Македонија
СВР Охрид продолжува со засилени активности за проверка и почитување на одредената мерка за самоизолација на луѓе

По преземени подготвителни активности за доследно спроведување на мерките на Владата за заштита и сузбивање на Коронавирусот а во врска мерката за спроведување на лица во државен карантин, на 21.03.2020 година, полициски службеници од СВР Охрид и граничната полиција „Регионален центар Запад“, извршија обезбедување и транспорт на четири лица кои од граничниот премин „Ќафасан“ се пренесени до Специјалниот завод во Демир Капија.
СВР Охрид, на целото подрачје што го покрива (Охрид, Струга, Вевчани, Кичево, Пласница, Дебар и Центар Жупа), на терен продолжува да презема најстроги рестриктивни мерки со цел доследно спроведување на мерките за заштита на граѓаните. Во координација со други надлежни институции, СВР Охрид ќе продолжи да презема активности за целосно спроведување на мерките кон лицата што не ја почитуваат мерката за самоизолација и нивно спроведување во државен карантин и против истите да биде поведена соодветна постапка.
Полициската станица Охрид врши контрола на вкупно 144 лица со мерка „здравствен надзор и домашна изолација“, 125 од нив, своерачно под полна морална, материјална и кривична одговорност потпишале изјава дека по доаѓањето од странски земји кои, според Листата од СЗО се зафатени од Коронавирус COVID – 19, во времетраење од 14 денови во нивните домови ќе спроведат задолжителна самоизолација. 19 лица се водат со решение од Државниот здравствен и санитарен инспекторат и се ставени под здравствен надзор и домашна изолација.
Упатуваме апел до граѓаните, строго да ја почитуваат најновата одлука на Владата за забрана на движењето од 21 до 06 часот секој ден како и дисциплинирано да се придржуваат до сите останати препорачани мерки и насоки во врска со спречувањето на ширењето на COVID-19, а сите правни и физички лица строго да се придржуваат до насоките на полициските службеници.
Граѓаните, на бесплатниот телефонски број 08 0000 201 или на 192, можат да ги пријавуваат сите случаи на лица кои ги прекршуваат одредбите за задолжителна 14 дневна самоизолација.
Што се однесува за Дебар и Центар Жупа се почитуваат мерките на Владата
Изминатово деноноќие, безбедносната состојба во општините Дебар и Центар Жупа, каде е прогласена кризна состојба е стабилна. Не се регистрирани собирања на граѓани на јавни места, нарушувања на јавниот ред и мир, кражби и нема регистрирани сообраќајни незгоди. На терен, полициските службеници преземаат најстроги рестриктивни мерки со цел доследно спроведување на мерките на Владата и заштита на граѓаните и спречување на ширење на коронавирусот.
Непречено се реализираат мерките за контрола на патнички и други моторни возила за влез во Дебар и Центар Жупа, како и активностите за дотурот на храна, лекови, средства за лична хигиена и други потреби за граѓаните во двете општини. Сите правни лица кои вршат дотур треба да се најават во Кризниот штаб на фиксниот телефон 046/831 051 по што, нивните возила со полициска придружба ќе бидат спроведени до соодветните трговски објекти.
Потсетуваме дека влезот е дозволен само на лица кои се жители на општините, а истовремено е оневозможен, односно строго е забранет излезот на сите граѓани затекнати на подрачјето на двете општини.
Апелираме до граѓаните да се придржуваат до сите мерки и насоки во врска со спречувањето на ширењето на коронавирусот. Сите оние кои ги прекршуваат дадените препораки, ќе бидат санкционирани согласно член 205 и 206 од Кривичниот законик.
Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид
Македонија
Сообраќајно инфо: Намалена видливост поради магла на превој „Стража“

Патна информација до сите кои патуваат преку планинскиот превој „Стража“, особено да внимаваат затоа што има намалена видливост поради појава на магла – 50-80м, додека сообраќајот се одвива непречено, по влажни коловози.
Патувајте безбедно, почитувајќи ја поставената патна сигнализација и прилагодување на возилата према условите на патот.
Пријатен пат!
Македонија
МВР: Кривична пријава против 10 полициски службеници од Единицата за брзо распоредување за злоупотреба на службена положба и овластување

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано оддделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, поднесе кривична пријава против полициските службеници К.Ѓ., Г.Д., Н.С., И.Г., Д.Д., Д.Д., Н.М., С.С., З.Т. и Д.Т., сите вработени во Единицата за брзо распоредување, поради постоење основи на сомнение дека извршиле кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување’’ казниво по член 353 од Кривичниот законик.
Пријавените, со намера за себе да прибават противправна имотна корист, искористувајќи го стекнатото право за надомест на патни трошоци, поради тоа што по лична карта се воделе со место на живеење надвор од Скопје, ја злоупотребиле службената положба на начин што примале парични средства од Министерството за внатрешни работи за денови во кои не патувале од своето место на живеење до работното место во Скопје и обратно, со што во периодот 01.12.2023 до 17.09.2024 го оштетиле буџетот на Министерството за внатрешни работи во вкупен износ од 1.098.120 денари.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди за пријавените полициски службеници ќе поднесе и предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност, предмалку информира МВР.
Македонија
Поскапуваат дизелот и бензинот, ова е новата цена од вечерва

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 24.03.2025 година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 76,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 79,00 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1), се зголемуваат за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 24.03.2025 година и со тоа, малопродажната цена на малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 69,00 ден/лит и малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 69,00 ден/лит.
-
Хороскоп1 ден
Месечен Хороскоп (април)
-
Спорт2 дена
ФФМ упати експресно соопштение во врска со нечовечкото однесување на навивачите на ФК Шкендија
-
Временска прогноза9 часа
Попоски: Влегуваме во период на температури во минус, студ и снег, невообичаено за месец април – ова се информациите
-
Македонија16 часа
МВР: Кривична пријава против 10 полициски службеници од Единицата за брзо распоредување за злоупотреба на службена положба и овластување
-
Македонија18 часа
Поскапуваат дизелот и бензинот, ова е новата цена од вечерва
-
Хороскоп9 часа
Хороскоп за среда (2 април)
-
Временска прогноза2 дена
Повторно доаѓа нова тура на обилни врнежи од дожд и невреме над Македонија
-
Скопје2 дена
(ВИДЕО) МВР: Санкциониран возачот кој управуваше возило по тротоар на Бит Пазар и ја загрози безбедноста на пешаците