Македонија
ДО МОМЕНТОВ: Сите информации добиени за автобуската несреќа кај Ласкарци

Знамињата спуштени на половина копја. Maкедонија денеска и утре ќе тажи за загинатите животи по стравичната несреќа кај Карпалак. 14 луѓе настрадаа од кои седуммина на лице место. Официјално 37 лица биле хоспитализирани во болницата 8 Септември, 6 од тие 37 лица се починати токму во таа болница.
Фактите велат дека автобусот сообраќал на релација Скопје-Тетово. Кобното место е кај село Ласкарци.
Додека јавноста шпекулира, причините не се знаат, истрагата ја води надлежен обвинител а што точно се случувало официјално не е објавено.
И денеска надлежните органи ќе утврдуваат која е причината поради која автобусот поминал директно на спротивната страна.
Соопштувајќи ги деталите доцна синоќа владата се произнесе дека автобусот ја поминува директно спротивната страна, влегува дури и на регионалниот пат, паѓа на регионалниот пат и паѓа и понатаму после регионалниот пат во делот на удолнината.
За пофалба е брзата реакција на надлежните институции, и МВР и државните болници, но и сите приватни болници коишто промтно и безпоговорно веднаш ги испратија сите свои ресурси, кажа уште Заев.
Сведоците раскажуваат бројни сведоштва, од тоа што виделе до тоа како помогнале и спасиле нечиј живот. Ние праќаме сочувство до семејствата на загинатите за оваа неутешна вест и посакуваме никогаш повторно да не се случи овој 13 февруари кој ќе ги боли душите на оние кои останаа без своите најмили.
Faktor.mk
Македонија
На ГП Деве Баир жители на Бугарија недолично се однесувале и се обиделе физички да ја нападнат полицијата

Околу 12.45 часот на Граничниот премин Деве Баир дошло до нарушување на јавниот ред и мир од страна на Г.З (35),А.Х(50)и Р.Х(54) бугарски државјани кои најпрво вербално, дрско и недолично со најпогрдни зборови се однесувале а потоа се обиделе и физички да ги нападнат полициски службеници кои преземале службени дејства, при што се приведени и се работи на целосно расчистување на случајот
Извор: МВР
Македонија
Мин. за земјоделство, шумарство и водостопанство одобри лов на дива свиња до крајот на месец март, ова се деталите..

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство со цел продолжување на мерките од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство врз основа на епидемиолошката состојба со болеста Африканска чума кај дивите свињи одобри лов на дива свиња од 01.02.2023 до 31.03.2023 година во ловиштата на територија на Македонија кои се простираат во источниот дел од левата стана на патниот правец (А-1) Е-75, кој се протега од граничниот премин Табановце до граничниот премин Богородица.
Санитарниот лов на диви свињи се спроведува на ловишта каде болеста е веќе потврдена, а ловот се врши групно во присуство на ловочувар, инспектор за ловство и ветеринарен доктор, а застреланиот дивеч треба да биде складиран согласно решението на АФВ за заштитните мерки на ловиштата во однос на африканската чума кај дивите свињи, истакнаа од Министерството.
Македонија
Поради агресивно однесување, СВР Охрид приведе жител на Албанија

На 02.02.2023 во 21.10 часот, полициски службеници од СВР Охрид го привеле Л.П.(55) од Република Албанија затоа што на регионалниот пат Охрид-Св.Наум, во близина на охридското село Трпејца, агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, за Порта истакна портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за сабота (4 февруари)
-
Хороскоп10 часа
Хороскоп за недела (5 февруари)
-
Македонија19 часа
На ГП Деве Баир жители на Бугарија недолично се однесувале и се обиделе физички да ја нападнат полицијата
-
Македонија1 ден
Мин. за земјоделство, шумарство и водостопанство одобри лов на дива свиња до крајот на месец март, ова се деталите..
-
Временска прогноза1 ден
Од вечерва поларна воздушна маса и олуен ветер на нашата територија
-
Скопје2 дена
Осум средни училишта од Скопје денеска добиле закана за поставен експлозив
-
Македонија2 дена
Поради агресивно однесување, СВР Охрид приведе жител на Албанија
-
Спорт2 дена
Одржана меѓународна работилница поврзана со клупскиот лиценцен систем, во организација на УЕФА и ФФМ