Следете не

Скопје

СВР Скопје: Приведен крадец кој одзел од вработена во аптека 6000 ден и мобилен телефон

Објавено пред

на

На 14.09.2020 околу 16.30 часот полициски службеници од Полициската станица Центар го лишиле од слобода Ф.П.(38) од Скопје, затоа што кратко време пред тоа со закана со нож од вработена во аптека на бул.„Климент Охридски“ одзел 6000 денари и мобилен телефон.

Парите и телефонот биле пронајдени, а лицето било приведено во полициска станица.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок

Извор: СВР Скопје / МВР

Скопје

253 сообраќајни прекршоци во Скопје, 56 санкционирани возачи на мотоцикли

Објавено пред

на

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (12.06.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 235 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 73 санкции, 17 за возење без возачка дозвола, 56 прекршоци што го чинат возачите на мотоцикли.

Изречени се шест санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, 17 за управување под дејство на алкохол, четири за минување на затворен сигнал (црвено светло), 51 санкција за непрописно паркирање.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Извор: МВР

Прочитај повеќе...

Скопје

МВР со важна информација за работата на Управни служби – Скопје

Објавено пред

на

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека поради надградба на системот за лични документи, од 11. 06. 2021 година (петок) започнувајќи од 16 часот, заклучно со 15. 06. 2021 година (вторник-во текот на целиот работен ден до 20 часот) нема да биде во функција системот за прием и издавање на лични документи (лична карта, пасош и возачка дозвола) во Скопје.

Од тие причини се известуваат граѓаните од подрачјето на град Скопје кои имаат закажано термин за аплицирање за личен документ (лична карта, пасош и возачка дозвола) на 11. 06. 2021 година по 16 часот, да дојдат во просториите на Министерството каде што имаат закажан термин за личен документ истиот ден (11. 06. 2021 година) до 16 часот.

Граѓаните кои имаат закажан термин за 14. 06. 2021 година, правото за поднесување на барање за личен документ, ќе можат да го остварат денеска (05. 06. 2021) на исто место и во истиот час и минути како што имаат закажано.

Граѓаните кои имаат закажан термин за 15. 06. 2021 година, правото за поднесување на барање за личен документ ќе можат да го остварат утре (06. 06. 2021)  на исто место и во истиот час и минути како што имаат закажано.

Воедно ги информираме граѓаните готовите лични документи да ги подигнат до 11. 06. 2021 година до 16 часот или од 16. 06. 2021 година.

Извор: МВР

Прочитај повеќе...

Скопје

Неколку скопски населби утре без електрична енергија поради зафати на електродистрибутивната мрежа

Објавено пред

на

Поради зафати на електродистрибутивната мрежа утре 30.05.2021 година – недела, ЕВН Скопје ќе работи на терен, така што прекини во снабдување на електрична енергија ќе имаат домаќинствата на следните локации:

КЕЦ Васил Главинов

Нас. Шуто Оризари, затвор Шутка, општина Бутел, нас. Визбегово, индустриска зона Визбегово, Бутел 2, Бутел 1, Расадник, нас. Кучевишка Бара, најголем дел од општина Чаир, нас. Скопје – Север, нас. Топанско Поле, нас. Топаана, Момин Поток ( Од 05:05 до 13:00 часот )

КЕЦ Ѓорче Петров

с. Крушопек. ( Од 13:00 до 16:00 часот )

Извор: Струја

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Временска прогнозаПред 11 минути

Од денес топлиот бран од северните предели на Африка ќе продира кон нашите простори

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и топло со умерена локална облачност. Попладне ќе биде нестабилно со локална појава...

СпортПред 8 часа

Мрме: Последниот меч во репрезентативниот дрес на Гранде Пандев е дополнителен мотив

Игор Ангеловски, селекторот на македонскиот национален тим, на официјалната прес-конференција во Амстердам му се заблагодари на Горан Пандев, и нагласи...

На денешен денПред 10 часа

На денешен ден – 21 јуни

1377 година – Умре англискиот крал Едвард Трети. Станал крал во 1327 година, наследувајќи го својот татко Едвард Втори. Поради...

ХороскопПред 11 часа

Дневен Хороскоп (21 јуни) понеделник

ОВЕН Нови можности за подобрување на вашата кариера се на повидок. Ви претстои добар период на финансиски и бизнис план....

МакедонијаПред 15 часа

(ГАЛЕРИЈА) Кичевчани и „Car Club – Кичево“ денес се на хуманитарната изложба на автомобили за Виктор Петрески од Прилеп

Денес 20.06.2021 година недела се одржа хуманитарна изложба на автомобили која имаше една единствена цел – дека собраните финансиски средства...

Временска прогнозаПред 19 часа

Доаѓа топлотен бран со висок УВ, но и проследен со локална нестабилност

До крајот на денов, особено во источните и во североисточните предели ќе има услови за локална нестабилност проследена со пороен...

АвтомобилиПред 19 часа

Познато кога Ауди ќе престане со производство на дизел и бензин мотори

Одреден е датум кога германската марка ќе престане да произведува нови бензински и дизел автомобили, а тоа е веќе во...

КултураПред 1 ден

Денес е Духовден, празник на Светиот дух

Денес е Духовден – Празник на Светиот дух. Овој христијански празник се празнува три дена, а првиот ден од празникот...

СветПред 1 ден

(ФОТО) Камион влета на велосипедска трка во Аризона, има повредени..

Шест велосипедисти се во критична состојба во болницата откако камион влета во мал планински град северо-источно од градот Феникс врз...

На денешен денПред 1 ден

На денешен ден – 20 јуни

1459 година – Турците го зазедоа утврдениот град Смедерево, последното упориште на српската средновековна држава, која формално ја изгуби својата...

НАЈЧИТАНИ