Хроника
Татко удрил син со остар предмет и му нанел убодна рана, детали..

На 30.06.2019 околу 20.40 часот било пријавено дека во с.Желино, тетовско, при семејна расправија, Ф.Р.(56) од село Желино со остар предмет му нанел убодна рана на неговиот син Р.Р.(23).
Според пријавеното, додека Р.Р. бил во друштво со Ф.А.(19) од село Боговиње во своето возило, дошол Ф.Р. со нивен роднина Е.Р.(31) од село Желино и физички ги нападнале.
Според пријавеното, во еден момент Ф.Р. го удрил Р.Р. по раката и со остар предмет му нанел убодна рана. Р.Р. бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ – Скопје.
Увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа при СВР Тетово. Ф. Р. и Е. Р. биле приведени и задржани во СВР Тетово и по целосно расчистување на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Извор: МВР
Хроника
Кичевчанец додека работел на работни задачи на автопат Кичево-Охрид паднал и починал

На 29.01.2025 во 13.20 часот во ОВР Кичево е пријавено дека З.Т.(51) од Кичево, при извршување работни задачи на дел од автопатот Кичево-Охрид, кој е во изградба, паднал и починал.
Смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош од Кичево, а увид извршиле полициски екипи и трудов инспектор.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција, за јавноста и медиумите известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Хроника
Извлечено женско тело од водите на Вардар

Денеска (28.01.2025) околу 12.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека е забележано женско тело во реката Вардар.
Околу 13 часот во близина на мостот Близнак во Скопје, телото е извадено од реката од страна на полициски службеници од ПС Аеродром.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, известува МВР.
Хроника
Пронајдено исчезнатото тело на мажот по кое се трагаше во реките на Вардар

Предмалку екипите го пронајдоа и извлекоа и телото на 56-годишниот маж од водите на Вардар.
– Имено вчера вечер беа извлечени телата на три жени од автомобилот Ауди, попладнето излета во Вардар во близина на селото Рашче.
Канал5 екскузивно во живо го документираше настанот:
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за сабота (22 февруари)
-
Македонија1 ден
Кај Демир Капија – Смоквица до крај на месец мај ќе има измена на сообраќај, односно целосно затворање на „Тунел Т2“
-
Временска прогноза10 часа
Студот ќе попушти, ќе имаме магла и услови за слаби врнежи од дожд и од снег следната седмица!
-
Хороскоп4 часа
Хороскоп за недела (23 февруари)
-
Македонија12 часа
Во водите на охридско езеро минувачи забележале неексплодирана бомба
-
Мобилни уреди10 часа
Крај на една ера, „Apple“ ја прекина една од најпрепознатливите функции на „iPhone“ по 18 години
-
Автомобили2 дена
Dacia подготвува електричен автомобил поевтин од новото Twingo
-
Магазин2 дена
Како да ја зачувате батеријата на телефонот: Четири клучни совети