Следете не

Временска прогноза

Сонце со заби што би рекле постарите со северен ветер!

Објавено пред

на

Времето во Македонија ќе биде сончево, во западните делови со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус едне до два, а дневната температура од  три до 11 степени.

Во Скопје ќе биде сончево, во западните делови со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Утринската температура ќе достигне до минус два, а дневната температура до 7 степени.

До сабота претпладне времето ќе биде стабилно и суво со ниски утрински температури, кои насекаде ќе бидат негативни, а најстудено ќе биде во петок наутро.

Под влијание на нов влажен бран од сабота кон крајот на денот ќе има повремени врнежи од дожд, особено на запад.

Поради спуштање на постуден воздух од север, од недела на повисоките места и на планините врнежите ќе бидат од снег, а на пониските места од дожд и снег.

Временска прогноза

До петок стабилно време, викендот пред нас ќе има услови за повремен локален слаб дожд

Објавено пред

на

Во периодот кој што е пред нас, односно до петок (28  февруари) во нашата Република Македонија ќе имаме променливо време со повремени локални послаби врнежи од дожд, додека на планините и на Скијачките центри повремено ќе провејува снег. Ќе биде релативно тивко и без некој изразен ветер, а во утринските и повторно во ноќните часови ќе има услови за појава на магла по котлините.

Слично време ќе имаме  и во Скопскиот регион, променливо и со услови за појава на магла наутро и повторно во ноќните часови. Ќе има услови и за повремен локален послаб дожд.

Што се однесува до температурите, тие наутро на повеќе места ќе бидат околу, или за неколку степен над нулата, а само на високите места, планините  и на Скијачките центри тие ќе бидат за неколку степени под нулата. Максималните дневни температури пак до петок (28 февруари) ќе бидат повисоки и ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 13 степени, додека во југоисточните предели температурата повремено ќе се искачува и до околу 15 степени.

И во Скопје температурата овие денови ќе се искачува до околу 15 степени.

За време  на викендот, односно на први и на втори март ќе дува засилен ветер од северен правец и истиот ќе услови значително заладување на времето, пообилни врнеи од дожд, кој полека ќе преминуваат во снег, најпрвин на Скијачките центри, планинските места  и повисоките населени места, потоа  и во дел од градовите, особено во западните  и во северните предели од нашата Македонија, информира Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Студот ќе попушти, ќе имаме магла и услови за слаби врнежи од дожд и од снег следната седмица!

Објавено пред

на

Во текот на следната седмица, односно во периодот од 24 февруари (понеделник), па до 2 март (недела) студот во Македонија ќе попушти и температурите ќе бидат повисоки, како наутро, така и преку ден, но не се работи за некое многу големо затоплување. Исто така, во текот на следната седмица ќе имаме и значително повеќе облачност и претежно тивко време и без некој изразен ветер.

По котлините пак за време на овој период, ќе се создаваат услови за појава на магла и на ниска облачност, која ќе биде најизразена во ноќните и во утринските часови. Но мора да напоменам дека, повремено во овој период ќе има и слаби локални врнежи, кои на ниските места ќе бидат од дожд, а на повисоко, како и на планинските места, секако, и на Скијачките центри ќе има слаби врнежи од снег.

Повремено, снежната граница би можела да се спушти и во дел од градовите, па не се исклучува можноста  и во градовите повремено да има појава на слаби врнежи од дожд и од снег, или влажен снег.

И во Скопскиот регион не очекува слично време како и во останатите предели од државава.

Што се однесува до температурите, тие наутро ќе се спуштаат во интевалот од -4 до 3 степени, додека преку ден тие ќе се искачуваат во интервалот претежно од 3 до 13 степени. Во Скопје пак максимумот на температурата во текот на следната седмица ќе се искачува до околу, а према средината и во вториот дел од истата таа ќе надминува 10 степени.  Наутро пак таа ќе се спушта до околу, повремено и за некој степен под нулата, а од средината на следната седмица таа и наутро ќе биде претежно над нулата, информира Славчо Попоски.

