Македонија
SEAT Leon во рацете на најсреќниот Саит од наградната игра на ЛУКОИЛ Македонија (ФОТО)

„Кој би очекувал дека полнењето гориво може да ти донесе еден ваков автомобил“, вели добитникот на главната награда од последната наградна игра на ЛУКОИЛ Македонија „Полни гориво на ЛУКОИЛ и добиј СЕАТ Леон”.
„Би сакал да упатам огромна благодарност за укажаната можност да бидам сопственик на овој убавец, се надевам не чекаат многу возбудливи патувања и удобно возење“, вели Саит.
Г-динот Андреј Куку, регионален управител на ЛУКОИЛ Македонија, по повод успешно завршената наградна игра изјави:
„Ова е најубавиот дел од мојата работа. Наградните игри кај нас се редовна пракса, бидејќи сметаме дека полнењето гориво не е само рутинска должност кога патуваме, туку тоа е можност нашите ценети корисници да добијат нешто повеќе.
На среќниот добитник му посакуваме многу опуштени и возбудливи поминати километри и му ветуваме беспрекорна поддршка низ патиштата во Македонија“, срдечно изјави г-динот Куку.
На доделувањето на СЕАТ Лeон честитки на добитникот му упати и амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија г-динот Сергеј Александрович Баздникин.
„Tрадиционално, на прагот на празниците, ЛУКОИЛ Македонија и годинава се погрижи да ги дарува своите клиенти. Па така денес на оваа свечена церемонија на г-динот Саит Аљи од Скопје, наш лојален потрошувач на гориво, му честитаме и му посакуваме уште многу среќа во годината која следува.“
Вака му честиташе рускиот амбасадор Баздникин на среќниот добитник и додаде: „Изминатата година за компанијата која успешно работи на македонскиот пазар веќе 13 години беше полна со предизвици со кои успешно се соочија вработените во компанијата, а резултатите од оваа работа не само што ја направија Групацијата ЛУКОИЛ успешна на глобално ниво, туку и по 13-ти пат ЛУКОИЛ Македонија го потврди статусот на многу успешен бизнис за македонската економија.
Речиси 100 илјади тони нафтени продукти беа продадени преку бензинските пумпи ЛУКОИЛ Македонија и големо – продажба. Три бензински пумпи беа отворени во 2018 година: во Трубарево, Битола и Гевгелија, а бензинските станици Првомајска и Аеродром беа целосно реконструирани.“
Наградната игра која започна на 1 октомври официјално заврши на 14 декември 2018 година, а правилата за учество беа едноставни односно со секое полнење на гориво во износ над 1.000 денари во било која од бензинските станици на ЛУКОИЛ во нашата држава, и со испраќање на бројот од фискалната сметка на телефонскиот број 149 499, корисниците стануваа потенцијални добитници на една од многуте вредни награди. Извлекувањата на добитниците се вршеа на секои две недели.
Саит Аљи беше извлечен за главната награда новиот автомобил СЕАТ Леон 1.6 TDI 90 KC, а покрај главната награда верните потрошувачи беа наградени и со таблети Samsung, масла ЛУКОИЛ Генесис C3 5W-40 SN/CF 4 /1 и Лукс 10W-40, SL/CF 4/ 1, 50 комплети за автокозметика Сонакс и 50 ваучери за гориво во износ од 1.000 денари.
Македонија
Честитка по повод верскиот празник „Рамазан Бајрам“ на сите припадници на исламската вероисповед

Токму денес на сите наши читатели, поддржувачи на пишаниот збор од информативен и јавен карактер – Ви го честитаме срдечно највозвишениот ден од исламскиот календар, празникот Рамазан Бајрам, посакувајќи празнична радост во сите муслимански семејства.
/Порта.мк
Македонија
Кривична пријава против полициски службеник од Свети Николе, упатувал закани на командир на полициска станица

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до надлежното Основно јавно обвинителство Свети Николе, поднесе кривична пријава против Г.Т. од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ по член 144 став 4 од Кривичниот законик.
На 25.02.2025 во службена просторија во ОВР Свети Николе, пријавениот Г.Т., полициски службеник во Полициската станица Свети Николе, во присуство на други полициски службеници, агресивно се однесувал и се заканувал на К.М. – командир на Полициската станица Свети Николе. Имено, на наведениот датум, полициски службеници од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, преку командирот К.М., како негов претпоставен, преземале мерки во врска со претставка од граѓани против Г.Т. за непрофесионално и недолично постапување при изготвување на записници за констатирани прекршоци од областа на сообраќајот.
Откако дошол во канцеларијата на командирот, пријавениот го обвинил него дека е иницијатор на претставката и почнал да му се заканува.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ќе поднесе Предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и ќе изрече задолжителна мерка пријавениот да биде суспендиран од работното место до завршување на дисциплинската постапка, информира МВР за јавноста.
Македонија
Расчистено кривично дело изнуда во Прилеп, поднесена кривична пријава против три лица и определен им е притвор

На 26.03.2025 во 20.40 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Р.Р.(53) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 258 од Кривичниот законик. Претходно, истиот ден во 08.00 часот во ОВР Прилеп, 54 – годишен сопственик на угостителски објект во Прилеп пријавил дека со физички напад и закани, С.Р. и А.Т., двајцата од Прилеп, му изнудиле пари кои ги земал приведениот Р.Р., татко на С.Р..
Имено, на 20.03.2025, С.Р. и А.Т. дошле во неговиот угостителски објект, физички го нападнале и со закана барале од него месечно да им дава 400 евра за да му го обезбедуваат објектот. Најпрвин ги одбил, но после тоа, тие уште неколку пати доаѓале во објектот, му се заканувале и му барале пари, при што С.Р. му рекол дека парите ќе ги зема неговиот татко Р.Р.. На 24.03.2025 тој се договорил со Р.Р. дека ќе му ги даде парите на 26.03.2025, а откако ги зел парите, Р.Р. бил лишен од слобода и приведен во полициска станица.
После тоа, со судска наредба, полициски службеници од ОВР Прилеп извршиле претреси во домовите на тројцата, при што биле пронајдени и одземени предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривични дела.
Од страна на судија на претходна постапка на Р.Р. му била определена мерка притвор од 30 дена и бил спроведен во казнено – поправна установа за издржување на мерката.
Исто така, мерка притвор од 30 дена во отсуство била одредена и на С.Р. и А.Т, информира МВР за јавноста.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за недела (30 март)
-
Кичево1 ден
(ФОТО) Кичевската пиљара „Бамби“ денес слави прв роденден, верните потрошувачи ги дочекаа со изненадувања и попусти!
-
Хороскоп7 часа
Хороскоп за понеделник (31 март)
-
Lifestyle2 дена
Брз трик за одмрзнување месо: Подготвено за само 5 минути!
-
Временска прогноза2 дена
Викендов невреме проследено со дожд и грмежи – ова се последните информации
-
Lifestyle2 дена
Топ 10 намирници за појадок: Овесната каша и јајцата ќе ве држат сити до ручек
-
Спорт12 часа
ФФМ веднаш упати соопштение во врска со прогласот на ФК Пелистер за судењето на мечот против Вардар
-
Lifestyle2 дена
Зелениот чај или кафето: Зошто треба да го смените утринскиот пијалок?