе попушти, ќе имаме магла и услови за слаби врнежи од дожд и од снег следната седмица!
-
Хороскоп1 час
Хороскоп за недела (23 февруари)
-
Македонија9 часа
Во водите на охридско езеро минувачи забележале неексплодирана бомба
-
Мобилни уреди7 часа
Крај на една ера, „Apple“ ја прекина една од најпрепознатливите функции на „iPhone“ по 18 години
-
Автомобили1 ден
Dacia подготвува електричен автомобил поевтин од новото Twingo
-
Магазин1 ден
Како да ја зачувате батеријата на телефонот: Четири клучни совети