Хороскоп
Редовен Хороскоп (03.07) петок

Овен
Работа – Односите со колегите се одлични, па ќе посакате и таквата соработка да ја пренесете и на дружењето после работа.
Љубов –Оние кои се во брак, ги очекува убав и хармоничен ден.
Здравје – Немате тегоби.
Бик
Работа – Ќе се чувствувате дека ова е тежок ден, но тоа е поради многуте одлуки кои морате да ги донесете денес. Со среќа!
Љубов – Не очајувајте што една личност која ви се допаѓа често ве игнорира. За се постои добра причина.
Здравје – Дишете длабоко.
Близнаци
Работа – Покажувате мала доза на скептицизам. Имате подобри идеи од порано, но другите не го забележуваат тоа.
Љубов – Потребно ви е малку да бидете сами.
Здравје – Опуштете се.
Рак
Работа – Имате силен став дека морате да успеете во оваа работа со која се занимавате сега. Некој би можел да се потруди да ви го отежни тоа.
Љубов – Некои луѓе ве сметаат за непријател, а вие им се додворувате.
Здравје – Полни сте со енергија.
Лав
Работа – Занимавајте се со интелектуална работа денес. Бидете внимателни во однос на поединечни одлуки. Имате потенцијал да бидете подобри, но внимателноста е потребна.
Љубов – Емотивната состојба не ви е лоша и сами забележувате дека тензијата поминува.Можете да сметате на поддршката од партнерот.
Здравје – Солидно.
Девица
Работа – Одложете ги сите обврски кои можете да ги одложите и наполнете ги батериите.
Љубов – Не покажувајте љубомора без потреба. Изградете солидна комуникација.
Здравје – Забоболка.
Вага
Работа – Ќе посакате да донесете план за натамошниот период и цврсто да се држите до донесените одлуки, бидејќи сметате дека во тоа лежи успехот.
Љубов – Партнерот ве поттикнува да направите нешто конкретно за себе, но тоа не ви одговара бидејќи не сакате никој да ви се меша во животот, па ниту таа личност.
Здравје – Главоболка.
Шкорпија
Работа – Кога е во прашање вашата финансиска страна, добро би било да се потрудите да заработите повеќе. Ја имате можноста за тоа.
Љубов – Вашата страст се буди и сакате да знаете точно на што сте со партнерот. Ви следи и ново познанство.
Здравје – Покачен крвен притисок.
Стрелец
Работа – Морате да се држите до одредена насока и правила кога станува збор за работата. Една Девица ви е голема поддршка.
Љубов – На ова поле се чувствувате растеретено бидејќи ви делува како да поминаа бурите.
Здравје – Немате поголеми тегоби.
Јарец
Работа – Стратегијата која ја имате е добра за да постигнете нешто на ова поле. Бидете во добро расположение бидејќи ве очекуваат извонредни финансиски приливи.
Љубов – Искористете ја вечерта за да излезете. Партнерот ви ја дават сетта поддршка.
Здравје – Внимавание за хроничните болни.
Водолија
Работа – Кога станува збор за работата, не треба да се осврнувате на колегите и нивните коменари. Тие се малку лошо расположени во однос на успехот кој го постигнувате.
Љубов – Денеска ќе биде потребно да покажете силен став.
Здравје – Пад на имунитетот.
Риби
Работа – Малку сте уморни од обврски и ви следи мал одмор.
Љубов –Размислувате за личност која често ја гледате. Бидете храбри и пријдете и.
Здравје – Психички проблеми.
Хороскоп
Хороскоп за недела (9 март)

Овен
Успевате да ги решите сите проблеми кои ве оптоваруваа изминатиот период. Денеска ќе се чувствувате многу подобро.
Имате потреба отворено да разговарате со саканата личност за работите кои долго ги држевте во себе.
Проблеми со нозете.
Бик
Не е претерано поволен ден за нови вложувања, кредити, позајмици или други финансиски одлуки.
Ви годи вниманието кое го добивате од личноста која долго време се труди да ви се приближи.
Посетете лекар за рутинска контрола.
Близнаци
Задоволни сте од околностите на ова поле. Остваривте стабилност кон која тежнеевте и добро се чувствувате поради тоа.
Ве очекува интересна средба со личност која искрено ви значи.
Потребно е да внесувате повеќе течности.
