Кичево
Спектакуларно Car Show 2018 во Кичево 27-Мај

Извадок од официјалниот настан на нивната facebook страница.
Драги љубители на автомобилизмот и модифицирани возила!
Со особена чест ве покануваме на „Car Show 2018 – No.2“ кој ќе се одржи на 27-ми Мај во Недела на нашата добро позната локација „Полигон“ во близина на гратската железничка станица.
Во нашата целодневна програма за присутните приредуваме многу забава, ладно пиво, добра храна, многу позитивни вибрации од познат DJ, како и атрактивни девојки кои ќе дадат дополнителен шмек на целиот настан, професионална мега-галерија на нашите медиумски покровители единствените Porta.mk
🏁 Натпреварот ќе се одвива во повеќе категории од кои:
1.🏆Избор на најдобар внатрешен ентериер 🥇🥈🥉
2.🏆Избор за најдобар надворешен изглед 🥇🥈🥉
3.🏆Избор за најдобар комплетен изглед 🥇🥈🥉
– Натпревар во old timer автомобил и тоа во:
1.🏆Избор за најстар класичен автомобил 🥇
2.🏆Избор за најдобро модифициран автомобил 🥇
– Натпревар во најдобар sound во автомобил:
1.🏆Награда за најдобро и најгласно озвучување 🥇
– Натпревар во гласен издув на автомобил:
1.🏆Награда за нај гласен издув на автомобил 🥇
– Натпревар во нај низок автомобил
1.🏆Награда за нај ниско возило (кровно мерење) 🥇
– Натпревар за љубителите на OFFROAD возила
1.🏆Награда за највисоко OFFROAD возило (праг мерење) 🥇+ атрактивни изненадувања во истата категорија..
➡ За љубителите на заден погон доброволно ќе има супер-дрифт со одредена минутажа (со пријавување на самиот влез)
ВАЖНО: Пријавувањето за учество на Car Show 2018 ќе биде најкасно до 25.05.2018 Петок
➡ Пријавувањето за натпревар во сите категории ќе биде на самиот влез.
– Влезот за секој посетител со автомобил ќе изнесува симболични 100 денари, додека натпреварувачите кои ќе се такмичат во две дисциплини (категории) ќе изнесува 200 денари.
➡ ИЗВЕСТУВАЊЕ: За сите учесници важи официјалното правило за одговорно движење во околината на собирот, без непотребни стартувања и несоодветни работи кои би ја нарушиле Tunning традицијата се до наша најава.
– ДОКОЛКУ НЕ СЕ ПОЧИТУВААТ ПРАВИЛАТА ИСТИТЕ ПОСЕТИТЕЛИ ЌЕ БИДАТ НА СООДВЕТЕН НАЧИН ОДСТРАНЕТИ ОД СТРАНА НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА НАСТАНОТ !
☎ Контакт:
071/302-270 Тане
071/360-040 Иван
078/445-522 Admin
✉ facebook.com/porta.mk
✉ facebook.com/carclubkicevo
✉ [email protected]
Благодарност до сите помагатели и спонзори на ова show, кои ќе бидат истакнати за време на настанот.
Кликнете присуствувам на официјален facebook настан ТУКА
Со почит
Кичево Car Club.
©2018
Кичево
Во Кичево вчера најмногу казни за пречекорување на брзина..

На 05.02.2023 во периодот од 10.00 до 16.00 часот на подрачјето на СВР Охрид реализирани се засилени акциски контроли во патниот сообраќај.
Притоа, полициските службеници затекнале вкупно 87 возачи управувале моторни возила со брзина поголема од дозволената (Охрид-17, Струга-32, Кичево-37, Дебар-01).
Против нив се поднесени соодветни платни налози.
Известуваат од МВР.
Кичево
Најбараните производи сега на акција во АТВА Маркети

Кичевскиот најснабден маркет АТВА повторно со акција на најбараните производи по екстра цени!
Акциската цена на производите ќе трае една седмица, односно до 2 февруари.
Кичево
Кичево: Вчера во стан на ул. „11 Септември“ настанал пожар, повредени лица нема..

На 23.01.2023 година во ОВР Кичево било пријавено дека на 22.01.2023 година во 18.30 часот во стан на улица „11 Септември“ во Кичево, сопственост на С.С. (48), настанал пожар.
Повредени лица за среќа нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Кичево.
За порта.мк известува портпаролот на СВР Охрид, г-дин Стефан Димоски.
-
Хроника2 дена
ТАЖНА ВЕСТ: Почина доајенот на македонската музика, маестро Милан Завков, нашата прва хармоника, музички виртуоз, творец и изведувач..
-
Хороскоп22 часа
Хороскоп за среда (8 февруари)
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за вторник (7 февруари)
-
Свет8 часа
(ВИДЕО) Сириско момче истакна видео до под урнатините, „незнам дали ќе преживеам или умрам“, страшни снимки од земјотресот во Турција и Сирија
-
Магазин1 ден
Дали ќе плаќаме за верификација на сметката и за Instagram и за Facebook?
-
Свет2 дена
(ВИДЕО) Бројот на загинати во земјотресот кој ја погоди Турција и Сирија достигна над 2,720 луѓе и 13,580 повредени…
-
Видео8 часа
Кој подобро ја слуша мама? Тиктокерка сними како им дава наредби на синот и кучето, видеото стана хит
-
Магазин1 ден
Продажбата на конзолата PS5 надмина 32 милиони единици