Следете не

Балкан

Србија ги зема работите во свои раце, од вечерва вонредна состојба!

Објавено пред

на

Србија вечерва прогласи вонредна состојба низ целата територија поради  коронавирусот, а претседателот Александар Вучиќ најави дека одлуката ќе стапи на сила веднаш.

„Одлуката не ја донесовме лесно, затоа што таа се носи во исклучителни околности. Србија денес е во војна против невидливиот злобен противник што нашата земја мора да го победи“, рече Вучиќ.

„Тоа е борба за нашите родители, но и за иднината на Србија“, додаде тој.

Вучиќ кажа дека лица постари од 65 години мора да останат во своите домови.

„Нема да страдаат нашите деца, туку нашите родители и затоа ве молам да не излегувате од дома“, рече тој.

„Се затвора животот за да го зачуваме животот“, кажа Вучиќ.

На српските граѓани нема да им биде забранет влез во земјата, додека на странците ќе им биде забранет. Оние што доаѓаат во Србија ќе треба да останат во карантин 14 дена, додека оние што доаѓаат од ризични земји ќе треба да останат во изолација 28 дена.

Вучиќ најави дека за прекршувањето на овие мерки затворската казна е три години.

Балкан

Уште три пациенти повредени во пожарот од Кочани пренесени на „Клиничкиот центар“ во Ниш на пластична и реконструктивна хирургија

Објавено пред

на

©ФОТО: printscreen/video

Уште тројца пациенти повредени во пожарот што се случи на 16 март во Кочани биле донесени вчера однесени во Универзитетскиот клинички центар Ниш. Двајца мажи и една жена се префрлени од УКЦС во УКЦ Ниш и лекувањето ќе го продолжат на Одделот на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија.

– „Вкупно шест повредени во овој трагичен настан во моментов се хоспитализирани во Клиничкиот центар Ниш. Четворица мажи и една жена се на одделението на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија, додека еден пациент се уште е на одделението за интензивна нега на Клиниката за анестезија и интензивна терапија“, соопштија од Клиничкиот центар во Ниш.

Сите оперативни мерки и напори на медицинскиот персонал се насочени кон опоравување на повредените, се вели во изворот.

Им посакуваме побрзо закрепнување!

Прочитај повеќе...

Балкан

(ВИДЕО) Претседателот Александар Вучиќ ги посети повредените македонски државјани во српските клиники

Објавено пред

на

ФОТО: screenshot/youtube

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска ги посети повредените Македонци кои се на лекување во Универзитетскиот клинички центар на Србија. Разговараше со нив, и им даваше мотив и сила дека се ќе биде во ред.

– „Само држете се, ви посакувам се најдобро, не плачете, ќе бидете добро“, рече претседателот додавајќи дека состојбата на девојчето е донекаде сериозна, но нејзиниот живот не е во опасност.

Прочитај повеќе...

Балкан

(ВИДЕО) Исчезнати цели семејства по катастрофалните поплави во БиХ, се трага од утро до мрак

Објавено пред

на

Босна и Херцеговина неделава ја погодија големи поплави во кои загинаа најмалку 18 лица, а неколку десетици се водат како исчезнати, а причинета е и голема материјална штета. Исто така продолжува и потрагата по исчезнатите. Според официјалните податоци, 16 лица загинале во поплави и одрони. Најтешко е во Јабланица. Исчезнаа цели семејства.

Вицепремиерот и министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, утринава во пет часот ги испрати спасувачките екипи на МУП во Босна и Херцеговина, кои беа испратени по наредба на претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Шефот на делегацијата на Европската унија во Босна и Херцеговина, Луиџи Сорека, истакна дека БиХ го активирала механизмот за цивилна заштита на ЕУ и дека тимови за одговор пристигнуваат во таа земја, понудена е и помош во форма на инженерски машини, багери, камиони и спасувачки хеликоптери“, изјави министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ.

Работата на спасувачката екипа ја отежнува и дождот, а тие работат од утро до мрак.

Извор: rts.rs / insajder video

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Lifestyle24 минути

Брз трик за одмрзнување месо: Подготвено за само 5 минути!

Дали некогаш сте се нашле во ситуација кога сакате да подготвите вкусен оброк, но месото е сè уште замрзнато? Наместо...

Lifestyle26 минути

Топ 10 намирници за појадок: Овесната каша и јајцата ќе ве држат сити до ручек

Започнете го денот со појадок богат со протеини и влакна! Овесна каша, грчки јогурт, грејпфрут, банани и јајца се вистинскиот...

Lifestyle31 минута

Зелениот чај или кафето: Зошто треба да го смените утринскиот пијалок?

Зелениот чај нуди бројни здравствени придобивки, но само ако се подготвува правилно и се пие во соодветни количини. Зошто зелениот...

Магазин34 минути

Google Maps ќе чита Screenshots: Нова функција што го олеснува планирањето на патувањата

Google Maps наскоро ќе добие нова функција која ќе им овозможи на корисниците полесно да ги организираат своите патувања со...

Магазин38 минути

WhatsApp за iPhone добива поддршка како стандардна апликација за повици и пораки

За првпат, корисниците на iPhone ќе можат да го постават WhatsApp како стандардна апликација за повикување и испраќање пораки. Оваа...

Магазин39 минути

YouTube Premium воведува споделување видеа без реклами со пријателите

YouTube Premium ја претстави новата функција што им овозможува на корисниците да споделуваат до 10 видеа без реклами со пријателите...

Временска прогноза3 часа

Викендов невреме проследено со дожд и грмежи – ова се последните информации

За време викендов нашата територија  и понатаму ќе биде под влијание на влажен воздушен бран од југозапад. Во ваква ситуација...

Хороскоп12 часа

Хороскоп за сабота (29 март)

ОВЕН Полни сте со ентузијазам и со многу оптимизам се фокусирате на деловните обврски. Љубовта ви е во мислите но...

Спорт14 часа

Фудбалерките на Македонија до 19 на почеток од април ќе отпатуваат на квалификациски турнир во Хрватска

Женската репрезентација на Македонија до 19 години во периодот од 1 до 7 април ќе учествува на квалификацискиот турнир од...

Скопје20 часа

И за утре најавен посебен сообраќаен режим во Скопје поради протест во централното градско подрачје

СВР Скопје ги известува граѓаните дека утре (29.03.2025) со почеток од 11.00 часот поради одржување на протест пред Собрание на...

НАЈЧИТАНИ