Следете не

Култура

Раѓањето на нашиот спасител – Исус Христос!

Објавено пред

на

„Раѓањето на нашиот Господ и Спасител Исус Христос е осмислувањето на нашето постоење. Со раѓањето на Исус Христос, нашиот живот повторно доби смисла, затоа што до тогаш, заради гревот, човекот испадна од заедницата со Бога и постана смртен и несреќен и неговиот живот немаше смисла. Со раѓањето, пак, на Богочовекот Христос повторно се воспостави таа заедница и можност за животот вечен и животот човечки доби смисла.

Бог го создал човекот да има живот вечен и радост и веселие во него. Тој живот вечен се состои само во заедницата со Живиот и вечен Бог. Ние сме во заедница со Него, ако ги исполнуваме Неговите заповеди и Евангелието.

Гревот е отпаѓање од таа благодатна заедница со Бога, а со тоа и од животот Вечен. Гревот е нашиот најголем непријател. Бидејки човекот згреши, тој отпадна од Бога и од вечен стана смртен.

Со раѓањето на Исус Христос, Бог се смири со луѓето. Со Неговото раѓање Бог ја раскина таа проклета разделба меѓу нас и Него. Само Исус Христос беше моќен да го стори тоа и Тој повторно го постави мостот, врската меѓу нас и Бог. Со тоа Тој повторно ни даде можност да се подигнеме од калта и проклетството на грешниот живот и смртта и да оживееме во Него. Без Богочовекот Исус Христос ние сме апсолутно ништо. Исус Христос е алфа и омега, почеток и крај и осмислување на нашиот живот.

Исто така, како што Христос нас ни прости и не посети, така ние треба да си простиме еден на друг и да се посетиме. Да не му даваме простор на ѓаволот да стои меѓу нас. Да не заборавиме дека, ако сме вистински Христијани треба вистински да го следиме Христос. И како што Тој прв не возљуби, така и ние треба први да подадеме рака и тогаш вистински ќе можеме заедно со ангелите да ја пееме Божествената песна: “Слава на Бога во висините, на земјата мир и меѓу луѓето добра волја!” Ако не постапуваме така, тогаш бадијала Христос се родил за нас. Ние немаме ништо заедничко со Него. Немаме ништо со радоста на овој празник и нашето срце останува празно, темно и пусто.

И како што со Раѓањето Исусово темната пештера ја исполни со светлина, топлина, љубов и убавина, така и ние да го отвориме нашето срце и да му пренесеме јасли во него и таму да му се поклониме на Богомладенецот, Новородениот Цар и Бог Исус Христос за сите векови.

Амин.

Култура

Три децении монашко служење и духовно татковство на Епископ Партениј, Игумен Бигорски

Објавено пред

на

©porta.mk

Во оваа триесетта година од неговото монашко служење, во годината кога се навршуваат пет години од неговата хиротонија за епископ и кога го очекуваме неговиот педесет и петти роденден, да се потрудиме и ние – пред сè со делата наши, а потоа со молитвите и со животот наш – да му причиниме радост, за тој да може и понатаму, уште многу години, со силно здравје и Божјо просветление, да биде нашиот духовен столб, заштитник на верата и вистински духовен татко.

Во оваа триесетта година од неговото монашко служење, во годината кога се навршуваат пет години од неговата хиротонија за епископ и кога го очекуваме неговиот педесет и петти роденден, да се потрудиме и ние – пред сè со делата наши, а потоа со молитвите и со животот наш – да му причиниме радост, за тој да може и понатаму, уште многу години, со силно здравје и Божјо просветление, да биде нашиот духовен столб, заштитник на верата и вистински духовен татко.

На многаја и благаја лета, Владико наш свет, Епископ Партениј!

Повеќе прочитајте на официјалниот натпис од Бигорскиот Манастир ТУКА

Прочитај повеќе...

