Здравје Храна

Оваа зима стоплете се со масажа со масло од сусам

Маслото од сусам ќе ве загрее и е идеално за зимски масажи.

Маслото од сусам се покажа како одличен природен лек за третирање на сите состојби на кожата, првенствено за сувата и чувствителна кожа, која е склона кон воспаление.

Ова масло е природен антиоксиданс кој го забавува стареењето и ја намалува видливоста на лузните. За разлика од кокосовото масло кое има ефект на ладење, маслото од сусам загрева и е идеално за зимски масажи.

Ја лекува иритацијата на кожата, разни неправилности и болести како што се егзема и псоријаза и помага во проблемот со ослабената микроциркулација. Овозможува побрзо заздравување на гребнатини, рани и други оштетувања на кожата и придонесува за намалување на видливоста на лузните. Маслото од сусам ги сврзува за себе токсините, па затоа е идеално за чистење на кожата и отстранување на нечистотиите од порите. Високата количина на витамин Е ги спречува предвремените брчки и стареењето на кожата. Цинкот лекува осип, акни и мозолчиња. Маслото од сусам делува антибактериски и неговата примена на кожата помага при габични и бактериски инфекции. Нанесете го маслото врз целото тело, почекајте 15 минути за да се апсорбира во кожата, а потоа може да се истуширате.