Кичево
(ГАЛЕРИЈА) Г-дин Симо Блажески од Кичево ќе ве воодушеви со својот „Мини-Музеј“ на антиквитети кој го негува и чува цел свој живот

Денес нашето попладневно кафе го пиевме кај г-дин Симо Блажески од Кичево, роден 1942 година од с.Козица – кичевско, сега има полни 77 години. Дедо Симо е еден од ретките собирачи на антиквитети во Кичево, кој после 20 години живеење во селото доаѓа да живее во нашиот град, каде своевремено работел во фабриката „Копачка“, потоа во „Винарска Визба“, па за на крај својата пензија чесно да ја одработи како професионален шофер на камион во далечната ЈНА, здобиен со многу признанија за дејноста.
Љубовта кон антиквитетите кај него се раѓа од рана младост, така што со собирање на историски и вредни нешта има започнато пред повеќе од 30 години, за официјално да направи просторија во својата куќа пред кичевчани од 2014 година до ден денес.
Да се собираат вакви материјали кој се од историско значење може да бидат од одредена историска епоха, незаборавни настани, што е одраз на модните трендови на било која возраст, реткост и посебност, културни, уметнички и материјални вредности, кои имаат за цел директно да ве вратат во годините наназад, како тоа изгледало и како се чувало.
Просторијата содржи доста квалитетни материјали уредно поставени, напишани од која година датираат и што значат, како и секогаш хигиенски чисти и со голем мерак чувани, од кој може да се издвојат следните актиквитети: Традиционалниот Чекрек за предење волна – 1982 год, Рачна машина за мелење место – 1968, Пегла на Жар – 1955 год, Женски скутини од волна, Мини-Фрижиер за патување 1975 год, Кафемат од 1983 год директно од Ирак, Рачни сатови кога било поим во тоа време да ги поседуваш, Глежњаци од ЈНА, Прибор за јадење од ЈАТ – 1982 год даден додека се патувало во авион за кој е сведок самиот дедо Симо.
Во прилог ви ја претставуваме мега-галеријата преку нашиот објектив, за прв пат премиерно на интернет просторот:
Кичево
Денес се навршуваат 80 години од првото македонско училиште во с.Подвис – кичевско

На денешен ден пред точно 80 години (23-ти септември) 1943 г. во кичевското село Подвис започнало да работи првото училиште на македонски јазик на ослободена територија.
Денес е останата само урнатина, зарастена во трње и грмушки, а дотаму не може да се стигне со возило, иако оваа зграда е оддалечена само еден километар од магистралниот пат Кичево – Охрид
Да не се заборави ова значајно историско место, иако за негова ревитализација одамна културолошки е надвор од плановите на било која гарнитура.
Од тука произлага легендарната:
“Деца, отсега натаму ќе си учите на вашиот мајчин македонски јазик .
И ќе си се поздравуваме на македонски јазик!”
ВАСИЛКО РИСТЕСКИ с.Подвис, кичевско, 23 септември 1943 година.
Кичево
(ФОТО) Најмилите дечиња од градинката „Олга Мицеска“ денес во Кичево по повод „Светскиот ден без автомобили“ дефилираа со „тротинети“

Денес 22-ри септември во еко-календарот е „Светскиот ден без автомобили“, покрај тоа што е гласник и почеток на есента, важно е да се каже дека автомобилите се најголемите загадувачи на воздухот и тие испуштаат чад што е многу штетен за здравјето на луѓето и за целата природа.
Традиционално по тој повод најмилите дечиња од градинката „Олга Мицеска“ облечени во бели маички и капчиња, заедно со клонови групи од 5 до 6 годинки во голем број продефилираа низ кичевските улици со „тротинети“ украсени со најразлични пораки со кои уште еднаш ги потсетија учесниците во сообраќај за важноста на овој ден.
На покана од градинката овој настан го проследивме со големо внимание и истиот Ви го пренесуваме преку фотографија, доколку истата сакате да ја имате, пишете ни на нашата официјална фејсбук фан страна.
Кичево
(ГАЛЕРИЈА) Манастир „Св.Богородица – Пречиста“ во Кичево вчера и денес посетен од рекорден број на верници по повод празникот „Рождество на Мајката Божја“

Започнувајќи со традиционалната празнична богослужба вчера вечер и денес се разбира, кичевскиот манастир „Св.Богородица – Пречиста“ беше посетен од рекорден број на верници, како предвесник на денешниот патрон празник Рождество на Мајката Божја, или кај народот позната како „Мала Богородица“.
Исто така вчерашниот ден беше посебен бидејќи една од искушеничките се замонаши и го доби своето монашко име „Теодосија“, додека денес Манастирскиот кум Горан Стојкоски послужи манастирски ручек и во исто време изврши примопредавање на кумството до новиот кум.
Неколку фотографии преку нашиот објектив, кој го одбележаа овој прекрасен ден
За многу години!
-
Хороскоп1 ден
Месечен Хороскоп (октомври 2023)
-
Временска прогноза9 часа
Месечна метео анализа за октомври, потопло и со помалку врнежи од дожд
-
Хороскоп14 минути
Хороскоп за понеделник (2 октомври)
-
Скопје1 ден
Посебен режим на сообраќај во недела во град Скопје поради одржување на „Скопски маратон 2023“
-
Македонија2 дена
(ФОТО) Превентивни активности на МВР за безбедна ловна сезона, заштита од пожари и безбедност во сообраќајот
-
Скопје2 часа
(ФОТО) Во машка конкуренција кенијецот Серем се закити со прво место, додека 11.000 тркачи од 45 земји беа дел од овогодинешниот „Скопски маратон 2023“
-
Спорт2 дена
(ВИДЕО) Барселона ја совлада Севиља благодарение на автоголот на Рамоз и се врати на првото место во Примера
-
На денешен ден2 дена
На денешен ден – 30 септември