Скопје
Уникатниот „Скопје Сити Мол“ најавува мега попусти и промоции за своите посетители на пролет/лето колекциите

Долгото и топло лето направи Skopje City Mall да обезбеди уште пониски, односно навистина намалени ”жешки” цени на своите посетители. Овој период во Скопје Сити Мол започнуваат најголемите попусти и промоции кои продавниците ќе ги понудат на летните колекции.
„Летниот период е секогаш атрактивен за шопинг, затоа заедно со закупците се погриживме нашите посетители да уживаат во намалени цени, големи акции и промоции. Овие попусти се очекувани од јавноста кога се работи за пролет/лето колекциите. Попусти има во скоро сите продавници низ трговскиот центар, традиционално следејќи ги светските трендови во овој период започнаа последните најголеми намалувања на колекцииите. Затоа ги повикуваме сите посетители и љубители на шопингот во овие летни денови да не посетат и да уживаат во големиот избор кој им го нудиме.“ – изјавија од трговскиот центар.
Оваа акцијата е последна акција во која ќе можат да се купат производи од пролет/лето колекциите по пониски цени, а во неа учествуваат речиси сите продавници од трговскиот центар. Таа доаѓа паралелно со периодот кога речиси насекаде во светот започнува големата летна распродажба или ликвидација на парчиња по супер ниски цени.
Овие летни попусти се причината заради која купувачи не можат да го сокријат задоволството од големата понуда на различни производи по екстремно намалени цени.
Следејќи ги принципите на големите продажни акции во најпознатите трговски центри насекаде низ светот, Скопје Сити Мол за љубителите на шопинг, но и сите оние што со задоволство своето слободно време го поминуваат во трговскиот, овозможува чиста и безбедна средина.
Скопје Сити Мол комплетно се прилагоди на новите околности и во најголемиот затворен трговски центар во државата практично се функционира по правилата кои гарантираат безбедност, а вооедно беше и сертифициран од интернационалната организација ‘’Safe Shopping Centers’’ како безбедна дестинација која ги имплементира сите мерки на претпазливсот во својот објект.
Без турканици во чиста и дезинфецирана средина посетителите сведочат дека немаат проблем и се чуствуваат безбедно во Скопје Сити Мол.
При посета на трговскиот центар задолжително е носење на маска.
Уживајте во шопингот!
Скопје
(ВИДЕО) МВР: Санкциониран возачот кој управуваше возило по тротоар на Бит Пазар и ја загрози безбедноста на пешаците

На 31.03.2025 полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа и извршија службен разговор со Л.М. од Скопје, затоа што со патничко возило “ауди” со скопски регистарски таблички на 28.03.2025 се движел по тротоар и по зелена површина на бул. “Гоце Делчев” на Бит Пазар во Скопје и со тоа ја загрозил безбедноста на пешаците.
Снимка од настанот беше споделена и на социјалните мрежи. Против Л.М. се поднесени соодветни поднесоци.
Скопје
(ФОТО) Хуманитарен меѓународен натпревар во духот на заедништвото, солидарноста и љубовта за настраданите во Кочани!

Во Скопје пред два дена, односно во саботата 29-ти март во Спортскиот Центар Аеродром – ОУ „Блаже Коневски“ се одира хуманитарен меѓународен натпревар помеѓу екипите „ФК Бигорски – духовни чеда на Манастирот Св. Јован Бигорски“ и гостите од Р. Србија – поклоничко друштво „ПУТ НА СВЕТУ ГОРУ“.
Победник на натпреварот беше гостинската екипа „ПУТ НА СВЕТУ ГОРУ“.
Сите собрани средства од натпреварот ќе бидат наменети за семејствата на настраданите од несреќата во Кочани.
Преку нашиот медиум, екипата домаќин упатува голема благодарност до гостите од Србија, како и до сите учесници, публиката и сите хумани луѓе што помогнаа и донираа.
Галерија од настанот:
Скопје
И за утре најавен посебен сообраќаен режим во Скопје поради протест во централното градско подрачје

СВР Скопје ги известува граѓаните дека утре (29.03.2025) со почеток од 11.00 часот поради одржување на протест пред Собрание на РМ, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.
-
Хороскоп2 дена
Месечен Хороскоп (април)
-
Временска прогноза1 ден
Попоски: Влегуваме во период на температури во минус, студ и снег, невообичаено за месец април – ова се информациите
-
Хороскоп23 часа
Хороскоп за среда (2 април)
-
Македонија1 ден
МВР: Кривична пријава против 10 полициски службеници од Единицата за брзо распоредување за злоупотреба на службена положба и овластување
-
Македонија1 ден
Поскапуваат дизелот и бензинот, ова е новата цена од вечерва
-
Македонија1 ден
(ФОТО+ВИДЕО) Во Манастирот Рајчица одекна новиот „Благовесник“
-
Кичево1 час
Во сабота на кичевското „Китино Кале“ ќе се одржи забавна и едукативна сликарска сесија за деца и тинејџери, кои ќе истражуваат како ноќното небо ја инспирира уметноста низ историјата
-
Хроника11 часа
ОВР Крива Паланка приведе три лица, се сомничат за убиство на 84 годишен старец, најден закопан во близина на живеалиште