Македонија
Тепаното 14-месечно девојче го губи видот поради повредите

Претходно, мајката изјавила дека детето паднало од кревет, но кратко потоа од полицијата, МТСП и лекарскиот тим беше потврдено дека тоа не е вистина.
Претепаното 14-месечно девојче, кое беше примено во Ургентниот центар минатата недела, го губи видот поради оштетување на очните нерви, како последица на повредите на главата, дознава Телма.
За утре е закажано магнетно снимање на главата и соодветни лекарски прегледи, за да може да се констатира колкаво е оштетувањето на видот. По цели осум дена, уште нема одговор кој го претепал бебето, нанесувајќи му тешки телесни повреди, скршеници на нозете и крварење во кревет.
Полицијата ја задржа 20-годишната мајка во полициска станица, па ја пушти. Сега министерката за труд и социјална политика Мила Царовска ја чува во засолниште за жртви од насилство, а се соменва дека социјалните центри имаат капацитет да ги превенираат ваквите случаи.
Осми ден истрагата ја води обвинителството, а МВР е на терен. Мајката ја искомплицира истрагата отако посочи дека живеела една недела кај маж и биле изложени на насилство со бебето. Тој човек во полиција кажа дека прв пат ги гледа, а ототгаш нема нови полициски детали, наведе Телма.
Македонија
Во водите на охридско езеро минувачи забележале неексплодирана бомба

На 21.02.2025 година во 11,05 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, случајни минувачи на кеј „Македонија“ во водите на Охридското езеро, забележале неексплодирана бомба.
Местото е обезбедено од полициски службеници а овластен претставник на Дирекција за заштита и спасување, безбедно ја подигнал по што е пренесена за натамошна постапка, информираше портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Македонија
Кај Демир Капија – Смоквица до крај на месец мај ќе има измена на сообраќај, односно целосно затворање на „Тунел Т2“

АМСМ издаде известување за работа на пат, кое гласи: На автопат А1, делница Демир Капија – Смоквица од 20.02.2025 г. до 31.05.2025 година, поради изведба на реконструкција на левата тунелска цевка на Тунел Т2 ќе има времена измена на сообраќајот.
Левата тунелска цевка на тунел Т2 е целосно затворена за сообраќај, а сообраќајот е целосно пренасочен во десната тунелска цевка со двонасочно одвивање на сообраќајот.
Македонија
Нова бензинска станица на ЛУКОИЛ во Гостивар, целосно модернизиран објект во населба Драчево

Реномираниот бренд Лукоил Македонија кој 20 години постои на пазарот, синоним за успех и квалитет, достигнувања во работењето и квалитетот на услугите, во рамки на денешниот ден ја отвори 40-тата бензинска станица во Гостивар, на барање на потрошувачите. Таа се наоѓа на ул. 101 бр.5, снабдена со најдобриот асортиман на производи во маркет, најдобрите ЕКТО еколошки горива, ТНГ автоплин и препознатливото највкусно кафе.
– Претходно, модернизирана беше и бензинската станица во населба Драчево, а во тек се реализации на повеќе бензински станици, на превој Стража и други.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за сабота (22 февруари)
-
Македонија1 ден
Кај Демир Капија – Смоквица до крај на месец мај ќе има измена на сообраќај, односно целосно затворање на „Тунел Т2“
-
Временска прогноза13 часа
Студот ќе попушти, ќе имаме магла и услови за слаби врнежи од дожд и од снег следната седмица!
-
Хороскоп8 часа
Хороскоп за недела (23 февруари)
-
Македонија16 часа
Во водите на охридско езеро минувачи забележале неексплодирана бомба
-
Мобилни уреди14 часа
Крај на една ера, „Apple“ ја прекина една од најпрепознатливите функции на „iPhone“ по 18 години
-
Автомобили2 дена
Dacia подготвува електричен автомобил поевтин од новото Twingo
-
Магазин2 дена
Како да ја зачувате батеријата на телефонот: Четири клучни совети