Следете не

Мобилни уреди

Samsung Galaxy S10 моделите се погодни за Gaming (ФОТО)

Објавено пред

на

За време на неодамнешниот Unpacked настан дознавме дека Samsung се здружил со креаторите на гејмерскиот енџин Unity за постигнување на подобар гејминг со новата серија смартфони на компанијата – Galaxy S10.

Според податоците на Newzoo, пазарот за мобилни игри генерирал приходи од 63,2 милијарди долари во 2018, што го прави и најголемиот сегмент во гејмерската индустрија.

Во контекст на ова, Galaxy S10 и S10 + нудат сериозно количество системска меморија од 6GB до 12GB и до 1TB меморија за складирање датотеки. Освен тоа, чипсетот вклучува 29% побрз процесор и 37% побрз графички акцелератор во однос на S9. Сето ова ги прави уредите особено погодни за игри, па дури и со најоптоварувачките наслови како Fortnite.

Unity е еден од најпопуларните енџини за развој на игри, а токму за овие игри е оптимизирана новата серија смартфони. Се очекува игрите да работат подобро на Galaxy S10 спрема други модели паметни телефони кои се достапни во моментот.

Гејминг искуството би требало да се доближува повеќе до тоа кај компјутерите и конзолите. Достапни се подобрувања и оптимизации со
користење и на вградената технологија за вештачката интелигенција.

Меѓу останатите параметри кои придонесуваат за одлично гејмерско доживување, се дисплејот кој е со HDR10 + сертификација, и звучните технологии на Dolby.

Достапен е и специјален систем за ладење, кој кај Galaxy S10e и S10 е врз основа на подобрен систем од цевки за ладење, а Galaxy S10+ располага со „vapor chamber“ решение ова овозможува оптимално ладење дури и при сериозни оптоварувања на уредот.

Магазин

BlackBerry повторно на пазарот: Дали легендарниот бренд се враќа со 5G смартфон?

Објавено пред

на

Легендарниот телефонски бренд BlackBerry, познат по своите физички QWERTY тастатури, би можел да се врати на пазарот со нов модел.

Обидите за оживување на BlackBerry

По лиценцирањето на името BlackBerry за модели како што се KEYone, KEY2, KEY2 LE и Motion, кинескиот производител TCL се повлече, откако не успеа да ги убеди корисниците дека BlackBerry Android телефоните можат да се натпреваруваат на пазарот.

Во август 2020 година, компанијата Onward Mobility објави дека постигнала договор за производство на 5G BlackBerry телефони. Првите уреди беа планирани за 2021 година, но никогаш не се појавија. Во февруари 2022, BlackBerry ги продаде своите патенти за мобилни уреди за 600 милиони долари, а Onward Mobility официјално го откажа проектот.

Оттогаш, BlackBerry не беше активен на пазарот, освен со најавата за Clicks, додатна QWERTY тастатура за iPhone и Android телефони.

Нова надеж за BlackBerry смартфони?

Сега, на Reddit се појавија информации дека британска компанија разговара со инвеститори за собирање финансии и оживување на BlackBerry смартфоните. Планот е да се продолжи од таму каде што застана Onward Mobility, нудејќи 5G уреди со физички QWERTY тастатури.

Еден корисник на Reddit тврди дека неговата компанија потпишала договор за необјавување на информации (NDA), па не може да сподели детали за дизајнот на првиот BlackBerry 5G смартфон. Сепак, објавил монтиран скриншот и дел од спецификациите.

Можни спецификации на новиот BlackBerry

  • AMOLED екран (големината не е позната)

  • 12 GB RAM

  • 256/512 GB внатрешна меморија

  • Физичка QWERTY тастатура

  • 5G поддршка

  • Генеративна вештачка интелигенција

  • Оперативен систем: Android 15

Наводно, планот вклучува повеќе уреди со физички QWERTY тастатури, но нема конкретни датуми за лансирање. Се претпоставува дека BlackBerry смартфонот нема да се појави во следните неколку години.

Дали BlackBerry ќе се врати?

Компанијата која моментално ги поседува BlackBerry патентите е Malikie Innovation, која е подготвена да лиценцира 32.000 патенти поврзани со брендот.

Реакции на корисниците

Мислењата на корисниците се поделени:

  • „Ќе поверувам кога ќе го видам.“

  • „Ова звучи како измама.“

  • „Се надевам на добра камера.“

  • „Би го купил кога ќе се појави.“

Останува да се види дали BlackBerry навистина ќе направи големо враќање или ова ќе биде уште еден обид што нема да успее.

Извор: B92

Прочитај повеќе...

Магазин

Google најавува револуционерна надградба за Pixel телефоните

Објавено пред

на

Корисниците на Google Pixel телефони ќе добијат значајно подобрување во безбедноста и удобноста со доаѓањето на Android 16.

Отклучување со отпечаток без активирање на екранот

Во претстојната верзија на Android 16, Google ќе овозможи отклучување со отпечаток додека екранот е исклучен. Ова значително ќе го забрза процесот на автентикација и ќе го направи користењето на телефонот уште поедноставно.

