Следете не

Спорт

ОДБОЈКА ЕП: По Белорусија на колена и Словенија! Горда МАКЕДОНИЈА, секоја чест момци!

Avatar

Објавено пред

на

Одбојкарите на Македонија по вчерашната победа над Белорусија, пред малку го совладаа и домаќинот Словенија со 3:1 во сетови, што претставува сериозно изненадување.

Нашата репрезентација поведе со 2:0 во сетови, но дури и тогаш обложувалниците и даваа мали шанси да го освои и третиот сет.

Словенците намалија на 2:1 во сетови и кога се чинеше дека се на пат кононечен пресврт поведувајќи во четвртиот сет, Македонија успеа да победи со 26:24 и со тоа да постигне и конечна победа од 3:1.

Инаку, пред натпреварот, се сметаше дека нашата репрезентација нема апсолутно никакви шанси против Словенија. Посебно што домаќинот без големи проблеми претходно ги победи Финска и Турција, кои со нас немаа никаков проблем.

Ова е втора победа на нашата репрезентација, по трите порази во првиот дел од Европското првенство.

/Денешен

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Спорт

Фудбалерите на ПСЖ ќе добијат златни кутии за „Iphone“ за освојувањето на Лига 1

Avatar

Објавено пред

на

Компанијата „Дизајн голд“, партнер на фудбалскиот клуб Пари Сен-Жермен, најави дека на сите играчи ќе им подели кутија за „Ајфон“ изработена од 24-каратно злато, во чест на победата во францускиот шампионат 2019/20.

Кутиите ги содржат имињата на играчите, нивниот број на дресот и логото на Лига 1.

ПСЖ беше прогласен за шампион пред одигрување на сите натпревари од сезоната, бидејќи првенството е прекината поради коронавирусот.

Парижаните беа во предност, пред второпласираниот Марсеј со 12 бодови.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Спорт

Вернер ќе го одбие Берн поради Ливерпул

Avatar

Објавено пред

на

Напаѓачот на Лајпциг, Тимо Вернер на крајот на сезоната нема да замине во Баерн Минхен. Фудбалерот на германската репрезентација нема да ја продолжи кариера во друг клуб во Бундеслигата.

Вернер има намера да се пресели во Ливерпул за да може да работи со тренерот на „црвените“ Јирген Клоп, објави „Билд“.

Претходно се дозна дека за Вернер се заинтересирани и Барселона, Интер, Јувентус и Манчестер јунајтед.

Во сезоната 2019/20, Вернер постигна 27 голови и оствари 12 асистенции на 36 натпревари за Лајпциг. Неговата вредност на фудбалскиот пазар се проценува на 64 милиони евра.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Спорт

Премиерлигашите го најдоа датумот за рестарт на сезоната

Avatar

Објавено пред

на

Англиските премиерлигаши го поставиле датумот 8 јуни за рестарт на сезоната и последните девет кола да ги доиграат до јули, објави „Би-Би-Си.“.

Според „проектот рестарт“ кој го започнале клубовите, од 18 мај сите ќе може да се вратат на редовни и нормални тренинзи, а потоа за три недели прктично да достигнат одредено добро ниво на физичка подготовка и веќе од почетокот на јуни да продолжат со мечевите во кои главната битка ќе се води за европските места, како и за опстанокот, зашто Ливерпул е на само две победи до верификување на титулата.

Премиерлигата е прекината на 13 март после пандемијата со коронавирус, а за петок е најавен нов состанок, на кој ќе треба да бидат познати сите детали, од протоколот за заштита кој ќе се воведе за да се доигра сезоната, преку стадионите на кои ќе се игра и начинот на кој ќе бидат завршени преостанатите 92 меча.

Во изминатиов период еден куп информации се појавија од тоа дека сезоната ќе се доигра само на Вембли, или пак на тренинг-центарот на ФА и на уште еден стадион во регион во кој има најмала стапка на заразеност од Ковид-19.

Сепак, последен збор има владата на Велика Британија за одредување на датумот во координација со здравствените власти, но Премиерлигата веќе доби поддршка од властите да се подготвува за рестарт на сезоната набрзо. Сепак, ќе има пет мерки кои секој клуб ќе мора да ги исполни, а меѓу нив е и засилено тестирање на Ковид-19.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Временска прогнозаПред 2 часа

Облачно со локални врнежи од дожд и засилен ветер, продолжува период со облачно и нестабилно време

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со умерен, повремено засилен северен ветер. На...

ХороскопПред 4 часа

Хороскоп за денес (27.05) среда

ОВЕН Ги решавате проблемите кои настанале поради туѓа вина и не ви е драго поради тоа. Можеби имате додворувач кој...

МакедонијаПред 9 часа

Од утре се укинува полицискиот час, од четврток со работа започнуваат угостителските објекти

Од утре и официјално ќе биде укинат полицискиот час, пред малку на прес конференција информираше пред малку премиерот Оливер Спасовски....

МакедонијаПред 14 часа

Вкупно 16 ново случаи на Коронавирус во Македонија

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 14 оздравени пациенти во: Скопје-3 и Тетово-11. На Клиниката...

МакедонијаПред 15 часа

Дополнете резервоари, повторно зголемување на цените на нафтените деривати од ноќеска

Регулаторната Комисија за Енергетика тукушто ги објави новите максимални цени на горивата кои се зголемуваат за 2.50, односно 3.00 денари....

КичевоПред 18 часа

ЕВН Кичево: Денес времен прекин на електрична енергија дел од ул. „11-ти Септември“

ЕВН Македонија известува дека поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа на ден 26.05.2020 година, без напојување со електрична енергија ќе...

МакедонијаПред 1 ден

Денес на пладне регулаторна ќе одлучува дали ке поскапуваат нафтените деривати

Регулаторна комисија денес на пладне треба да ги утврди новите цени на горивата во Македонија. Нафтата на светските берзи во...

ХороскопПред 1 ден

Дневен Хороскоп (26.05) вторник

ОВЕН Денешната атмосфера во работното опкружување е прилично напната и вие сте понервозни од обично. Во вашиот љубовен живот постојат...

Здравје и убавинаПред 1 ден

Народен лек против холестерол и висок крвен притисок

Добро ни се познати благодетите од билките и нивните лековити својства. Различни билки вилјаат на различни состојби, а во прилог...

КичевоПред 2 дена

Вчера три лица од Кичево не го почитувале Полицискиот час

Во текот на изминатото деноноќие (24/25..2020 година), за време на полицискиот час и спроведувањето на мерките за ограничено движење и...

НАЈЧИТАНИ