Свет Спорт

Реал вечно ќе ја памети ЦСКА: Русите направија незапаметен подвиг во историјата на ЛШ! (ФОТО)

Тоталниот дебакл што го доживеа Реал Мадрид на својот „Сантјаго Бернабеу“ со поразот со 0-3 од руска ЦСКА Москва ги збесна навивачите на „кралевите“, затоа што актуелниот европски шампион сезонава го распродава напорно стекнатиот имиџ.

После шокот во Ла Лига и поразот од Еибар, сега ЦСКА приредува нов шок, кој за мадриѓаните е незапаметен, ама не се памети вакво нешто ниту во ЛШ. Никогаш досега во историјата на групните фази во ЛШ не се случило најслабиот тим во групата двапати да го победи првопласираниот. А, уште помалку кога станува збор за актуелен континентален владетел, а во случајот Реал Мадрид е три години по ред на фудбалскиот трон на Стариот континент.

А не само Лигата на шампиони, туку овој дебакл Реал Мадрид добро и вечно ќе го памети, зашто досега никој на „Сантјаго Бернабеу“ не успеал така да го понижи среде Мадрид. Поразот со 0-3 за „кралскиот клуб“ е најтешкиот во историјата во европските натпреварувања, кога станува збор за домашните средби.

Само џабе целиот овој спектакл за Русите, кога на крај тие останаа со празни раце, па испаднаа од Европа и не успеаа да се преселат во Лига Европа, каде во пролетното шеснаестинафинале ќе игра Викторија Плзен.