Предмалку првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија се истакна на социјалните мрежи дека поднел оставка од столчето претседател, односно Управниот одбор на вонредната седница ја прифатил оставката на Сејдини, така што за 22-ри декември експресно закажал вонредно изборно собрание за нов престедател за Фудбалската федерација на Македонија, додека Сејдини ќе остане на функцијата до истото.
– На Вонредното изборно Собрание на ФФМ на 22.12.2024 ќе се констатира оставката на актуелниот претседател на ФФМ, Муамед Сејдини и ќе се избере претседател на Фудбалската федерација на Македонија – истакнаа од Фудбалската федерација на Македонија
Кичевчанецот Сејдини е претседател во ФФМ од 2018-та година по Илчо Ѓорѓиевски, додека во неговиот мандат четири години беше втор човек на федерацијата. Во неговиот мандат кој регуларно истекува во март 2025-та, нашата селекција бележи големи натпреварувања, односно пласман на Европското првенство. Низ годините, може да се забележат бројни инфраструктурни проекти во соработка со УЕФА и ФИФА, обновување стадиони, трибини, поставување нов тревник, осветлувања, второто место во квалификациската група за Светското првенство и незаборавната победа над Италија во Палермо, успесите во Лигата на нации со премин во Лига Б.
Во неговото интегрално обраќање преку социјалните мрежи тој истакна: Благодарност до сите кои придонесоа за досегашните успеси, фудбалерите, селекторите, клубовите, инвеститорите, администрацијата, Управниот Одбор и секој љубител на фудбалот, со целосна верба во иднината на Федерацијата и македонскиот фудбал, иште еднаш од срце ви благодарам.