Следете не

Македонија

Регистрирани 367 нови случаи на Ковид-19, починале 5 лица..

Објавено пред

на

Во последните 24 часа се направени 2596 тестирања, а регистрирани се 367 нови случаи на ковид-19 во:
-Скопје 167
-Прилеп 37
-Кавадарци 33
-Охрид 17
-Велес 15
-Куманово 14
-Тетово 14
-Гостивар 12
-Неготино 12
-Штип 7
-Гевгелија 7
-Битола 6
-Струга 4
-Кратово 4
-Струмица 3
-Ресен 3
-Кочани 3
-Делчево 2
-Пробиштип 2
-Крушево 2
-Кичево 1
-Крива Паланка 1
-Берово 1
-Валандово 1

Починати се 5 лица, 2 пациенти од Скопје (91г и 83г) и по еден смртен случај е пријавен од Гостивар (77г), Крива Паланка (40г) и Демир Хисар (65г). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Регистрирани се 202 оздравени пациенти од:
-Скопје 105,
-Куманово 18
-Кавадарци 14
-Тетово 11
-Штип 8
-Неготино 7
-Гевгелија 6
-Велес 5
-Кочани 5
-Гостивар 4
-Крива Паланка 4
-Демир Капија 4
-Струмица 3
-Ресен 3
-Кичево 1
-Демир Хисар 1

Досега во земјата се направени вкупно 482.026 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 96.518, бројката на оздравени пациенти е 87.324, на починати е 2.971, а бројот на активни случаи изнесува 6.223.

Македонија

Засилени сообраќајни контроли на МВР, вкупно 682 санкции за возачи, 68 од нив биле за возење без возачка дозвола

Објавено пред

на

Со бројката од вкупно 682 издадени платни налози за сторени прекршоци по основ на одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила беа заокружени вчерашните (05.03.) интензивни и плански активности на полициските службеници при МВР во делот на сообраќајните контроли на патиштата низ земјава.

Притоа, во рамки на посочената бројка, а по основ на преовладувачките прекршоци што ги прават учесниците во сообраќајот – неправилно паркирање и возење со брзина поголема од дозволената, беа евидентирани 204, односно 136 прекршоци. Покрај ова, без возачка дозвола регистирани беа 68 возачи, потоа 63 учесници во сообраќајот беа санкционирани за некористење сигурносен појас, а 27 – за користење на мобилен телефон при возење.

Исто така, според статистичките податоци, во пет случаи возачи минале на црвено светло, во четири случаи кај возачи било утврдено возење под дејство на алкохол, 11 возачи на моторцикли се санкционирани заради неносење заштитен шлем, а санкционирани биле и 22 пешаци.

По основ пак на Законот за возила 17 возила се отстранети од сообраќај затоа што биле нерегистрирани, а девет заради техничка неисправност, информира МВР.

Прочитај повеќе...

Македонија

МВР: Граѓаните да не наседнуваат на измами

Објавено пред

на

Во изминатиот период во Министерството за внатрешни работи од страна на граѓаните пријавени се повеќе кривични дела „измама“, кои се извршени врз повозрасни лица. Сторителите ги доведуваат во заблуда лицата на тој начин што им се јавуваат телефонски и им се претставуваат како службени лица, најчесто полициски службеници, и од нив бараат финансиски средства за ослободување од кривичен прогон на нивни деца или внуци кои, наводно, непосредно пред јавувањето направиле сообраќајна несреќа со смртни последици. Измамниците ги контактираат жртвите најчесто на фиксен телефон, но има случаи каде што се контактирани и преку мобилен телефон со скриен број, а за да бидат поуверливи во позадина се слуша глас кој бара помош.

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека се преземаат мерки и активности за расчистување на досега пријавените кривични дела и воедно апелираме до граѓани да не наседнуваат на ваквиот вид на измами, а доколку бидат контактирани, веднаш да пријават во полиција.

Прочитај повеќе...

Македонија

Од ноќеска цената на сите нафтени деривати се намалува, ова е новата цена

Објавено пред

на

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-ЕV) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се намалуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 24.02.2025 година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 77,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 79,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 72,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 71,50 ден/лит.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп16 минути

Хороскоп за петок (7 март)

Овен Можно е да не доаѓаат финансии онака како што ги очекувате. Тоа ви го менува концептот за работата. Саканата...

Кичево2 часа

ЕВН КЕЦ Кичево ќе работи на терен, времен прекин на електродистрибуција ќе има с.Кнежино и неколку кичевски улици, ова се информациите

Како што информираат од ЕВН, поради зафати на електродистрибутивната мрежа утре на ден 07.03 – петок, „ЕВН КЕЦ Кичево“ ќе работи...

Спорт4 часа

Младата женска фудбалска репрезентација до 17 години со „петарда“ против своите врснички од Молдавија, 5:0 за нашите девојки кои ветуваат одлична игра!

Млада женска репрезентација на Македонија до 17 години славеше убедлива победа со 5:0 против соодветната селекција на Молдавија во рамките...

Lifestyle11 часа

Седумте најлоши намирници што можете да ги консумирате пред тренинг

Сите знаеме дека покрај редовното вежбање, важно е и да се храниме здраво. Но, некои здрави намирници што ги консумирате...

Lifestyle11 часа

Како да се ослободите од отечени очни капаци – брзо и долгорочно

Зошто се појавуваат подуени очи?Отечените очни капаци обично се резултат на задржување течности, што може да биде предизвикано од различни...

Lifestyle11 часа

Како мачките ја покажуваат својата љубов кон сопствениците?

Мачките се приврзани, но на свој начинИако мачките важат за независни животни, тие сепак можат да развијат силна врска со...

Lifestyle11 часа

Водата во универзумот постои многу порано од претходните проценки

Откриено е дека водата се формирала непосредно по првите суперновиСпоред нова студија објавена во Nature Astronomy, водата била присутна во...

Магазин11 часа

Apple и Google отстрануваат малициозни мобилни апликации

Околу 20 апликации повлечени поради безбедносни заканиApple и Google отстранија околу 20 мобилни апликации од нивните продавници, откако безбедносните истражувачи...

Магазин11 часа

Google Search добива AI режим – револуција во пребарувањето информации

Пребарување со вештачка интелигенцијаGoogle официјално го воведе „AI режимот“ во Google Search (6 април), овозможувајќи им на корисниците директни одговори...

Магазин11 часа

Samsung Galaxy S25 Ultra: Надградба на совршенството

Дизајн и материјалиSamsung секоја година воведува нова генерација на Galaxy телефони, задржувајќи ја титулата еден од најдобрите паметни телефони во...

НАЈЧИТАНИ