Македонија
Црн ден: 4 загинати во нова сообраќајка кај Ресен денес..
Денешниот ден дефинитивно ќе се запамети како црн ден.
Во нова сообраќајка скоро во ист временски термин како кај таа на Гостивар-Кичево, четири лица загинаа во тешка сообраќајка што попладнево се случила на патот Ресен – Охрид во близина на селото Крушје, потврдуваат од МВР.
Според полициски информации, до несреќата дошло попладнево околу 16:30 часот кога при се уште неразјаснети околности се судриле три автомобили, две со битолски и едно со охридски регистарски таблички.
Од МВР и официјално ја потврдија оваа информација, но не откриваат повеќе детали до завршување на полицискиот увид.
ВНИМАВАЈТЕ ЛУЃЕ како управувате со своето возило!!!
Македонија
(ФОТО) Превентивни активности на МВР за безбедна ловна сезона, заштита од пожари и безбедност во сообраќајот

Вчера (29.09.) во пресрет на почетокот на ловната сезона 2023/24 во Крива Паланка полициски службеници од Полициските станици за ГН и ГП Деве Баир и Крива Паланка одржаа работна средба со членови на ловното друштво „Осогово“, која што беше фокусирана на соработката и заедничките превентивни мерки и активности меѓу полицијата и ловното друштво „Осогово“ во насока на почитување на законите од оваа област и безбедно одвивање на сезоната.
Притоа полициските службеници нотираа повеќе важни укажувања, како што се задолжително носење на дозволи за поседување и носење оружје, задолжително пријавување на евентуалните движење долж граничната линија, неносење на лов на малолетни или други лица, и секако внимателност за безбедно одвивање на сезоната.
Напоредно со ова, вчера и полициски службеници од Полициската станица за ГН Попова Шапка имаа средби и разговори со месното население од селата Шипковица, Бродец, Вешала и Бозовце со цел превенирање и заштита на шумите од пожари и почитување на забраната за движење низ шумите.
Покрај ова, вчера и на подрачјата на Секторите за внатрешни работи Битола и Штип беа реализирани превентивни активности и тоа од областа на безбедноста на сообраќајот во Крушево и во Делчево и од областа на превенција од имотни деликти во Штип и, исто така, во Крушево, известуваат од МВР
Македонија
Намалување на цената на бензинот, дизелот останува не променет

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 2,00 ден/лит и сега ќе изнесува 87,00 ден/лит.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 2,00 ден/лит и сега ќе изнесува 87,00 ден/лит.
Македонија
Од вечерва горивата со намалена цена за литар, ова е новата цена

Од вечерва по еден ипол денар поевтинуваат нафтените деривати, односно, новата цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 89 денари за литар, Еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 91 денар за литар, додека цената на дизелот ќе биде 85,5 денари за литар, денес одлучи РКЕ.
-
Хороскоп1 ден
Месечен Хороскоп (октомври 2023)
-
Хороскоп12 часа
Хороскоп за понеделник (2 октомври)
-
Временска прогноза20 часа
Месечна метео анализа за октомври, потопло и со помалку врнежи од дожд
-
Скопје2 дена
Посебен режим на сообраќај во недела во град Скопје поради одржување на „Скопски маратон 2023“
-
Скопје13 часа
(ФОТО) Во машка конкуренција кенијецот Серем се закити со прво место, додека 11.000 тркачи од 45 земји беа дел од овогодинешниот „Скопски маратон 2023“
-
Магазин11 минути
Lightning беше всушност…одличен?
-
Магазин8 минути
Apple ги обвинува грешките во iOS 17 и апликациите како Instagram за прегревање на iPhone 15