Случувања
Жена од Кичево жртва во тешката сообраќајка кај патарините Тетово-Гостивар
Полициски извори за порталот „Тетова1“ откриваат дека жената која што утрово загина во сообраќајната несреќа на патот Тетово-Гостивар е 51-годишната Б.Д.С од Кичево
Веќе покојната, управувала патничко моторно возило Мерцедес, а останатите четворица Туарег од околината на Дебар и патувале кон скопскиот Аеродром.
Утрово околу 07:00 часот на наплатната станица Тетово-Гостивар се случи сообраќајната несреќа во која загина едно лице а уште четворица се повредени.
Од тетовската болница за „Тетова1“ откриваат дека кај нив се донесени 4 повредени лица, една жена и тројца мажи.
Според информациите на „Тетова1“ на Клиничката болница во Тетово Хоспитализирани се: Арбен Клобучишта, Мерсим Колеци, Ариф Колеци и Блериме Клобучишта.
Превземено од Kurir.mk
Македонија
Забрана за тешки товарни возила Пресека, Кичево-Гостивар, Дебар-Маврово
АМСМ предмалку соопшти дека воведени се забрани за движење на товарни моторни возила на следните патни правци:
- Дебар – Маврово
- Охрид – Кичево (Пресека)
- Кичево – Гостивар (Стража)
- Тетово – Попова Шапка (забрана за ТМВ, за сите останати видови возила задолжителна е употреба на зимска опрема).
Македонија
ЈП Македонија Пат состојба на патиштата до 12:00ч
Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по наместа влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на нашите дежурни екипи.
Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат во западните и југозападните делови од државата, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.
Сите патни правци во државата се проодни.
ЈП Македонијапат со целокупната расположива механизација и работна сила е вклучена во расчистување на патиштата.
Исто така на располагање се и фирмите со кои соработуваме, како навремено би се справиле со снежните наноси.
На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.
ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.
Сите подетални информации учесниците во сообраќајот можат да ги добијат на нашиот дежурен телефон 02 25 61 502, истакнаа од ЈП Македонија Пат.
Временска прогноза
Најавениот влажен продор кој носи снег и дожд пристигнува…
Нов продор на ладен воздух и формирање циклон во областа на северен Јадран. Овој атмосферски систем со низок притисок, циклонска циркулација во текот на денешниот ден понеделник брзо ќе се поместува кон централен Јадран и Јонско Море влијаејки на времето во регионот.
Првиот влажен бран ќе се почувствува во утрово, односно во утринските часови во западните и северозападни делови од Македонија каде со очекуваат нови врнежи од снег а во пониските предели од дожд. Инаку скоро цела територија на Република Македонија ќе биде под снег до крајот на новата работна недела, се вели во соопштението.
Во попладневните часови врнежите ќе интензивираат (особено во Охридско-Преспанскиот регион и Пелагонија) така да не се исклучува и појавата на снег во одделни пониски места, предмалку за јавноста извести Славчо Попоски.
-
Хороскоп15 часа
Хороскоп за понеделник (23 декември)
-
Временска прогноза1 ден
Попоски од вечерва најавува снежни врнежи во нашиот регион, како и на Балканот
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за недела (22 декември)
-
Временска прогноза14 часа
Западните и северозападните делови од Македонија утрово под продор на ладен и влажен воздух кој носи снежни врнежи
-
Македонија2 часа
ЈП Македонија Пат состојба на патиштата до 12:00ч
-
Автомобили1 ден
Автомобилскиот бренд Dacia продаде повеќе од пола милион примероци во Европа за 11 месеци од оваа година
-
Временска прогноза6 часа
Најавениот влажен продор кој носи снег и дожд пристигнува…
-
Магазин1 ден
Живот на Месечината? Јапонија работи на лунарно живеалиште со вештачка гравитација