Кичево
МВР: Детали за страшната сообраќајка вчера, каде младо момче им подлегна на повредите

На 23.05.2019 година околу 13,30 часот на региналниот пат Кичево-Охрид кај село Другово-кичевско, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило „Мерцедес“ со струмички регистарски ознаки, управуванo од Г.Т. (63) од с.Куклиш-Струмица и мотоцикл „Сузуки’ со кичевски регистарски ознаки, управуван од К.А. (28) од с.Зајас-Кичево.
На пат кон Клинички центар-Скопје во возило на Итна медицинска помош К.А. им подлегнал на повредите.
Увид на лице место извршила екипа од Полициска станица Кичево.
Упатуваме апел за поголемо внимание за учесниците во сообраќајот, прилагодување на брзината почитувајќи ја поставената патна сообраќајна сигнализација, со цел избегнување на не посакувани случаи.
Извор: МВР /СВР Охрид
Кичево
Вчера во Кичево била пријавена физичка пресметка помеѓу малолетници, додека едно лице настрадало од куче скитник

Вчера на 02.07.2022 година во 22:50 часот, во ОВР Кичево пријавена е физичка пресметка на улицата „Веле Змејкоски“ во Кичево, помеѓу две малолетни деца.
Притоа, едното се здобило со повреди и било пренесено во болница за укажување лекарска помош.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Истиот ден на 02.07.2022 година во 19:30 часот, С.К.(51) од Кичево, во полициска станица пријави дека, на булеварот „Ослободување“ во Кичево бил каснат од куче скитник, известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
Кичево
Ноќеска на магистралниот пат во Кичево се случила страшна сообраќајна несреќа со жртва

На 03.07.2022 во 01.30 часот во Плициската станица Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево, патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А.Д.(23) од кичевското село Горно Строгомиште, излетало од патот.
Возачот и сопатникот Л.Р.(24) од Кичево биле пренесени во Општата болница во Кичево, а потоа во приватна болница во Скопје, каде на здобиените повреди подлегнал сопатникот Л.Р., а возачот бил задржан на лекување со тешки телесни повреди.
Врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција. На местото на несреќата увид извршиле јавен обвинител и полициски екипи, известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
Кичево
(ФОТО+ВИДЕО) Најавеното невреме носи сè пред себе, кон с.Извор се лее кал по регионалниот пат

Најавеното невреме за попладневните часови очигледно носи сè пред себе.
Пред неколку минути нашата екипа патуваше кон Кичево од Охрид, па во отежнати временски услови со ограничена брзина можеше да се забележат остатоци од кал и камења на регионалниот пат во близина на с.Извор – кичевско.
Апел до сите учесници во сообраќајот внимателно да движат преку овој патен правец, поради можни свлечишта и остатоци од карпи и камења, додека надлежните органи го санираат проблемот кој за сега не претставува пречка но може да биде од сериозен обем доколку невремето заземе поголем интензитет.
Видео од силен град охридско-кичевски регион предмалку:
-
Кичево2 дена
Се бара 52-годишник од кичевско, скоро една недела го нема
-
Кичево17 часа
Ноќеска на магистралниот пат во Кичево се случила страшна сообраќајна несреќа со жртва
-
Кичево2 дена
(ФОТО+ВИДЕО) Најавеното невреме носи сè пред себе, кон с.Извор се лее кал по регионалниот пат
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за недела (3 јули)
-
Кичево14 часа
Вчера во Кичево била пријавена физичка пресметка помеѓу малолетници, додека едно лице настрадало од куче скитник
-
Хороскоп7 часа
Дневен Хороскоп (4 јули) – понеделник
-
Хроника1 ден
Трагедија ја потресе Македонија, се трага по телото, 14-годишник попладнево се удави во Беровско Езеро
-
Македонија2 дена
СВР Охрид: Внимавајте, дури 27 санкции за возила кои престигнувале на недозволени места