Кичево
Попладнево: Тешка сообраќајна несреќа со жртва на патот Гостивар-Кичево (ФОТО)

Страшна сообраќајна несреќа попладнево се случила на патот Гостивар-Кичево, а во која според неофицијални информации едно лице го загубило животот.
Од полицијата потврдуваат дека имаат пријава за сообраќајна несреќа помеѓу две возила „Рено Меган“ со гостиварски ознаки и „Опел Астра“ со дебарски таблички, случена околу 17:20 часот на овој патен правец, кај сепарациите.
Детали од МВР не се откриваат, а полицијата повеќе информации ќе соопшти по завршување на увидот на местото на несреќата..
Според неофицијалните и првични информации до кои дојде Курир, во тешката сообраќајка животот го загубил возачот на Реното, а со повреди се здобиле жена и дете од истото возило. Две лица од Опелот, според неофицијални информации, исто така се повредени.
Сите повредени лица биле пренесени во гостиварската болница на укажување лекарска помош, но до овој момент нема детали за нивната здравствена состојба.
Мкд.мк дојде до страотните фотографии испратени од случајни минувачи
Извор: Република / Курир / Мкд
Кичево
Кичевчани во сабота со протест ќе бараат решение за дивата депонија зад кичевски „Комуналец“ која шири смрдеа повеќе од 3 години

Група граѓани од Кичево на социјалните мрежи повикаа на мирен протест поради дивата депонија настаната зад кичевското ЈП „Комуналец“ (стариот објект на Магистралниот пат).
Како што ја известија јавноста преку нивната социјална мрежа на фејсбук која собра рекордни 600 следбеници за нешто помалце од 24 часа – протестот нема никаква политичка поврзаност и се оградува од секакво политичко поврзување, истиот е исклучиво со цел граѓаните да добијат она што заслужуваат, здрава животна средина која е гарантирана со закон.
Во своето интегрално соопшетение исто така наведуваат дека доколку надлежните не пристапат кон решавање на проблемот, протестите ќе бидат честа појава, со цел свртување внимание за она што треба.
Протестот според исказот во јавноста групата граѓани ќе го одржат во сабота на 12.04.2025 г. со почеток од 13:00ч со збирно место во непосредна близина, односно кај новата зграда на Општина Кичево, влез/рампа пред самото паркинг место.
– Инаку да потсетиме пред 8 месеци во дивата депонија избувна пожар кој целосно го пеплоса локалитетот каде што беше одлаган сметот, исфрлајќи токсичен чад кој се распространи над половина град, додека припадниците на ТППЕ Кичево, завршија во Општата Болница во Кичево вдишувајќи чад, санирајќи ги пламените јазици (линк до известувањето ТУКА)
– Во прилогот од ИРЛ известија дека Државниот инспекторат за животна средина му даде рок до крајот на месец февруари 2024-та година на ЈП „Комуналец“ Кичево да ја исчисти локацијата, која без никаква институционална одлука стана диво одлагалиште на отпад, но се чини година и два месеци нема ништо од тоа.
Известуваа и колегите од ТВ21 уште во 2022-та година на 28 август, но се чини и тоа беше без успех.
Да се надеваме дека конечно ќе се изнајде решение и веќе „привремената“ дива депонија кои некои ја бележат дека е повеќе од 5 години која и градоначалникот ја призна за „нелегална“ во свое интервју за ИРЛ – ќе стане конечно минато. #ЕденВоздух #СитеСмеЗасегнати
Кичево
Се спрема најрадосната Лазарева Сабота во Кичево, утре е Втората проба за манифестацијата

Со голема радост споделуваме дел од атмосферата на Првата проба по повод свечената празнична Поворка за празникот на Лазаревото Воскресение (Лазарева Сабота, 12.04.2025г.).
Воедно, и ве повикуваме, што побројни, сите кои сакаат да земат учество во свечената Поворка, во Четврток на 10ти Април, во 18:30ч. во просториите на Црквата ,,Свв. апостоли Петар и Павле” да ги испееме најрадосните Каланди кои ни го навестуваат Воксресението Христово и да ги оцелосиме подготовките за Лазаревата Сабота.
🗓10.04.2025г. – ⏰️18.30ч во просториите на Црквата ,,Свв. апостоли Петар и Павле” – Кичево – Втора проба.
Ве очекуваме, истакнаа од Хорот Митрополит Козма Пречистански
Линк до објавата ТУКА
Кичево
Во сабота на кичевското „Китино Кале“ ќе се одржи забавна и едукативна сликарска сесија за деца и тинејџери, кои ќе истражуваат како ноќното небо ја инспирира уметноста низ историјата

Меѓународната вселенска алијанса (ISA) во партнерство со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (OSCE) доби грант за проектот „Interstellar Expressions: Fostering Cultural Unity through Celestial Arts”. Овој проект има за цел да ги обедини младите од различни етнички и културни заедници во Кичево преку активности поврзани со уметноста и науката за вселената.
Проектот опфаќа 4 работилници, од кои едната веќе беше реализирана (тука можеш да видиш повеќе информации https://fb.me/e/9u4QXdzsS).
Втората ќе се одржи оваа сабота итоа во два термини, има уште многу малку места, на база на „прв дојден – прв услужен“ регистрирајте се навремено на линкот подоле:
https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLScLhJgOvuDYrC0kZ878C035T8-oP0RXYWv9DpniJ-EajP-Ifg/viewform?usp=sharing
Ова е Фејсбук Настанот: https://www.facebook.com/share/164Kja16UU/
🎨✨ Сликање на ѕвездите – Уметност инспирирана од ноќното небо! ✨🌌
Овој уникатен настан им овозможува на децата и тинејџерите да ја истражат врската помеѓу астрономијата и уметноста. Преку водена сликарска сесија, учесниците ќе научат како ноќното небо ги инспирирало уметниците низ историјата и ќе создадат сопствени уметнички ремек-дела инспирирани од ѕвездите.
🌠 Што ќе правиме?
🖌 Истражување на ноќното небо како уметничка инспирација
🎨 Креирање на сопствена галактичка уметност
📖 Запознавање со познати уметнички дела инспирирани од ѕвездите
👩🎨 Забавно и интерактивно учење за врската меѓу науката и уметноста
📅 Датум: 5 април
🕘 Сесија 1: 11:00 – 13:00 (возраст 8-12 години)
🕞 Сесија 2: 14:00 – 16:00 (возраст 13-18 години)
📍 Локација: Китино Кале
⚠ Ограничен број места! Пријавете се сега за да ја резервирате вашата уметничка авантура! 🎨✨
-
Кичево2 дена
Кичевчани во сабота со протест ќе бараат решение за дивата депонија зад кичевски „Комуналец“ која шири смрдеа повеќе од 3 години
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за петок (11 април)
-
Хороскоп12 часа
Хороскоп за сабота (12 април)
-
Хроника1 ден
(ВИДЕО) Извршниот директор на Сименс со семејството загина во хеликоптерска несреќа во САД
-
Македонија21 час
Од ноќеска ново намалување на цената на горивата
-
Дом и уредување2 дена
Дали имате мувла во домот? Овие три секојдневни навики можат да бидат причината
-
Lifestyle23 часа
Природно до најубави велигденски јајца: Четири методи за црвено бојадисување без хемикалии
-
Магазин2 дена
Дали полнењето на телефонот до 100% ја уништува батеријата? Еве што велат експертите