Култура

Кичевското архиерејско намесништво со известување по повод Задушница

Објавено пред

на

©porta.mk

Кичевското архиерејско намесништво ги известува своите верни чеда дека на ден 21.02.2025 година (петок) во 14⁰⁰ часот, во градскиот храм „Свети апостоли Петар и Павле“ – Кичево, ќе се изврши општ Парастос (опевање) за упокоените наши браќа и сестри во Христа Господа. Секој што сака да направи спомен за упокоените треба да донесе варена блага пченица, црвено вино и лепче од пченично бело брашно за да се отслужи оваа служба.

Другиот ден, на самиот ден Задушница, 22.02.2025 година (сабота), започнувајќи од 08⁰⁰ часот наутро, свештениците ќе ги посетат старите и новите градски гробишта, па кој не дошол во петокот во храмот, тоа може да го направи во саботата на гробовите на своите упокоени. Исто така, и на гробовите да се има варена блага пченица, црвено вино и лепче од пченично бело брашно и да се покаже трпение додека не помине свештеникот секаде каде што треба, бидејќи трпението е една христијанска добродетел која е покажување на љубов, но и којашто ќе се прифати и како милост за упокоените. ПАРЦЕЛИТЕ, пак, 6, 7 и 8 кај новите градски гробишта ќе бидат посетени за отпевање после 09³⁰ часот наутро (тоа се најновите парцели).

Сакаме да напоменеме уште и тоа: Задушница е општиот ден посветен на упокоените, кога се спомнуваат сите наши роднини и пријатели кои починале во благочестива вера и со надеж во сеопштото воскресение, па оттаму произлегува и благословот даден од страна на Црквата за вечно спомнување – „Вечнаја памјат“ (Вечен спомен).

Оние кои не се починати со достоинство, по благослов на свештеник, секој може да си ги спомне дома во своите секојдневни молитви за упокоени, а во таа група спаѓаат: некрстени, отпадници од Православната Христова вера и Црква, јавни Божји хулители и хулители на Црквата и самоубијци. Тоа е така, затоа што тие самите, по својата сопствена волја се оддалечиле од „Патот, Вистината и Животот“ (Јован 14,6), па не се спомнуваат на сите црковните служби, па дури и на Божествената Литургија.

Во однос на храната, пак, којашто се остава на гробовите, подобро е да се однесе на некој кој нема да јаде, отколку да си правиме меѓусебно раздавање. Таа храна не е „за да им се најде на тие кои се упокоиле“, туку е милост како за починатиот, така и за растење во нашите добродетели. Објаснувајќи им го тоа на првите христијански заедници, свети апостол Павле вели: „царството Божјо не е јадење или пиење, туку правда и мир и радост во Светиот Дух“ (Рим 14,17).

Нека Човекољубивиот, Седобриот и Милостивиот Бог ги спомне нашите упокоени ближни, кои се упокоиле со надеж во воскресение и живот вечен, во Своето царство на Отецот, Синот и Светиот Дух, постојано, сега, секогаш и во вечни векови.
Амин!

Вечен им спомен!

Соопштение од Кичевска Парохија

Прочитај повеќе...

Култура

Денеска е Св.Антониј Велики, честито име Антонио, Антоанета, Антониј..