Функцијата ќе биде достапна за сите Pixel телефони со ултразвучен сензор за отпечатоци, почнувајќи од Pixel 6 па натаму. Корисниците ќе можат рачно да ја активираат или деактивираат оваа опција во поставките.

Придобивки од новата функционалност

  • Побрзо отклучување без потреба од активирање на екранот

  • Подобра енергетска ефикасност при секојдневна употреба

  • Поинакво и подобрено корисничко искуство

Кога ќе пристигне Android 16?

Конечната верзија на Android 16 се очекува во јуни 2024 година, што значи дека Pixel корисниците наскоро ќе можат да ја тестираат оваа иновативна функција.

Оваа надградба е дел од пошироката стратегија на Google за подобрување на биометриската автентикација, со цел да го унапреди Pixel екосистемот. Надградбата доаѓа во критичен момент, пред очекуваното лансирање на Pixel 10 серијата.

Прочитај повеќе...

Магазин

iOS 18.4 воведува стандарден избор на навигациски апликации, но само во Европа

Објавено пред

на

Следната верзија на iOS 18.4 ќе им овозможи на корисниците во Европската унија да постават стандарден навигациски софтвер, што значи дека нема да мора да го користат Apple Maps по дифолт.

Како ќе функционира новата опција?

Корисниците ќе можат од Settings да изберат друга навигациска апликација наместо Apple Maps. Патеката до оваа опција е:
Settings → Apps → Default Apps → Navigation.

Со оваа промена, Google Maps, Waze и други апликации ќе можат автоматски да се отвораат кога ќе се побараат насоки.

Но, не за сите корисници

Иако ова е корисно ажурирање, не секој ќе може да го користи. Оваа опција ќе биде достапна само во ЕУ како дел од усогласувањето со Законот за дигитални пазари.

Во САД, корисниците веќе можат да постават стандардни апликации за:

  • е-пошта,

  • пораки,

  • повици,

  • прелистувачи,

  • бесконтактни плаќања,

  • тастатури,

  • а со iOS 18.4 – и за превод.

Но, засега, стандардна навигациска апликација нема да може да се избере надвор од ЕУ.

Европа добива повеќе слобода во Apple екосистемот

Во Европа, корисниците имаат поголема контрола врз своите уреди, вклучувајќи пристап до алтернативни продавници за апликации, како и користење на NFC функциите за бесконтактни плаќања надвор од Apple Pay.

Кога ќе пристигне iOS 18.4?

Моментално, iOS 18.4 е во бета фаза, а финалната верзија се очекува во април.

Извор: Engadget

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Македонија5 часа

Сообраќајно инфо: Намалена видливост поради магла на превој „Стража“

Патна информација до сите кои патуваат преку планинскиот превој „Стража“, особено да внимаваат затоа што има намалена видливост поради појава...

Хороскоп7 часа

Хороскоп за среда (2 април)

ОВЕН Секогаш може подобро и вие тоа најдобро го знаете, па поработете на организацијата и плановите во наредниот период. Ништо...

Временска прогноза7 часа

Попоски: Влегуваме во период на температури во минус, студ и снег, невообичаено за месец април – ова се информациите

Почнувајќи од 5 април (сабота) па во текот на следната седмица, ни следува многу ладен период, и тоа поради спуштањето...

Спорт10 часа

Андов го истакна списокот со фудбалерки за дуелите со Летонија и Косово во рамки на Лигата на нации за пласман на СП 2027

Женската А репрезентација на Македонија на почетокот на април ќе одигра два натпревари против Летонија и Косово во рамките на...

Македонија14 часа

МВР: Кривична пријава против 10 полициски службеници од Единицата за брзо распоредување за злоупотреба на службена положба и овластување

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство за гонење...

Македонија16 часа

Поскапуваат дизелот и бензинот, ова е новата цена од вечерва

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени...

Македонија16 часа

МВР санкционира 2.508 сообраќајни прекршоци на територија на цела држава во текот на продолжениот викенд

Во текот на изминатите денови, односно во петокот и деновите од празничниот викенд (28/29/30/31.03) во рамки на редовните сообраќајни контроли...

Македонија16 часа

(ФОТО+ВИДЕО) Во Манастирот Рајчица одекна новиот „Благовесник“

Во прославениот и прекрасен духовен дом на Светиот Великомаченик Георгиј Победоносец во Рајчица одекна моќниот благоѕунлив звук на новата камбана–благовесник,...

Магазин18 часа

BlackBerry повторно на пазарот: Дали легендарниот бренд се враќа со 5G смартфон?

Легендарниот телефонски бренд BlackBerry, познат по своите физички QWERTY тастатури, би можел да се врати на пазарот со нов модел....

Автомобили18 часа

BYD ја надмина Tesla: Полнач што е четири пати побрз од Supercharger?

Новата технологија на кинескиот производител BYD овозможува електричните автомобили да добијат автономија од 400 километри за само пет минути полнење!...

НАЈЧИТАНИ