Кичево
Поради обилни врнежи од снег на Стража се воведува забрана за тешки товарни возила

Кичево
Во сабота на кичевското „Китино Кале“ ќе се одржи забавна и едукативна сликарска сесија за деца и тинејџери, кои ќе истражуваат како ноќното небо ја инспирира уметноста низ историјата

Меѓународната вселенска алијанса (ISA) во партнерство со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (OSCE) доби грант за проектот „Interstellar Expressions: Fostering Cultural Unity through Celestial Arts”. Овој проект има за цел да ги обедини младите од различни етнички и културни заедници во Кичево преку активности поврзани со уметноста и науката за вселената.
Проектот ќе се реализира во периодот од 25 јануари до 25 јуни 2025 година и вклучува 4 работилници каде што ќе биде покриено следново:
- Работилници за вселенска уметност: Креативни сесии каде учесниците ќе создаваат уметнички дела инспирирани од вселената.
- Еко-модни ревии со галактичка тема: Промоција на одржлива мода преку дизајни инспирирани од космосот.
- Културни театарски претстави: Изведби кои ги истакнуваат заедничките вредности и различности на заедниците.
- Набљудување на ѕвезди со научен пристап: Организирани сесии за астрономско набљудување и едукација.
Втората ќе се одржи оваа сабота итоа во два термини:
Ова е Фејсбук Настанот: https://www.facebook.com/share/164Kja16UU/
Краток опис за социјални медиуми:
🎨✨ Сликање на ѕвездите – Уметност инспирирана од ноќното небо! ✨🌌
Овој уникатен настан им овозможува на децата и тинејџерите да ја истражат врската помеѓу астрономијата и уметноста. Преку водена сликарска сесија, учесниците ќе научат како ноќното небо ги инспирирало уметниците низ историјата и ќе создадат сопствени уметнички ремек-дела инспирирани од ѕвездите.
🌠 Што ќе правиме?
🖌 Истражување на ноќното небо како уметничка инспирација
🎨 Креирање на сопствена галактичка уметност
📖 Запознавање со познати уметнички дела инспирирани од ѕвездите
👩🎨 Забавно и интерактивно учење за врската меѓу науката и уметноста
📅 Датум: 5 април
🕘 Сесија 1: 11:00 – 13:00 (возраст 8-12 години)
🕞 Сесија 2: 14:00 – 16:00 (возраст 13-18 години)
📍 Локација: Китино Кале
⚠ Ограничен број места! Пријавете се сега за да ја резервирате вашата уметничка авантура! 🎨✨
Кичево
(ФОТО) Кичевската пиљара „Бамби“ денес слави прв роденден, верните потрошувачи ги дочекаа со изненадувања и попусти!

Пиљара „Бамби“ – Кичево позиционирана на ул „Борис Кидрич“ бр. 17 наполни 🎂 1 година постоење! Но тоа не е се, како фирма оваа година го прави својот јубилеј од 20 години постоење, причина повеќе за лојалност и доверба!
Секогаш свежо овошје и зеленчук, апетисани, прехрамбени производи, пијалок, кафе, чаеви, највкусни сладоледи, кетеринг намирници и што уште не!
Денес сосема нов уреден стил, со дополнителен асротиман на роба и производи, по барање на своите клиенти, а по повод специјалниот ден, односно роденденот, во просториите се реализира скромна здравица и изненадувања за купувачите. Најголемото изненадување беше мини-наградната игра во соработка со нивните партнери.
- Петто место, награда потрошувачки ваучер од 2000 ден производи во „Бамби“ доби Анор Јашари
- Четврто место, награда потрошувачки ваучер од 2000 ден производи во „Бамби“ доби Виктор Аврамоски
- Третото место производ „Блендер“ доби Николина Настески
- Второ место производ „Соковник“ доби Гоце Костески ексклузивно изјавуваќи за нас дека ова му е можеби една од ако не и единствена награда која му се паднала во животот.
- Како главна награда „Air Fryer“ по повод првиот роденден на „Бамби“, пристигна во рацете на кичевчанецот Индрит.
Посетете ги уште веднаш, и бидете дочекани со насмевка и брза услуга. Продавницата 🛒 работи од понеделник до сабота со работно време од 08:00 до 22:00ч
Од нашиот медиум им посакуваме уште долги години да го слават во успех, хармонија и со истиот врвен квалитет, а купувачите тоа го препознаваат!
Кичево
Вечерва во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево ќе се одржи детската претстава „Рибарот и златната рипка“

Ве известуваме за радост на нашите најмили и најмали во организација на кичевскиот Хор „Митрополит Козма Пречистански“ организира популарна детска претстава „Рибарот и златната рипка“ во изведба на познатиот актер Владо Дојчиноски и познати актери од нашето поднебје.
Претставата ќе се одржи вечерва 28.03.2025г. во НУЦК “Кочо Рацин” – Кичево, голема сала.
Влезот е бесплатен за сите заинтересирани.
📍 Дом на Култура “Кочо Рацин” – Кичево
⏰️ 19:30ч.
Бидете дел!
-
Хороскоп2 дена
Месечен Хороскоп (април)
-
Временска прогноза1 ден
Попоски: Влегуваме во период на температури во минус, студ и снег, невообичаено за месец април – ова се информациите
-
Хороскоп23 часа
Хороскоп за среда (2 април)
-
Македонија1 ден
МВР: Кривична пријава против 10 полициски службеници од Единицата за брзо распоредување за злоупотреба на службена положба и овластување
-
Македонија1 ден
Поскапуваат дизелот и бензинот, ова е новата цена од вечерва
-
Македонија1 ден
(ФОТО+ВИДЕО) Во Манастирот Рајчица одекна новиот „Благовесник“
-
Кичево1 час
Во сабота на кичевското „Китино Кале“ ќе се одржи забавна и едукативна сликарска сесија за деца и тинејџери, кои ќе истражуваат како ноќното небо ја инспирира уметноста низ историјата
-
Хроника11 часа
ОВР Крива Паланка приведе три лица, се сомничат за убиство на 84 годишен старец, најден закопан во близина на живеалиште