Објавено пред

на

Мисирец, роден околу 250 година во некое село Кома близу Хераклеја. По смртта на неговите благородни и богати родители си го подели наследството со својата малолетна сестра, ја згрижи кај некои роднини, својот дел им го раздаде на сиромасите, а самиот во дваесеттата година од животот се посвети на подвижнички живот, како што тежнееше од детството.
Најпрво се подвизуваше во близина на своето село, но за да го избегне онеспокојувањето од луѓето, се оддалечи во пустина, на брегот на Црвеното Море, каде што како затворник помина дваесет години не дружејќи се со никого освен со Бога преку непрестајна молитва, богомислие и созерцание, поднесувајќи ги неискажливо трпеливо демонските искушенија.
Неговата слава се пронесе по целиот свет и околу него се собраа многубројни ученици коишто ги поучуваше со пример и со слово на патот кон спасението. За осумдесет и петте години од неговиот подвижнички живот само двапати отиде во Александрија, и тоа првиот пат да бара мачеништво во времето на гонењето на Црквата, а вториот на повик на Св. Атанасиј за да ја собори клеветата на Ариевците дека божем и тој ја прифатил Ариевата ерес.
Се упокои во сто и петтата година од животот, а зад себе остави цела војска следбеници и ученици. Иако на беше наобразуван, им беше советник и учител на најучените луѓе на неговото време, каков што беше Св. Атанасиј Велики. Кога некои елински филозофи го искушуваа со книжевна мудрост, Антониј ги засрами со прашањето: „Што е постаро: разумот или книгата? И кое од тие двете е причина за другото?“ Засрамени филозофите се разотидоа, зашто видоа дека самите имаат книжевно памтење без разум, наспроти разумот што го има Антониј. Тој е човек кој го достигна совршенството коешто воопшто може да биде достигнато на земјата.
Тој е воспитувач на воспитувачите и учител на учителите; цели осумдесет и пет години се преобразуваше себеси, па само така имаше сила да ги преобразува и другите. Исполнет со многубројни години и добродетели, Свети Антониј се упокои во Господ во 335 година.
Исто така денес име празнуваат и Антон, Андон, Антоанета, Доне, Дончо, Донка, Тони…
Честито име, да донесе здравје, љубов, среќа, душевен мир и благосостојба!
Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Lifestyle6 часа

Како да го искористите празното шише за детергент за чистење?

Пред да фрлите нешто, размислете дали може повторно да се употреби. Овој совет важи за сè – од стари тегли...

Магазин6 часа

Старомодни колачиња со јаткасти плодови кои одлично се комбинираат со кафе или чај

Овие неодоливи колачиња со ореви ќе ги воодушеват и најпребирливите љубители на слатки. Совршени за оние моменти кога сакате да...

Магазин6 часа

Рецепт за највкусна чоколадна торта: Тајната е во овие три неочекувани состојки

Секој љубител на чоколадни торти знае дека правењето на совршено мека, сочна и вкусна торта е уметност. Но, што ако...

Автомобили6 часа

BMW претстави експериментален автомобил со “супермозок” ВИДЕО

BMW го претстави новиот експериментален електричен автомобил Vision Driving Experience, опремен со својот компјутер Heart of Joy. Овој автомобил не...

Автомобили6 часа

Dacia подготвува електричен автомобил поевтин од новото Twingo

Dacia, која веќе ја освежи својата понуда со моделот Spring, се подготвува да понуди нов електричен автомобил кој ќе биде...

Lifestyle6 часа

Храна која е ултра-обработена, но не е лоша за вашето здравје

Исхраната богата со ултра-обработена храна и нејзините ризици Многу студии ја поврзаа исхраната богата со ултра-обработена храна со зголемен ризик...

Магазин6 часа

Вечната дилема: HDMI, DisplayPort или USB-C – кој е најдобар избор за 4K монитор?

Кога ќе се обидете да поврзете нов 4K монитор, со сигурност ќе забележите различни портови на задната страна – HDMI,...

Магазин6 часа

YouTube конечно ги намалува цените. Наскоро доаѓа нова опција Premium Lite без реклами

YouTube официјално ќе започне со поевтина претплата Premium Lite, која ќе им овозможи на корисниците да гледаат видеа без реклами...

Магазин6 часа

Android 16 Beta носи нови функции за професионални фотографи

Google ја објави втората јавна бета верзија на Android 16, воведувајќи нови функции за професионалните фотографи кои бараат поголема контрола...

Магазин6 часа

Android 16 конечно би можел да дозволи прилагодување на кратенките на тастатурата

Додека некои се скептични за плановите на Google да го претвори Chrome OS во Android за да се натпреварува со...

НАЈЧИТАНИ