Балкан
За овај преубав пар на матура зборуваат сите: Ангела и Дамјан испратија важна порака (ФОТО)

Ангела Богојевиќ (18) и Дамјан Томиќ (19) деновиве се главна тема за јавноста ширум регионот, откако на социјалните мрежи ги објавија нивните фотографии од матура. Сите беа воодушевени затоа што овие двајца млади покажаа дека меѓу нас нема никакви разлики и дека сите сме исти.
Имено, Дамјан кој што има мускулна дистрофија и е во инвалидска количка, облечен во преубаво одело на матурската вечер се појави со неговата другарка и и посвети неколку убави стихови, бааш онакви какви што беа убави и самите тие – принц и принцеза.
Затоа што ти си принцеза од некој друг свет, напиша во насловот на фотографијата Дамјан.
Прво не очекуваш ова да се случи во толкав број и дека сите вака ќе реагираат. Има многу деца со различен хендикеп и инвалидитет кој што со ова би се навредиле, затоа што со самото тоа се прави разлика, како да се тие нешто поинакви, ја започнува својата приказна Дамјан.
Тој додава дека ова никој не треба да го свати како сожалување, туку како поддршка.
Не сум јас за жалење, се сметам за ист како што е Ангела или било кој друг, но и таа мене за таков ме смета. Инаку, животот е борба, сите ние имаме непријатности и лоши искуства поради нешто, но сметам дека тоа се се надминува преку љубовта. Она која ја добивате од блиските, но и она кја ја давате на другите, истакна за „Телеграф.рс“ Дамјан.
Неговата другарка Ангела која 2020 година треба да матурира одлучи да му биде партнерка, одма откако и сопшти дека девојката со која требало да оди на матура, од оправдани причини го откажала доаѓањето.
Најпрвин мислеше дека тоа е голема обврска и дека не може да се изведи, но јас сепак го направив тоа. Неговото воодушевување и воозбуденост ме исполнија и се потрудив да му биде една од најубавите вечери. Искрено не очекував толкава голема поддршка и медиумска покриеност од сите страни, дури во едни моменти ми беше и непријатно, раскажува Ангела, другарката на Дамјан.
Балкан
Ноќва почина градоначалникот на Загреб – Милан Бандиќ

Градоначалникот на Загреб, Милан Бандиќ, почина синоќа во Загреб на 66-годишна возраст. Првичните информации според хрватските медиуми се дека Бандиќ починал од срцев удар
Веста за неговата смрт ја потврди неговиот долгогодишен соработник, доктор и директор на Наставничкиот институт за јавно здравје „Д-р Андрија Штампар“, Звонимир Шостар.
По што веста за смртта на градоначалникот ја потврдија и од клиничката болница Свети Дух.
Почивај во мир.
Балкан
Тлото во Хрватска не мирува, пред еден час нов посилен земјотрес кај Петриња со јачина од 4,1 степен според Рихтер

Централна Хрватска околу 11 часот повторно беше погодена од посилен земјотрес со јачина од 4,1 степен според Рихтеровата скала со епицентар кај Петриња, а засега нема информации за можна материјална штета, каде страшниот потрес се почувствува и во Загреб.
Хрватската сеизмолошка служба објави дека во 10.58 часот забележала прилично силен земјотрес кај Глинска Полјана, недалеку од Петриња.
Земјотресот беше почувствуван на пошироко подрачје, а граѓаните известуваат дека се почувствувал и во БиХ и во Словенија.
Претходно, Европскиот медитерански сеизмолошки центар објави дека земјотресот бил со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала.
Областа на централна Хрватска постојано се тресе од низата земјотреси што ја погодија областа на крајот на декември.
Најсилен меѓу нив беше 6,2 степени по Рихтер на 29 декември, со епицентар кај Петриња, кога загинаа седум лица и беше предизвикана голема материјална штета во областа Петриња, Сисак, Глина и околните села.
Штетата беше предизвикана и во Загреб и неговата околина, главно на покриви каде беа оштетени оџаци и плочки, особено на зградите кои веќе беа оштетени во земјотресот што го погоди хрватскиот главен град во март минатата година и чијашто јачина беше 5,5 степени по Рихтер.
M4.3 #earthquake (#potres) strikes 43 km SE of Zagreb – Centar (#Croatia) 21 min ago. Updated map of its effects: pic.twitter.com/oEDX6jDfov
— EMSC (@LastQuake) February 24, 2021
Балкан
Почина Ѓорѓе Балашевиќ

Познатиот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ почина денес.
Да потсетиме, Балашевиќ пред три дена беше примен на Инфективната клиника на Клиничкиот центар на Војводина во Нови Сад, каде се лекуваше од пневмонија.
Лекарите ги презедоа сите потребни мерки за лекување, но немаше подобрување. Попладнево неговата состојба дополнително се влоши заради претходните хронични здравствени проблеми.
За жал, неколкучасовните напори на лекарот КЦВ не вродија со плод, а Балашевиќ почина три месеци пред неговиот 68 роденден.
-
Кичево11 часа
Важна информација од Кичевска Парохија
-
Случувања2 дена
(ВИДЕО) Страшни снимки од силниот земјотрес кој ја погоди Грција предмалку, истиот почуствуван и во делови од нашата држава
-
Македонија2 дена
Нови 726 случаи на Ковид-19, починале 7 лица од кои 2 се од Кичево
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за денес (4 март) четврток
-
Хороскоп2 дена
Дневен Хороскоп (3 март) среда
-
Временска прогноза3 дена
Следува промена на времето и пад на утринските температури, за време на викендот дожд на секаде во државата, детали..
-
Кичево2 дена
Неделна акција на прозиводи во АТВА Маркети – Кичево
-
Случувања1 ден
(ВИДЕО) Од низата снимки кои се појавија од земјторесот во Грција, на оваа се гледа морничавиот момент, бутикот се помести од своето земјиште