Македонија
Сончево со студено утро и магла во котлините

Времето во Македонија ќе биде сончево, утрото студено со услови за слаба магла по одделни котлини.
Температурата ќе се движи од два до 10 степени.
Во Скопје ќе биде сончево, утрото студено со услови за слаба магла. Температурата ќе достигне до шест степени.
Во наредните денови ќе се задржи период на стабилно време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст. Најстудено ќе биде утре наутро.
Од утре до сабота во претпладневните часови ќе има температурна инверзија што по одделни котлини ќе ги зголеми условите за појава на магла или заматеност на атмосферата.
Македонија
Засилени сообраќајни контроли на МВР, вкупно 682 санкции за возачи, 68 од нив биле за возење без возачка дозвола

Со бројката од вкупно 682 издадени платни налози за сторени прекршоци по основ на одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила беа заокружени вчерашните (05.03.) интензивни и плански активности на полициските службеници при МВР во делот на сообраќајните контроли на патиштата низ земјава.
Притоа, во рамки на посочената бројка, а по основ на преовладувачките прекршоци што ги прават учесниците во сообраќајот – неправилно паркирање и возење со брзина поголема од дозволената, беа евидентирани 204, односно 136 прекршоци. Покрај ова, без возачка дозвола регистирани беа 68 возачи, потоа 63 учесници во сообраќајот беа санкционирани за некористење сигурносен појас, а 27 – за користење на мобилен телефон при возење.
Исто така, според статистичките податоци, во пет случаи возачи минале на црвено светло, во четири случаи кај возачи било утврдено возење под дејство на алкохол, 11 возачи на моторцикли се санкционирани заради неносење заштитен шлем, а санкционирани биле и 22 пешаци.
По основ пак на Законот за возила 17 возила се отстранети од сообраќај затоа што биле нерегистрирани, а девет заради техничка неисправност, информира МВР.
Македонија
МВР: Граѓаните да не наседнуваат на измами

Во изминатиот период во Министерството за внатрешни работи од страна на граѓаните пријавени се повеќе кривични дела „измама“, кои се извршени врз повозрасни лица. Сторителите ги доведуваат во заблуда лицата на тој начин што им се јавуваат телефонски и им се претставуваат како службени лица, најчесто полициски службеници, и од нив бараат финансиски средства за ослободување од кривичен прогон на нивни деца или внуци кои, наводно, непосредно пред јавувањето направиле сообраќајна несреќа со смртни последици. Измамниците ги контактираат жртвите најчесто на фиксен телефон, но има случаи каде што се контактирани и преку мобилен телефон со скриен број, а за да бидат поуверливи во позадина се слуша глас кој бара помош.
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека се преземаат мерки и активности за расчистување на досега пријавените кривични дела и воедно апелираме до граѓани да не наседнуваат на ваквиот вид на измами, а доколку бидат контактирани, веднаш да пријават во полиција.
Македонија
Од ноќеска цената на сите нафтени деривати се намалува, ова е новата цена

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-ЕV) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се намалуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 24.02.2025 година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 77,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 79,50 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 72,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 71,50 ден/лит.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за среда (5 март)
-
Временска прогноза2 дена
Нашата територија ќе биде во температурна „аномалија“ во следните десеттина дена, ќе имаме голем пораст на дневните температури, невообичаено за месец март
-
Хороскоп12 часа
Хороскоп за четврток (6 март)
-
Lifestyle2 дена
Со „Минт Травел (ЈК Травел)“ вашето совршено „Лето 2025“ на неверојатни 10 рати без Камата!
-
Автомобили1 ден
Како да го спречите гадењето при возење?
-
Спорт1 ден
Новото раководство на ФФМ со плодна работа уште на старт, конечно стартува онлајн платформа за продажба на влезници за претстојните натпревари на репрезентацијата
-
Магазин1 ден
Конечно потврдено: Samsung го открива датумот кога ќе пристигне стабилната верзија на One UI 7
-
Магазин1 ден
Едноставно решение за преполни iPhone: ослободете гигабајти без бришење фотографии и видеа