Македонија
УЈП со важна информација за граѓаните (ВИДЕО)
Пензионерите кои не оствариле друг доход освен пензија се ослободени од каква било обврска кон УЈП поврзана со годишната даночна пријава во периодот од 2018 до 2024 година, соопштуваат од Управата за јавни приходи.
Оттаму велат дека на ваков чекор се одлучиле поради укажувањата на потешкотиите со кои пензионерите се соочуваат при регистрацијата на електронскиот систем за е-персонален данок.
Поради тоа, како што соопшти директорката на УЈП, Сања Лукаревска, со новиот Закон за личен доход се предвидува во наредните 7 години да се одложи обврската за доставување годишна даночна пријава од страна на УЈП до граѓаните кои оствариле доход само од пензија исплатена од страна на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.
Македонија
Во водите на охридско езеро минувачи забележале неексплодирана бомба

На 21.02.2025 година во 11,05 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, случајни минувачи на кеј „Македонија“ во водите на Охридското езеро, забележале неексплодирана бомба.
Местото е обезбедено од полициски службеници а овластен претставник на Дирекција за заштита и спасување, безбедно ја подигнал по што е пренесена за натамошна постапка, информираше портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Македонија
Кај Демир Капија – Смоквица до крај на месец мај ќе има измена на сообраќај, односно целосно затворање на „Тунел Т2“

АМСМ издаде известување за работа на пат, кое гласи: На автопат А1, делница Демир Капија – Смоквица од 20.02.2025 г. до 31.05.2025 година, поради изведба на реконструкција на левата тунелска цевка на Тунел Т2 ќе има времена измена на сообраќајот.
Левата тунелска цевка на тунел Т2 е целосно затворена за сообраќај, а сообраќајот е целосно пренасочен во десната тунелска цевка со двонасочно одвивање на сообраќајот.
Македонија
Нова бензинска станица на ЛУКОИЛ во Гостивар, целосно модернизиран објект во населба Драчево

Реномираниот бренд Лукоил Македонија кој 20 години постои на пазарот, синоним за успех и квалитет, достигнувања во работењето и квалитетот на услугите, во рамки на денешниот ден ја отвори 40-тата бензинска станица во Гостивар, на барање на потрошувачите. Таа се наоѓа на ул. 101 бр.5, снабдена со најдобриот асортиман на производи во маркет, најдобрите ЕКТО еколошки горива, ТНГ автоплин и препознатливото највкусно кафе.
– Претходно, модернизирана беше и бензинската станица во населба Драчево, а во тек се реализации на повеќе бензински станици, на превој Стража и други.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за понеделник (24 февруари)
-
Здравје и убавина2 дена
Овој напиток го нормализира шеќерот во крвта, еве за што станува збор
-
Хороскоп20 часа
Хороскоп за вторник (25 февруари)
-
Спорт11 часа
Утре 1/4 финални натпревари во „Купот на Македонија“ во фудбал, кичевското трио правдата ќе ја делат на мечот „Детонит – Шкендија“
-
Временска прогноза1 ден
До петок стабилно време, викендот пред нас ќе има услови за повремен локален слаб дожд
-
Занимливости23 часа
НАСА објави ново откритие: Чудна спирална структура на работ на Сончевиот систем
-
Спорт1 ден
Билети за мечот Македонија – Лихтенштајн пуштени во продажба
-
Магазин8 часа
Microsoft Office конечно е бесплатен – но со неколку ограничувања