Спорт
Роден е да биде најдобар, Кристијано Роналдо урива рекорди
Еден од најдобрите фудбалери на денешницата, Кристијано Роналдо успеа да го собори европскиот рекорд по бројот на постигнати голови во квалификациските средби за пласман на европските првенства. Со своите четири гола на дуелот со Литванија синоќа, суперѕвездата на Јувентус веќе стигна до бројката од 25 гола на 31 настап за Португалија во квалификациски дуели за пласман на континенталните собири.
Со ова остварување, Роналдо успеа да го собори рекордот на репрезентативецот на Р. Ирска, Роби Кин, кој досега беше неприкосновен на листата со 23 постигнати гола.
Интересен е и фактот што Роналдо синоќа дојде и до бројката од 702 постигнати гола во својата кариера.
Спорт
Гвардиола: „Се е полошо и полошо, неможам да најдам решение“ – По водството Манчестер Сити за две минути прими два гола и остана без бодови
Манчестер Сити и Пеп Гвардиола испуштија победа во градското дерби. „Сити“ водеше на „Етихад“ до 88. минута, за само две минути примија два гола и останаа без бодови: Манчестер Сити – Манчестер Јунајтед 1:2.
Шпанскиот тренер по мечот делуваше неутешно, а неговите играчи беа вознемирени, особено Матеус Нунес, виновникот за пеналот.
– „За жал, оваа година пречесто почнаа да ни се случуваат вакви работи. Не бевме добри во начинот на кој игравме. Порано се се одвиваше така глатко, сега се мачиме од разни причини. Ова е голем пораз. Вложивме сè и натпреварот беше речиси затворен. Тешко е да се прифати дека на крајот примивме два гола и загубивме. Ова не е вина на еден играч. Ова е дефинитивно тешка сезона за нас“, изјави Пеп Гвардиола.
Сегашната статистика е катастрофална. Дури осум порази во последните 11 натпревари во сите натпреварувања.
– „Немавме толку порази во претходните две сезони заедно. Мора да се браниме подобро. Загубивме премногу натпревари. Тешко е, но мораме да продолжиме понатаму и да се обидеме да најдеме решение“.
Новинарите прашаа дали овој пораз од градскиот ривал му бил еден од најтешките на клупата на Сити. Добија негативен одговор.
– „Мислам дека во овие девет години не беше најтешкиот пораз. Поразите се многу потешки во Лигата на шампионите. Но, во моментов ни требаат резултати за да ни се подигне духот. Сè е полошо и полошо. Морам да најдам решение. Досега не сум успеал и тоа е вистината“.
Сити остана на петтото место со 27 удари. Во следното коло гостува Астон Вила.
Табела:
Спорт
Македонија во група со Белгија, Велс, Казахстан и Лихтенштајн за квалификации за СП 2026
Денеска во Цирих, Швајцарија се одржа ждребот за квалификациите за пласман на СП, кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико во периодот од 11 јуни до 19 јули 2026 година.
Нашата најдобра репрезентација се наоѓаше во третиот шешир и на денешното извлекување за ривали ги доби селекциите на Белгија, Велс, Казахстан и Лихтенштајн, во рамките на групата Ј.
Квалификациите за пласман на СП 2026 ги стартуваме во март, информираа од Фудбалската федерација на Македонија
🎙️ Благоја Милевски – селектор на македонската А репрезентација:
💬 “Извлекувањето во Цирих ни носи надеж.
Добивме група со репрезентации со кои може да играме и да се надеваме на добар пласман”.
Благоја Милевски: За мене е важно ние да го задржиме истиот пристап како на последните натпревари од Лига на нации, силно мотивирани да влеземе во квалификациите и да одново да се бориме за резултат кој може да ни донесе можност за евентуален пласман на големо натпреварувањe
Спорт
Две македонски судијки добија ФИФА знак, додека македонската „А“ футсал репрезентација ќе одигра два натпревари против Холандија и Андора
Уште едно големо признание од страна на ФИФА доби судиската организација при Фудбалската федерација на Македонија. Две наши судијки официјално го добија знакот на ФИФА со кој им е овозможено да делат правда на меѓународни натпревари. Тамара Цветановиќ официјално стана ФИФА помошен судија, а Моника Даштевска стана футсал судија.
Футсал А репрезентација на Македонија кон средината на декември ќе одигра два натпревари против Холандија и Андора во рамките на квалификациите за пласман на ЕП 2026 година.
Првиот од двата квалификациски мечеви го играме на гостински терен портив силната Холандија. Дуелот ќе биде одигран на 13. декември, во Алмере, со почеток од 19.30. Во вториот квалификациски меч, на домашен терен ја пречекуваме Андора. Натпреварот против Андора ќе се одигра на 18. декември со почеток во 19. часот, во спортската сала „Јане Сандански”.
Селекторот на футсал репрезентацијата на Македонија, Васко Скендеровски за претстојните квалификациски мечеви со Холандија и Андора се одлучи да ги повика следните фудбалери:
Антонио Петровски
Иван Стојановски
Никола Спасовски
Зоран Левски
Таулант Исмаили
Даниел Марињо Де Соуза
Марио Благојевски
Садат Зибери
Драган Петровиќ
Игор Леовски
Димитар Јанев
Јакуп Рамадани
Иван Крстевски
Даниел Марихио Де Соуза
Извор: ФФМ
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за недела (15 декември)
-
Кичево2 дена
Со „Integral House“ – Кичево, се ѐ полесно, тимот на професионалци вашиот дом ќе го направат во чекор со модерната „smart“ технологија, во движење и на дофат
-
Хороскоп52 минути
Хороскоп за понеделник (16 декември)
-
Македонија16 часа
Од предмалку воведена забрана за тешки товарни возила за превој Стража
-
Македонија1 ден
Охриѓанка била измамена, лицето кое ја измамило и кажал дека има пари на сметка од Биткоин
-
Свет1 ден
Во Италија стапи на сила новиот ригорозен закон за возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол
-
Македонија14 часа
Поголемиот дел од Македонија под дожд, превоите и скијачките терени под снег
-
Македонија10 часа
ДПИ со соопштение за мониторинг на цени на производи од „Новогодишна кошница“