Рак
Одлучни сте и подготвени да ги покажете способностите во најдобро светло. Сакате унапредување.
Сакате стабилност во врската. Подготвени сте за важни одлуки.
Би ви годела масажа и опуштање.
Лав
Во себе имате мир, самодоверба и добро се чувствувате. Пред вас е поволен период да донесете важни одлуки на ова поле.
Можна е минлива авантура, но денешниот ден генерално не е поволен за сериозна врска.
Многу сте чувствителни.
Девица
Можно е и самите да не сте сигурни во која насока би требало да одите. Имате голема дилема кога станува збор за работата.
Можете да очекувате позитивна ситуација со саканата личност, но некои ситници ви ја нарушуваат убавата атмосфера.
Ви недостасува сон.
Вага
Можете да се надевате на остварување позитивни промени на полето на работата. Пред вас е поволен ден.
Спонтано доаѓате до ново познанство кое многу ќе ви годи.
Напнати сте.
Шкорпија
Чекате нова шанса за важни работи. Подготвени сте да се посветите максимално на работата.
Ви се допаѓа личност со која на прв поглед немате ништо заедничко, но ве спојува некоја необична енергија.
Тахикардија.
Стрелец
Пред вас е можност да се занимавате со некои работи кои одамна сте требале да ги завршите.
Ве очекуваат убави моменти со саканата личност. Ако сте слободни, ве очекува интересен флерт.
Избегнувајте стресни околности.
Јарец
Можно е вашата стабилност да биде загрозена на некаков начин. Тоа ќе ви донесе голем стрес.
Имате впечаток дека саканата личност ви внесува притисок во животот. Не сте подготвени да и се посветите и да ги менувате своите навики.
Можна е главоболка.
Водолија
Ако соработувате со личност родена во земјен знак, во текот на денешниот ден ќе имате мали проблеми.
Имате стабилен однос со саканата личност и поради тоа сте заодоволни. Не ве очекуваат големи промени.
Можни се проблеми со кичмата.
Риби
Дружењето со колегите ви носи нови идеи за работа.
Ве очекува средба со личност која на прв поглед делува малку дистанцирано.
Здравјето е без проблеми.
Хороскоп
Хороскоп за сабота (8 март)

Овен
Можете да очекувате генерално добар ден за работа. Пред вас е поволна атмосфера да решите некои работи.
Опуштени сте и саканата личност знар дека не сакате да ја ограничувате на ниту еден начин.
Здравјето е добро.
Бик
Имате големо искуство на полето на работата и на тој начин сте подготвени да донесете исправни одлуки.
Љубов со личност од странство е нешто што ви ја враќа возбудата и страста во животот.
Избегнувајте алкохол.
Близнаци
Можно е да успеете да дојдете до заработка што ќе ја подобри вашата состојба на полето на финансиите.
Склони сте кон авантури и минлив флерт. Не сте подготвени за почеток на сериозна врска.
Здравјето е добро.
Рак
Претерувате во однос на ситуацијата во која се наоѓате. Водете сметка како се однесувате.
Состојбата во љубовта е прилично нестабилна. Проблемите постојат, но морате да бидете трпеливи.
Внимавајте на повреди.
Лав
Можете да очекувате дека ќе бидете зафатени и во текот на денешниот ден.
Пред вас е ден во кој љубовта нема да ви биде приоритет. Повеќе ќе се посветите на други работи кои ви се важни.
Можен е пад на имунитетот.
Девица
Имате можност да се одморите и да најдете доволно време за да се издвоите од работното окружување.
Интересен период ве очекува кога станува збор за љубовта.
Имате многу позитивна енергија.
Вага
Одлично сте расположени и имате многу мотивација па ништо не ви е тешко кога станува збор за работата.
Сакате да го зачувате бракот иако сте имале некои проблеми досега. Сметате дека сите работи можат да се решат.
Внимавајте на варењето.
Шкорпија
Не е поволен ден за патување, па избегнувајте ги промените на тоа поле.
Лесно може да дојде до почеток на врска денеска.
Грлото ви е подложно на воспаленија.
Стрелец
Пред вас е ден во кој ќе можете малку да одморите од работата.
Ако ви се допаѓа личност родена во знакот Шкорпија, можете да очекувате добар однос со неа.
Здравјето е одлично.
