Следете не

Живот и стил

Една слика, еден куп емоции, Тоше и Влатко келнери на хуманитарна забава

Avatar

Објавено пред

на

Најтажна слика на светот постара од 10 години, вечерта која беше организирана хуманитарна забава на која се келнери и ги служат младите без никакво его …

Македонија загуби уште еден господин кој знаеше да им помогне на оние кој немаа. Тоше и Влатко не се повеќе меѓу нас, но вечно ќе живеат во нашите срца, секогаш.

Pogled.mk

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Живот и стил

Овој трик ќе ви помогне против несоница

Avatar

Објавено пред

на

Топла бања пред спиење може да ви помогне да спиете подобро, особено ако внимавате на иста температурата на водата.

Според нивни резултати од универзитетско истражување, капењето на час или два пред спиење (идеално 90 минути) во вода чија температура е помеѓу 40 и 43 Целзиусови степени им помага на луѓето да спијат подобро.

Особено, капењето во овој период и со вода на наведената температура може да ви помогне да заспиете во просек 10 минути побрзо од вообичаеното.

Медицинските истражувања веќе открија дека сонот и температурата на телото се регулирани со нашиот внатрешен часовник, или циркадскиот ритам.

Температурата на нашето тело за време на спиењето е најниска. На спиење, просечното лице доживува пад на телесната температура од 0,3 до 0,6 степени, а додека се подготвуваме за будење, температурата почнува да расте.

Иако може да изгледа контрапродуктивно, топла бања го стимулира терморегулаторниот систем на организмот и ја стимулира циркулацијата на крвта, што помага да се намали телесната температура.

Основната идеја за топла бања пред спиење е дека температурата на телото, кога се крева, мора да падне, и на овој начин го имитираме природниот пад.

Експертите исто така забележуваат дека самото капење има различен ефект врз телото отколку туширањето. Капењето влијае побрзо на температурата на телото бидејќи е стимул што го опкружува целото тело. Додека легнуваме во бањата, нашето тело се релаксира на поинаков начин.

Луѓето кои се бањаат наутро и имаат проблеми со спиењето, треба да пробаат вечерна бања.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Живот и стил

Со овој тренинг по дома од 30 минути, ќе подготвите топ тело за на плажа

Avatar

Објавено пред

на

Можеби не сте свесни, но летото е веќе зад аголот и крајно време е да го доведеме нашето тело во ред, ако сакаме да изгледаме одлично во костим за капење.

На многумина од нас, во текот на зимата ни се случи да добиеме неколку килограми плус, а ова го  забележавме кога ги извадивме пролетните парчиња од плакарот и сфативме дека не ни стојат како минатата година. Значи, сега кога алармот е активиран, време е да работиме на телото.

За успешно да се ослободите од вишокот килограми, прво мора да ја поправите вашата исхрана. Најважно е во својата исхрана да го воведете сезонското овошје и зеленчук, и збогатете го менито со разни шејкови и салати. Рибата и пилешкото нека ви бидат основен извор на протеини. За целосно да го прочистите телото, не заборавајте да пиете колку што е можно повеќе вода и да ги отстраните газираните пијалаци.

Кога ќе ја ставите вашата исхрана во ред, време е да воведете секојдневен тренинг. Тренингот мора да се прилагоди на состојбата на вашиот организам и вашите тековни способности, бидејќи само така ќе имате соодветни ефекти.

Не можете вашето тело да го доведете до совршенство преку ноќ, навистина е важно да започнете да се подготвувате навреме.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Живот и стил

12 лоши навики кои прават да изгледате постаро!

Avatar

Објавено пред

на

Сите знаеме дека е невозможно да изгледаме младо цел живот, но затоа понекогаш можеме да го спречиме времето кое маршира низ нашето лице. Затоа, не дозволувајте овие 12 грешки кои ги правите секојдневно да го направат вашиот лик предвреме да изгледа постаро.

1. Немојте да сте премногу слаби

Големиот недостаток од масни наслаги на вашето лице, ќе направи тоа да изгледа коскесто, постаро, бледо и без живот.

2. Престанете да ги триете очите

Триењето, тегнењето и почестото допирање на очите предизвикуваат подочници и темни делови околу нив.

3. Спијте попладне

Кожата ја има таа способност да се обновува преку ноќ. Затоа, попладневната дремка секогаш одлично влијае и врз мозокот и врз кожата на лицето.

