Денес на YouTube платформата во етер излезе најновата патриотска песна на естрадниот уметник од Кичево – Спасен Сиљаноски.
Музиката е дело на самиот Спасен, текстот на неговата мајка Јагода Сиљаноска, додека за комплетниот аранжман и хармоника беше задолжен маестро Милан Завков, тука своја заслуга има и басистот Никола Автовски, Далибор Ефтимовски на тапан и кларинет Новица Соколовски.
Песна која мора да ја чуе секој Македонец, бидејќи е компонирана длабоко од својата Македонска душа – за нашиот портал додава фолк уметникот Спасен.