Јарец
Пред вас е ден во кој ќе успеете да ги решите проблемите кои во изминатиот период се јавија во работата.
Задоволни сте со она што го имате со вашиот партнер. Ништо не сакате да менувате.
Би ви годела физичка активност.
Водолија
Склони сте кон нови грешки. Потрудете се да поработите на концентрацијата.
Ќе запознаете личност која ќе ви се покаже во погрешно светло. Не верувајте во се што слушате.
Можна е главоболка.
Риби
Имате впечаток дека некои работи морате да ги завршите сами. Во текот на денешниот ден нема да добиете помош која ви е потребна.
Ви се допаѓа личност кон која чувствувате и симпатии, но и стравопочит.
Внимавајте на стопалата.
Хороскоп
Хороскоп за петок (7 март)

Овен
Можно е да не доаѓаат финансии онака како што ги очекувате. Тоа ви го менува концептот за работата.
Саканата личност не е доволно отворена кон вас и тоа го забележувате. Подготвени сте јасно да ги расчистите работите.
Внимавајте на слепото црево.
Бик
Ве очекува потпишување на важен договор. Подготвени сте за нови одлуки.
Иако партнерот често е тврдоглав, сепак подготвени сте да простите. Сметате дека вистинската љубов бара жртви.
Проблеми со акните.
Близнаци
Работното окружување во кое се наоѓате веќе не ви одговара. подготвени сте да направите чекор напред кон нови промени.
Не сте свртени кон партнерот. Се чувствувате дека љубовта полека ја снемува.
Посетете лекар.
Рак
Можете да очекувате во текот на денешниот ден да остварите одлични резултати со кои ќе бидете задоволни.
Пред вас е фаза во која лесно ќе склопувате нови познанства. Склони сте кон промени на полето на љубовта.
Внимавајте на нервите.
Лав
Работната ситуација полека се менува, а вие не го очекувавте тоа.
Односот со саканата личност не е ист како порано. Не сакате неискреност и таквата ситуација не ви годи.
Внимавајте на исхраната.
Девица
На работа ќе покажете дека можете да ги земете работите во свои раце и дека можете работите да ги организирате подобро од вашите колеги.
Саканата личност ќе се потруди да ве изманипулира. Размислете дали ви е потребна таква врска.
Проблеми со синусите.
Вага
Работната ситуација е генерално добра. Не би требало да очекувате поголеми промени на ова поле.
Можете да очекувате дека ќе успеете да остварите стабилизација во однос на личноста која ви значи.
Одлично се чувствувате и немате проблеми.
Шкорпија
Можно е во текот на денешниот ден да добиете можност да напредувате и да прејдете на нова позиција.
Нови љубовни ситуации се пред вас.
Проблеми со очите.
Стрелец
Пред вас е можност да се посветите на сите идеи кои ги започнавте изминатиот период.
Имате несогласувања со саканата личност кои многу ве оптоваруваат.
Избегнувајте напор.
Јарец
Работата не ве оптоварува, а денеска ќе имате можност и малку да одморите.
Ве очекува враќање на личност од минатото. Тогаш немавте храброст да и пријдете, но сега работите се менуваат.
Одлично се чувствувате.
Водолија
Денеска сте склони кон нервоза кога станува збор за работата. Брзоплети сте и ги комплицирате работите.
Партнерот не знае дали сте лути на него или постои уште нешто.Проблемот нема да исчезне ако не го решите.
Потребен ви е одмор.
Риби
Можно е некои работи да не се како што очекувате.
Ако сте слободни, денеска е поволен ден за почеток на врска.
Проблеми со циркулацијата.
-
Хороскоп15 часа
Хороскоп за недела (9 март)
-
Хроника22 часа
Трагична сообраќајна несреќа го потресе Охрид пладнево, загина млад мотоциклист на регионалниот пат Охрид – Св.Наум
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за сабота (8 март)
-
Здравје и убавина18 часа
Следните седум работи кај луѓето, ја уништуваат убавината на забите
-
Магазин1 ден
Денес е 8-ми март, меѓународниот ден на жената. Со најубава порака покажете го вашето внимание. Честит празник дами!
-
Здравје и убавина1 ден
Магнезиумот е доста важен за здравјето на кардиоваскуларниот систем
-
Здравје и убавина1 час
Дали сте знаеле за моќниот домашен еликсир против пролетната поленска кивавица?