4. Не спијте само на една страна

Спиењето на страна можеби е удобно, но тоа и штети на кожата. Притискајќи го лицето на перницата осум часа во текот на ноќта, често предизвикува брчки.

5. Не пијте од цевка

Пиејќи од цевка (ова се однесува и на пушење цигари) ги притискате усните, што потоа доведува до брчки околу нив.

6. Не барајте секоја крема да е против брчки

На пазарот има многу производи со состојки против стареење, но тие најчесто не се застапени во доволен процент во кремата или млекото за чистење лице. Затоа, ваквите креми можат негативно да влијаат на лицето, бидејќи ја немаат потребната концентрација.

7. Без стрес

Коризол, главниот стрес хормон, го уништува колагенот, што пак доведува до бледа кожа, брчки и предизвикува воспалување.

8. Не се потпирајте на козметиката за сончање

Иако има козметики кои штитат од штетните ултравиолетови зраци, тие не ги блокираат зраците кога се судираат со кожата. УВ зраците предизвикуваат темни точки на лицето и ги зголемуваат порите.

9. Не се фокусирајте само на брчките

Брчките не се единствениот доказ дека кожата старее. Ако ги имате, не значи дека кожата ви е стара или дека сте почнале да стареете. Темните флеки на лицето и пигментацијата се уште еден знак за тоа каква е вашата кожа.

10.  Не ги занемарувајте вратот и рацете

Вратот и рацете многу ретко ги добиваат потребната нега и внимание. Со едно истражување во кое учествувале жени од различни возрасти, се покажало дека оние кои имаат брчки и темни флеки на рацете, се постари од оние кои имаат брчки на лицето.

11. Не ги заборавајте очилата за сонце

Повторливите движења како смеење, мижење и намуртеност влијаат долгорочно на лицето. Изложувањето на сонце го уништува колагенот на кожата околу очите.

12. Не користете сапун

Сапуните најчесто содржат тешки детергенти кои многу лошо влијаат на кожата. Сувата кожа е непривлечна и груба и на неа полесно се забележуваат брчките и сите нејзини недостатоци.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

ХроникаПред 2 часа

Дневен Хороскоп (30.03) понеделник #ОстаниДома #StopCovid19

ОВЕН Работа: Промените и важните случувања кои ги очекувате нема да стапат на сцена денеска, па важно е да бидете...

Здравје и убавинаПред 3 часа

Ова е најдобриот начин да го зачувате здравјето на својот мозок

Здравата исхрана може да има најголема улога во квалитетот на работата на организмот, што како последица на тоа е долг...

Временска прогнозаПред 7 часа

На зимата не и се оди, нова најава за снег во среда попладне и навечер

Метеорологот Славчо Попоски со најава за снег во среда. На зимата никако не и се заминува, очекувана снежна покривка во...

ГејмингПред 8 часа

Нашиот сервер во CS 1.6 ги доби и првите /top10 играчи, додека серверот е +4000 rank на GameTracker

Нашата мисија за останување дома и играње Counter Strike 1.6 е успешно реализирана и продолжува на наше огромно задоволство. Кичевчани...

МакедонијаПред 9 часа

До моментов 259 заболени лица од Корона вирус во Македонија

Бројката од 16 новозаболени од корона вирус што ја соопштив на конференцијата за печат треба да се зголеми за уште...

Без категоријаПред 12 часа

СВР Охрид: Изминатото деноноќие седум лица од Кичево не почитувале забрана за движење во полициски час

Безбедносната состојба на подрачјето на седум општини што ги покрива СВР Охрид е стабилна. Изминатово деноноќие, во периодот од 07.00...

ХороскопПред 1 ден

Денешен Хороскоп (29.03) недела

ОВЕН За сите личности родени во овој знак кои се занимаваат со приватен бизнис, денешниот ден значи можност за остварување...

Здравје и убавинаПред 1 ден

Ова е најмоќниот лек против воспаление на синусите

Овој лек од рен и оцет е навистина моќен во борбата против воспаленија на синуси и главоболките кои се задолжителен...

Без категоријаПред 1 ден

Донација на „АТВА Маркети“ во кичевската Општа Болница

Во време на вонредната состојбата со Коронавирусот каде во денешно време треба што повеќе да покажеме општествена одговорност према граѓаните,...

СветПред 2 дена

Од ноќеска летно сметање на времето, каде часовникот ќе се помести еден час напред

Летното сметање на времето ќе почне ноќеска-недела, на 29 март, во 2 часот наутро, со тоа што часовникот ќе се...

НАЈЧИТАНИ