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Следи целосно разведрување, но ќе биде многу ладно – ова се сите актуелни метео информации

Објавено пред

на

Денес (19.2.2025 среда) од пладневните  и попладневните часови во нашата Република Македонија ќе настапи целосно разведрување на времето, а ќе продолжи да дува повремено засилен ветер од северен правец, особено Во Повардарието и со брзина локално и повремено од над 60 км/час.

Температурите преку денов на многу места ќе се искачат само за неколку степени над нулата, а само во југоисточните предели тие ќе надминат за некој степен над 5 степени. Сепак, да напоменам дека понекаде, особено на повисоките населени места, планините, секако и Скијачките центри температурите  и преку денов ќе бидат негативни, односно под нулата.

И во Скопје во текот на денов ќе настапи целосно расведрување на времето, проследено со повремено засилен ветер од северен правец.

Од крајот на денов и во вечерните часови, кон утрешниот ден (четврток 20 февруари) температурите ќе бидат уште пониски од сега, што значи ќе имаме исклучително ладно време со температури кои на повеќе места ќе се спуштаат до близу -10 степени, локално и под -10 степени, а во Беровскиот регион, повисоките населени места, планините, и секако Скијачките центри температурите ќе се спуштат до близу -15 степени, а не се исклучува можноста тие да се спуштат и под -15 степени, рано утрово информираше Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Автомобили5 минути

Продажбата на автомобили во ЕУ падна на почетокот на годината

Продажбата на автомобили во Европската унија (ЕУ) бележи пад во јануари 2025 година, согласно податоците на Европската асоцијација на производители...

Lifestyle7 минути

Лесен трик за чистење на ножевите од рѓа со лимон

Потребни материјали: Сок од лимон (свеж или претходно исцеден) Плиток сад Чекор 1: Разберете ја причината за рѓосувањетоРѓата на ножевите...

Магазин10 минути

Tinder воведува нови категории на Explore за да ви помогне да најдете поврзани партнери

Tinder ја ажурира својата страница Истражувај со нови категории што го олеснуваат наоѓањето партнери со слични цели во врската. Нови...

Магазин11 минути

DeepSeek споделува кориснички податоци со TikTok, непозната причина

Споделувањето на корисничките податоци на DeepSeek со ByteDance, матичната компанија на TikTok, во Кина, повторно ја разгоре загриженоста за приватноста...

Магазин12 минути

ЕУ би можела да воведе дополнителни регулативи за WhatsApp

WhatsApp се соочува со можни нови регулативи во Европската унија, поради зголемувањето на бројот на корисници на неговите отворени канали....

Магазин12 минути

Apple ги отстранува апликациите без информации за контакт од продавницата

Apple започна со отстранување на апликации од својата продавница што не ги исполниле новите барања за информации за контакт. Оваа...

Магазин13 минути

Facebook ќе ги избрише старите стримови – што треба да знаете?

Meta воведува нови алатки кои ќе им помогнат на корисниците да ги преземат своите видеа во живо пред да бидат...

Магазин16 минути

Дали играчите на симулации можат да станат возачи во Formula 1?

Мотоспортот отсекогаш бил спорт за кој се плаќа. Младите возачи мора да вложат огромни финансиски средства само за да започнат...

Хороскоп12 часа

Хороскоп за среда (26 февруари)

Овен Ако продолжите да се трудите околу работата, можете да остварите извонредни резултати. Можно е да не сте задоволни со...

Спорт17 часа

Во „Куќа на фудбалот“ на седница на УО денес беа донесени важни одлуки, една е дека ќе се формира „Арбитражен суд“ обезбеди ефикасно и брзо решавање на споровите настанати помеѓу клубовите

На седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) оддржана денесдд 25. февруари беа донесени следните одлуки: –...

НАЈЧИТАНИ