Свет Случувања

Старицата летала 240 км/ч во населено место! (Билтен од Белгија)

79 годишна жена ги изненадила сообраќајните полицајци во Белгија кога констатирале дека автомобилот „Порше Бокстер ГТС“ се движи со брзина од 238 км/ч.

Кога нивни колеги подоцна ја сопреле, таа рекла дека немала поим дека вози толку брзо, а излегла да се вози среде ноќ за да си ја разбистри главата.

Старицата завршила пред суд за прекршоци, каде добила казна од 4.000 евра за пречекорување на брзината и дозволата ѝ била одземена за период од три месеци. Сепак, тоа не ѝ паднало толку тешко колку да го убеди судот дека навистина таа била зад воланот.

Close