Следете не

Временска прогноза

Поголем студ и врнежи од снег, детална временска прогноза (ВИДЕО)

Објавено пред

на

Временска прогноза

Од недела нашата територија ќе биде изложена на нов ладен и влажен бран, ова се информациите

Објавено пред

на

Во недела на 2 март нашата територија повторно ќе биде зафатена од нов ладен и поголем влажен бран кој ќе услови пообилни врнежи кои во градовите ќе бидат претежно од дожд, додека на повисоките места и на планините (до околу 1000 метри надморска височина) врнежите ќе бидат од снег.

Снежната граница, особено во северните и во северозападните предели се очекува да се спушти и под 1000 метри, па така, појава на повремен снег во овие предели ќе има и во дел од повисоките населени места. Сето ова ќе биде проследено со повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец, најизразен Долж Повардарието.

И во Скопскиот регион со овој ладен и влажен бран од север ќе има врнежи од дожд, а на околните планини врнежите ќе бидат од снег. Не се исклучува можноста послаби врнежи од снег во недела на 2 март да има  и во дел од повисоките предели од котлината. Повремено и во Скопје ќе дува засилен ветер од северен правец.

Што се однесува до температурите, тие во недела на 2 март позначителнои ќе опаднат  и максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 10 степени, информира Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

До петок стабилно време, викендот пред нас ќе има услови за повремен локален слаб дожд

Објавено пред

на

Во периодот кој што е пред нас, односно до петок (28  февруари) во нашата Република Македонија ќе имаме променливо време со повремени локални послаби врнежи од дожд, додека на планините и на Скијачките центри повремено ќе провејува снег. Ќе биде релативно тивко и без некој изразен ветер, а во утринските и повторно во ноќните часови ќе има услови за појава на магла по котлините.

Слично време ќе имаме  и во Скопскиот регион, променливо и со услови за појава на магла наутро и повторно во ноќните часови. Ќе има услови и за повремен локален послаб дожд.

Што се однесува до температурите, тие наутро на повеќе места ќе бидат околу, или за неколку степен над нулата, а само на високите места, планините  и на Скијачките центри тие ќе бидат за неколку степени под нулата. Максималните дневни температури пак до петок (28 февруари) ќе бидат повисоки и ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 13 степени, додека во југоисточните предели температурата повремено ќе се искачува и до околу 15 степени.

И во Скопје температурата овие денови ќе се искачува до околу 15 степени.

За време  на викендот, односно на први и на втори март ќе дува засилен ветер од северен правец и истиот ќе услови значително заладување на времето, пообилни врнеи од дожд, кој полека ќе преминуваат во снег, најпрвин на Скијачките центри, планинските места  и повисоките населени места, потоа  и во дел од градовите, особено во западните  и во северните предели од нашата Македонија, информира Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Студот ќе попушти, ќе имаме магла и услови за слаби врнежи од дожд и од снег следната седмица!

Објавено пред

на

Во текот на следната седмица, односно во периодот од 24 февруари (понеделник), па до 2 март (недела) студот во Македонија ќе попушти и температурите ќе бидат повисоки, како наутро, така и преку ден, но не се работи за некое многу големо затоплување. Исто така, во текот на следната седмица ќе имаме и значително повеќе облачност и претежно тивко време и без некој изразен ветер.

По котлините пак за време на овој период, ќе се создаваат услови за појава на магла и на ниска облачност, која ќе биде најизразена во ноќните и во утринските часови. Но мора да напоменам дека, повремено во овој период ќе има и слаби локални врнежи, кои на ниските места ќе бидат од дожд, а на повисоко, како и на планинските места, секако, и на Скијачките центри ќе има слаби врнежи од снег.

Повремено, снежната граница би можела да се спушти и во дел од градовите, па не се исклучува можноста  и во градовите повремено да има појава на слаби врнежи од дожд и од снег, или влажен снег.

И во Скопскиот регион не очекува слично време како и во останатите предели од државава.

Што се однесува до температурите, тие наутро ќе се спуштаат во интевалот од -4 до 3 степени, додека преку ден тие ќе се искачуваат во интервалот претежно од 3 до 13 степени. Во Скопје пак максимумот на температурата во текот на следната седмица ќе се искачува до околу, а према средината и во вториот дел од истата таа ќе надминува 10 степени.  Наутро пак таа ќе се спушта до околу, повремено и за некој степен под нулата, а од средината на следната седмица таа и наутро ќе биде претежно над нулата, информира Славчо Попоски.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Култура2 часа

Денеска за верниците од исламска вероисповед започнува Светиот месец „Рамазан“, месец на пости и религиозна посветеност

За верниците од исламска вероисповед од денеска започнува Светиот месец – „Рамазан“, месец на пости и религиозна посветеност. Во наредните...

На денешен ден7 часа

На денешен ден – 1 март

1562.- Католиците во Франција масакрираа над илјада Хугеноти (протестанти) за време на нивната молитва во Васи, што беше почеток на...

Хороскоп8 часа

Месечен Хороскоп (март 2025)

ОВЕН Неповолен ден за почеток на нова работа или било какви промени. Потрудете се да бидете фокусирани на старите задачи....

Култура12 часа

Бигорски Манастир ги кани сите верници на вечерна Богослужба за Прочка

Манастирот Свети „Јован Бигорски“ ги повикува верниците да земат учество во богослужбата, која ќе започне во недела, со почеток во...

Кичево14 часа

Важно сообраќајно инфо за делница кај кичевските села Србјани-Другово, на пат Кичево-Охрид

ГД Гранит АД Скопје известува за започнување со изведба на градежни работи од 03.03.2025 година на делот на кружниот тек...

Lifestyle20 часа

Со исклучување на овие уреди преку ноќ, можете да ја намалите сметката за струја

Во продолжение ви претставуваме едноставен начин како да заштедите на струја. Зошто е важно да се намали потрошувачката на електрична...

Магазин20 часа

Samsung го забрзува темпото, Galaxy S25 Edge во продажба во мај

По успешното лансирање на новата серија Galaxy S25, Samsung го најавува претстојното објавување на ултра тенкиот модел S25 Edge. Натпревар...

Магазин20 часа

OpenAI го лансираше GPT-4.5: Зошто е огромен, скап и најголем

Водачот во вештачката интелигенција, OpenAI, вчера го објави својот најнов чет-бот, започнувајќи со ограничено ширење на GPT-4.5. Извршниот директор на...

Магазин20 часа

Instagram размислува за самостојна апликација Reels во услови на неизвесност на TikTok

Instagram, наводно, планира да лансира посебна апликација за својата функција Reels, за да ја искористи неизвесната иднина на TikTok во...

Магазин20 часа

Xiaomi 15 Ultra откриен со 200 MP телефото камера – се чека верзија за Европа

Засега достапен само во Кина, но Xiaomi 15 Ultra најверојатно ќе пристигне во Европа овој викенд. Телефонот ги задржува клучните...

НАЈЧИТАНИ