Следете не

Македонија

Утре Крушево ќе го одбележи роденденот на Тоше Проески

Објавено пред

на

Со достоинство, почит и пригодна програма на 25 јануари Крушево ќе го одбележи роденденот на Тоше Проески, македонската и балканска музичка ѕвезда која трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа на 16 октомври 2007 година кај Нова Градишка, Хрватска. На 25 јануари Тоше Проески требаше да наполни 37 години.

По тој повод, локалната самоуправа на Крушево, во соработка со спомен куќата „Тодор Проески“, меѓународната фондацијата „Тоше Проески“ и со крушевското средно училиште „Наум Наумовски Борче“ на 25-ти јануари во Спомен куќата „Тодор Проески“ организира музичка манифестација.

Прво, во 11 часот и 15 минути (времето кога се родил Тоше 1981 година) ќе бидат положени свежи цвеќиња на гробното место на Тоше на Гумење во Крушево. Во 11,30 часот во спомен куќата “Тодор Проески“ со музичка манифестација ќе започне одбележувањето Ќе настапат: локалниот бенд „Кици и Пеце“, потоа хорот на средното училиште „Наум Наумовски Борче“ како и оперскиот пејач, сопранот Билјана Јосифов, придружувана од клавијатуристот Сашко Николовски.

На одбележувањето на денот на раѓањето на Тоше Проески свое обраќање ќе имаат градоначалникот на Крушево Томе Христоски и Елена Мирчевска, директор на спомен куќата „Тодор Проески“.

Според Мирчевска, веќе пристигнуваат фановите од Македонија и од целиот Балкан да го одбележат роденденот на Тоше и да потврдат дека големата македонска и балканска музичка ѕвезда живее со песните и во спомените на сите од овие простори.

Спомен куќата „Тодор Проески“ на Гумење во Крушево каде се преку 350 експонати поврзани со животот и музичката кариера на Тоше, досега ја посетиле околу 600 000 гости од земјава и странство.

Македонија

МВР: Граѓаните да не наседнуваат на измами

Објавено пред

на

Во изминатиот период во Министерството за внатрешни работи од страна на граѓаните пријавени се повеќе кривични дела „измама“, кои се извршени врз повозрасни лица. Сторителите ги доведуваат во заблуда лицата на тој начин што им се јавуваат телефонски и им се претставуваат како службени лица, најчесто полициски службеници, и од нив бараат финансиски средства за ослободување од кривичен прогон на нивни деца или внуци кои, наводно, непосредно пред јавувањето направиле сообраќајна несреќа со смртни последици. Измамниците ги контактираат жртвите најчесто на фиксен телефон, но има случаи каде што се контактирани и преку мобилен телефон со скриен број, а за да бидат поуверливи во позадина се слуша глас кој бара помош.

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека се преземаат мерки и активности за расчистување на досега пријавените кривични дела и воедно апелираме до граѓани да не наседнуваат на ваквиот вид на измами, а доколку бидат контактирани, веднаш да пријават во полиција.

Прочитај повеќе...

Македонија

Од ноќеска цената на сите нафтени деривати се намалува, ова е новата цена

Објавено пред

на

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-ЕV) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се намалуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 24.02.2025 година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 77,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 79,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 72,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 71,50 ден/лит.

Прочитај повеќе...

Македонија

Фрапантни податоци на сообраќајни прекршоци за месец февруари

Објавено пред

на

Во текот на минатиот месец (февруари 2025), како резултат на планските континуирани сообраќајни контроли низ патиштата во земјава, од сообраќај вкупно беа отстранети 2.059 возачи што управувале возила без возачка дозвола, 617 возачи кои возеле под дејство на алкохол, додека пак дури 7.473 возачи добиле прекршочни казни заради возење со поголема брзина од дозволената.

Од вкупниот број издадени платни налози, а тој за февруари месец изнесува 23.844, 1.508 платни налози се однесуваат на некористење сигурносен појас, 766 за користење на мобилен телефон при возење, а санкционирани се и 475 пешаци. Најголем број од прекршочните пријави се за неправилното паркирање 5.746 прекршоци.

Инаку, во рамки на засилените контроли за деновите од изминатиот викенд (01/02.03.), според статистичките показатели, полициските службеници во сите сектори за внатрешни работи при БЈБ на МВР изрекле вкупно 1.278 платни налози и притоа без возачка дозвола биле затекнати 126 возачи, а пак 144 возачи возеле под дејство на алкохол.

Исто така, евидентирани се и 238 прекршоци по основ на пребрзо возење, 79 лица не користеле сигурносен појас, 37 возачи користеле мобилен телефон, 14 минале на црвено светло, а прекршочно биле санкционирани и петмина пешаци, информира МВР.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Спорт13 часа

Новото раководство на ФФМ со плодна работа уште на старт, конечно стартува онлајн платформа за продажба на влезници за претстојните натпревари на репрезентацијата

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) официјално ја стави во употреба својата on-line платформа (eticket.ffm.mk) за продажба на влезници за натпреварите...

Магазин17 часа

Конечно потврдено: Samsung го открива датумот кога ќе пристигне стабилната верзија на One UI 7

Samsung официјално објави дека стабилната верзија на најновиот оперативен систем One UI 7 ќе биде достапна за корисниците од април...

Автомобили17 часа

Како да го спречите гадењето при возење?

Неколку остри кривини и многу патници во автомобилот – и еве ги првите симптоми на гадење, особено кај оние што...

Магазин17 часа

Едноставно решение за преполни iPhone: ослободете гигабајти без бришење фотографии и видеа

Ако вашиот iPhone постојано го испраќа непријатното известување „Storage Full“, не сте единствени. Фотографиите и видеата често заземаат премногу простор,...

Магазин17 часа

Pixel 10 добива необична функција за вештачка интелигенција: Pixel Sense е револуционерен асистент

Google наводно развива ексклузивна функционалност со вештачка интелигенција. Станува збор за паметен асистент наречен Pixel Sense за серијата телефони Pixel...

Гејминг17 часа

Steam поставува нов рекорд по бројот на онлајн гејмери

Најголемата платформа за компјутерски игри Steam не покажува знаци на забавување и постојано поставува нови рекорди. На почетокот на 2025...

Временска прогноза1 ден

Нашата територија ќе биде во температурна „аномалија“ во следните десеттина дена, ќе имаме голем пораст на дневните температури, невообичаено за месец март

Во следните десеттина дена територијата на целиот Балкан, вклучувајќи ја секако и Македонија, ќе ја зафати временска анималија. Што значи...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за среда (5 март)

ОВЕН Повеќето денови ќе бидете многу емотивни и склони кон промени во расположението. Исклучително е важно да се држите до...

Lifestyle1 ден

Со „Минт Травел (ЈК Травел)“ вашето совршено „Лето 2025“ на неверојатни 10 рати без Камата!

Замислете го ова: Сончеви плажи, кристално чисто море, вкусна храна и најдобри моменти со вашите најблиски. Сега, со МИНТ ТРАВЕЛ (ЈК...

Спорт1 ден

Македонија домаќин на квалификациски турнир во женски фудбал до 17 години за пласман на ЕП, првиот дуел нашите девојки го играат во четврток на тренинг центарот „Петар Милошевски“

Младата женска репрезентација на Македонија до 17 години во периодот од 3 до 12. март ќе биде домаќин на квалификацискиот...

НАЈЧИТАНИ